Руската амбасада го обвини Османи дека ја прифатил „пропагандата на Киев“


Бујар Османи за време на посетата на Киев

 

Уште речиси непочната годината на претседавањето на Македонија со ОБСЕ и по посетата на министерот Бујар Османи на Киев, стигнаа руските забелешки преку нивната амбасада во Скопје.

Во објавата на Телеграм од руската амбасада напишаа:

„Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, вчера во Украина шпекулираше за ‘жртви на руската агресија’, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев. Но, кога пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Донецк и Макеевка (во ДНР): има мртви, ранети сѐ уште беа под урнатините“.

Додека Османи беше во Киев на разговори со неговиот колега Кулеба и претседателот Зеленски, од станбената зграда во Днипро уште се извлекуваа загинати лица по рускиот напад со крстосувачка ракета. Билансот на загинати е 44, меѓу кои неколку деца.

За тоа руската амбасада бне споменува ништо но во објавата додава:

„Бујар Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници. ‘Се работи за луѓето’, велите?“