Сопругот на Србинката која исчезна во САД обвинет за нејзиното убиство, ја фрлил во инсенератор


Брајан Волш е обвинет за убиството на неговата сопруга Ана Волш, која исчезна на 1 јануари 2023 година, пишуваат српските медиуми.

Тој треба да се појави пред судот во Квинс, Њујорк во среда за да се изјасни за обвиненијата.

На рочиштето минатата недела тој негираше дека е вмешан во исчезнувањето на неговата сопруга Ана, по потекло од Србија. Нејзиното тело сè уште не е пронајдено.

Според последните информации, тој е осомничен дека го распарчил нејзиното тело во подрумот.

Имено, како што пишува ЛАМаг, Брајан бил во домашен притвор и ја чекал пресудата поради обвинение за измама, а се сомнева дека токму во тој период, на новогодишната ноќ, ја убил сопругата Ана во подрумот од куќата, а потоа нејзините останки се фрлени во инсинератор.

Окружниот обвинител на округот Норфолк, Мајкл Морси, рече дека доказите во истрагата ги поддржуваат обвиненијата.

„На судењето најверојатно ќе бидат презентирани дополнителни детали во истрагата и докази кои ги поткрепуваат тие обвиненија, но засега нема да бидат обелоденети“, рече тој.

Телефонскиот сигнал на Брајан бил лоциран на две депонии и центар за рециклирање каде се користеле печки за согорување. Станува збор за Абингтон и Броктон, две предградија на јужниот брег на Масачусетс, во близина на имотот на семејството Волш.

„Има голема количина на физички докази собрани на различни локации, но малку е веројатно дека ќе биде пронајдено тело“, изјави висок полициски функционер за ЛАМаг.

Инспекторите тврдат дека тој не го пријавил исчезнувањето на неговата сопруга за да се исчистат доказите.

„Тој беше во куќата цело време, во петокот и во саботата, им помагаше на полициските инспектори, но истражителите велат дека Брајан Волш бил виден на надзорните камери како купува средства за чистење во вредност од 450 долари“, рече обвинителот.

Исто така, обвинителите рекоа дека Брајан Волш ја лажел полицијата, велејќи дека отишол да земе сладолед за својот син, кога всушност отишол во продавница за да купи средства за чистење во вредност од 450 долари.

Како што веќе е познато, оваа страшна приказна започнува на новогодишната ноќ кога Ана последен пат била видена жива, по што на нејзиниот сопруг и биле потребни три дена да ја пријави како исчезната.

Тоа го направил дури кога работодавецот на Ана го пријавил нејзиното исчезнување, откако таа не заминала на договорено службено патување.

Во меѓувреме, сопругот на Ана, Брајан, беше уапсен поради попречување на истрагата, а подоцна во нивниот дом во Кохасет беа пронајдени страшни докази како крвав нож.

Откриено е и дека по исчезнувањето на Ана, Брајан пребарувал на интернет „како да се ослободите од телото на жената“ и купил куп производи за чистење и дезинфекција за 450 долари во готовина во продавница.

Исчезнувањето на Ана Валша предизвика голем интерес во американската јавност, но и медиумите во регионот кои пишуваа и за нејзиниот дедо, поранешниот социјалистички моќник и Титовиот генерал, Никола Љубичиќ.

Ана и Брајан имаат три малолетни деца.