Нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во Непал


Непал – Непалските власти денеска соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник. Спасувачките тимови вчера користеа беспилотни летала за да се спуштат во длабокиот кањон во потрага по јагленосаните остатоци на „ АТР 72“ на авиокомпанијата „Јети […]

Четири лица повредени во сообраќајка во Тетово


Четири лица се повредени синоќа околу 20 часот во сообраќајна незгода помеѓу три возила на улицата „Илинденска“ во Тетово. -Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила:„бмв” со тетовски регистарски ознаки управувано од Е Б.(21) од тетовско Селце, „ауди” со скопски ознаки што го управувал Б.Л.(35) од Република Албанија и „бмв” со […]

„Косоока“ или „Дупла вотка“: Дарио и „Миг 21“ со мега-концерт на 17 февруари во Филхармонија


Дарио и „Миг 21“ се враќаат на голема врата на македонската поп-сцена со концерт на 17 февруари во Македонската филхармонија, а по повод 40 години континуирана успешна кариера. Влезниците сè веќе во продажба по цена од 1.200 и 1.500 денари. Организатор е „Авалон-продукција“. Последниот ваков мега-концерт Дарио го имаше во поранешната „Универзална сала“, кога навистина […]

Александар Прокопиев: „Танцот на шарените шамичиња“ ги поттикнува децата да не се откажуваат од своите соништа


Во присуство на многубројна публика од сите генерации, книжевници и новинари,  во топлиот амбиент на книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од познатиот писател и книжевник Александар Прокопиев. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации на Сања […]

Блинкен: Немав сознанија за никакви доверливи документи


САД – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека немал сознанија за никакви доверливи документи. Тој го изјави ова откако во центарот Пен Бајден беа откриени некои доверливи документи од времето кога актуелниот американски претседател Џо Бајден беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама. Блинкен беше генерален директор на Пен Бајден Центарот за дипломатија и […]

Сопругот на Ана Волш, внуката на генерал Љубичиќ, е официјално обвинет за нејзиното убиство


САД- Обвинителот Мајкл Морисеј денеска соопшти дека надлежните имаат причина да веруваат дека 47-годишниот Брајан Волш ја убил својата сопруга Ана Волш (39) , која по потекло е од Србија, објавија американските медиуми.   Случајот предизвика многу внимание во Србија, но и во САД, поради деталите од истрагата и бруталноста со која беше изведено убиството. Убиецот […]

На средбата со Бајден, холандскиот премиер го вети системот Патриот за Украина


Холандија – Холандскиот премиер Марк синоќа го извести американскиот претседател Џо Бајден дека Холандија ќе и го понуди на Украина ракетниот систем Патриот. Холандија ќе им се придружи на САД и Германија во испраќањето на системот за противракетна одбрана „Патриот“ во Украина, истакна Руте на средбата со Бајден во Белата куќа. – Мислам дека е важно […]

Почна судењето во отсуство на лидерката на белоруската опозиција Тихановскаја


Белорусија– Во Белорусија вчера почна судењето во отсуство на лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја, која живее во егзил. Тихановскаја и уште четворица обвинети, кои исто така се во бегство, се обвинети за заговор за неуставно преземање на власта и формирање екстремистичка група. Таа го опиша судењето како „фарса“. Таа на својот канал Телеграм напиша дека сè уште не е информирана за […]

Состојба на патиштата


  ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБА НА ПАТНИ ПРАВЦИ И ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ 06:00 часот СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег и магла со видливост до 50 метри има на Попова Шапка. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна […]

Магла со видливост до 50 метри на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег и магла со видливост до 50 метри има на Попова Шапка, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ […]

„Мими“ на Даријан Пејовски со три проекции во Кинотеката


Вториот игран филм на Даријан Пејовски, „Мими“ ќе биде прикажан во три проекции во јануарската програма на Кинотеката, вечер, на 20 и 21 јануари со почеток во 20 часот. „Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Таа работи во трафиката кај својот вујко […]

„Вибрантен сликопис“- изложба на цртежи на Владимир Величковски во МКЦ


Во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на цртежи на професорот Владимир Величковски, насловена „Вибрантен сликопис“. – Величковски самиот потенцира дека својата прва самостојна изложба на слики ја организирал токму пред 50 години во тогашните простории на Домот на младите „25 Maj“, што се совпаѓа со минатогодишниот јубилеј […]

Единаесетта меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2023“


По 11. пат денеска и утре ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2023“ со наслов „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“ во организација на Центарот за напредни истражувања. Годинава, конференцијата ќе се одржи со физичко присуство и онлајн преку платформата Зум. – Тематски фокус на оваа конференцијата […]

Амбасадорите на земјите од ЕУ, предводени од Гир, во посета на Охрид


Шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир и амбасадорите на земјите членки на ЕУ во земјава денеска ќе престојуваат во посета на Охрид. Фокусот на посетата, како што соопштија од Дегелацијата на ЕУ, ќе биде ставен на зачувување на уникатното природно и културно наследство на Охрид признато од УНЕСКО, заедно со […]

Променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе паѓа само на највисоките планински врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец со јачина од над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени. […]

Кисинџер поддржува пристап на Украина во НАТО


Швајцарија – Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер се заложи за проширена поддршка на Украина до постигнување прекин на огнот и нагласи дека го поддржува влезот на таа држава во НАТО. „Пред оваа војна бев против Украина да стане членка на НАТО затоа што се плашев дека тоа ќе го предизвика токму процесот што го […]

ЕБОР одобри 55 милиони евра заем за системот за управување со отпад во земјава


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) информираше дека одобрила 55 милиони евра заем за Северна Македонија за модернизација и проширување на системот за управување со отпад во земјата. – Ние сме среќни што ќе ја поддржиме модернизацијата на системот за управување со отпад на Северна Македонија со нашата прва инвестиција во овој сектор. Модернизирање […]

Официјална Софија се огради од Џамбаски – неговите провокации биле неприфатливи


  Неколку дена по инцидентот со провокативните и иредентистички изјави на европратеникот на бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски, во Скопје, Министерството за надворешни работи во Софија ги оквалификува тие изјави како „неприфатливи и контрапродуктивни“. Но во исто време ја нарече Мара Бунева (атентаорката на српскиот началник во Скопје“ како заедничка личност од заеднички настан. „Министерството за […]

Во ДУИ почнаа и со навреди – Бејта го нарече Груби „тенеќе“


  Работите во ДУИ изгледа полека излегуваат од контрола. Откако денеска никој од одметничката група не беше со лидерот Али Ахмети на прославата пред споменикот на Скендербег во Скопје, еден од „огнените“ го прошири нападот и врз спикерот на Собранието, Талат Џафери, а врз првиот вицепремиер, Артан Груби, упати груби навреди. Невзат Бејта, зборувајќи во […]

Уапсени четири лица во Москва кои полагале цвеќе на украински споменик


  Четири луѓе беа уапсени од московската полиција кога положија цвеќе покрај споменикот на украинската писателка Лесја Украинка.    Четири лица беа уапсени од московската полиција кога положија цвеќе покрај споменикот на украинската писателка Лесија Украинка. Вчера жителите на Москва почнаа да носат цвеќе на споменикот на Украинка, во спомен на жртвите од рускиот ракетен […]