Продажбата на автомобили во ЕУ во 2022 година на најниско ниво


Белгија– Продажбата на нови автомобили во Европската Унија има пад во 2022 година, на најниско ниво од 1993., поради недостиг на делови што предизвика прекини во производството, објави здружението на производители АЦЕА. Во 26-те земји на ЕУ, без Малта, минатата година се регистрирани 9,26 милиони нови автомобили, што е најмалку од 1993. и покрај подобрувањето во […]

Ковачевски: За Македонскиот центар во Грција се води судска постапка, ќе го почекаме резултатот


Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека земјава ќе го причека исходот од судската постапка во Грција што се води во однос на Центарот за македонски јазик. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, пак, истакна дека за тоа не сака да зборува предвреме, но се надева, како што напомена, дека „нема да се случи она што се […]

Сѐ на децата, ништо на Доналд Трамп – што содржи тестаментот на Ивана Трамп?


САД- По смртта на бизнисменката, модна икона и прва сопруга на Доналд Трамп,  во јули 2022 година, имотот на Ивана Трамп од 34 милиони долари беше поделен на нејзините деца, пријатели и добротворни цели. Нејзиниот тестамент внимателно назначи сè што е вредно во нејзиниот живот: нејзиното куче, облека и имот од повеќе милиони долари, оставајќи ги  […]

Притвор за 24-годишен скопјанец кој силувал девојка


СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Б.(24) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „силување“. Имено, на 13.01.2023 во 20.45 часот пријавениот В.Б. со употреба на сила извршил обљуба врз 22 – годишна девојка од Скопје. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски […]

Адора апелира да бидеме хумани и во ова тешко време за бизнис и живот


Адора Бизнис Групацијата, и покрај исклучително тешката 2022 година и големите предизвици со кои се соочува модерното општество на мировен, макро, микро економски и општестен план, остана доследна на општествено одговорната, филантропска традиција и продолжи со поддршка на младите, образованието, спортот, културата и ранливите лица во годината зад нас. „Предводени од мотото дека вистинскиот успех […]

Мајли Сајрус откри дека се развела од Лијам Хемсворт затоа што имало „премногу конфликти“


САД – Уште од нивното разделување, обожавателите сакаа да ја дознаат вистинската причина зошто Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт се разведоа во 2019 година. Сајрус ги откри своите битки со трезвеноста, што доведе некои да се запрашаат дали злоупотребата на супстанции има некаква врска со крајот на нејзиниот брак. Четири години по нивниот развод, Сајрус […]

Кривична пријава против полициска службеничка на ГП „Богородица“ за примање поткуп


 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против С.А., полициска службеничка во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар […]

Објаснување на Путин: Русија ја почна „специјалната операција“ да „ја запре војната“


  Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија започна „специјална воена операција“ за да ги запре непријателствата што се водат во Украина од 2014 година. Тој ова го изјави на средбата со ветераните од Големата патриотска војна и жителите на опколениот Ленинград, на 18 јануари во Санкт Петербург. Видео со изјавата на Путин дистрибуираше агенцијата […]

Jавна расправа за еколошкото влијание од инсталирање постројка за струја во „Еуроникел индустри“


Јавна расправа за оцена на влијание врз животна средина, а во врска со проект „Инсталирање на постројка за производство на електрична енергија во „Еуроникел индустри““, се одржа денеска во Кавадарци, согласно Законот за животна средина. Со реализација на проектот, се предвидува производство на електрична енергија со помош на поставување монтажни единици за генерирање на електрична […]

И УСЈЕ се заканува со суд


Обвинувањата против нас се невистинити, ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината, порачаа денес со соопштение од оваа компанија, откако Град Скопје и поднесе на неа  кривична пријава поради прекумерно загадување.  „Цементарница УСЈЕ АД Скопје целосно ги отфрла неоснованите обвинувања, чија цел е дефокусирање на јавноста. За жал ваквиот однос не води кон решавање […]

Дипломиран детектив сега ќе го води МКЦ во Скопје


  Откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го смени в.д. директорот на МКЦ, Ванчо Богоев, се огласи Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар кој дава дополнителни детали околу оваа промена. Според колегиумот во целата игра повторно се појавува името на Арбен Шаќири. Членовите на колегиумот тврдат дека новиот в.д. директор, Никола Алексов, бил дипломиран детектив […]

ВМРО-ДПМНЕ сега во кавга со Алијансата


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, порача дека  согласно интересите лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, решил да биде спаринг партнер на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, а со лажење политика не се води. „Кога Алијанса ќе вети уставни измени без да го праша народот , тоа се вика лажење. Исто така, лажење е кога […]

Рон Џереми, обвинет за 34 сексуални напади, прогласен за ментално неспособен


САД– Порноѕвездата Рон Џереми е прогласен за ментално неспособен на судско рочиште, во процесот по вкупно 34 обвинененија за силување и сексуални злосторства извршени врз 21 жена во период од повеќе од 20 години. Рон Џереми (69) е во затвор од неговото апсење во јуни 2020 година, а според обвинителството, напаѓал жени на возраст од 15 до […]

ДКСК со иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски


Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) одлучи да достави иницијатива до Владата за утврдување одговорност на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со ненавремено донесено решение за забрана за вршење технички преглед на правното лице „Виа Комерц“, станица во која по утврдувањето на неправилностите, технички преглед бил извршен и на превозникот „Беса Транс“ […]

БЕСА го обвини Ахмети дека игра на националистичка карта


Движењето БЕСА го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека игра на националистичка карта.  -На јавноста веќе и се познати репризите на Али Ахмети и ДУИ. Во услови на криза во ДУИ, Ахмети и неговата партија се враќаат на националистичката реторика за да добијат гласови. Оваа реторика на Ахмети праќа вода во воденицата на Левица, […]

Туристите претпочитаат да патуваат во Франција и Шпанија


Повеќе од 500 милиони туристи ја посетуваат Европа секоја година, прашање е само кои земји ќе ги изберат. Компанијата GlobalData континуирано собира и анализира различни податоци со цел да создаде сеопфатен, валиден и детален извештај на глобално ниво, а сега открива кои две европски земји се борат за титулата најпосетувана светска дестинација. Франција често го […]

Американски стартап ги претвора старите турбини на ветар во многу цврст бетон


Турбините на ветар се одлични за производство на енергија, но стануваат проблематичен отпад кога веќе нема да се употребливи затоа што материјалот од кој се прават едноставно не се биоразградува добро. Таквите турбини имаат животен век од 20-25 години и откако ќе се фрлат, нивните масивни стаклени или карбонски сечила завршуваат на депонија, пишува Иновативност. […]

СЕТУ „Михајло Пупин“ добива специјализирани лаборатории за профилот електротехничар-енергетичар


Денеска во Средното училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“, почна проектот за изградба на специјализирани лаборатории за профилот Електротехничар – Енергетичар, за кое училиштето е добитник на грант од Regional Challenge Fund. На училиштето ќе се изгради и дополнителна фотоволтаична централа. СЕТУ „Михјло Пупин“ како носител на проектот во соработка со партнер компании од приватниот […]

Том Брејди со чанта на Луј Витон – тренд или порака?


САД- Том Брејди има нов моден додаток за кој јавноста (о)зборува.  Бекот на Тампа Беј Баканиерс, чиј тим беше исфрлен од плејофот на НФЛ во понеделникот вечерта, се упати на својот домашен стадион во Флорида пред натпреварот носејќи го моделот на чантата LVxYK Keepall 55 (3.650 долари) од најновата соработка на луксузната модна куќа со […]

МВР води постапка за градоначалникот во Крива Паланка, Ковачевски најави санкции


Министерството за внатрешни работи постапува и ќе изрече санкции во однос на инцидентот со градоначалникот на Крива Паланка и полицаецот, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција и додаде дека ќе бидат изречени санкции без притоа да се гледа дали учесникот во тој настан е на одредена позиција или не. Тој нагласи дека градоначалниците се […]