Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции


Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор. Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор […]

Вучиќ: Пред Србија тешка година, една од најтешките во поновата историја


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Давос изјави дека Србија се соочува со критична година, веројатно една од најтешките во модерната историја на политички и економски план. Тој за медиумите од Србија на Светскиот економски форум во Давос изјави дека од разговорот може да се види дека единственото нешто што сите ги интересира се санкциите […]

Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат


Националниот институт за јавно здравје на Косово ги повика граѓаните на Косово да носат маски во затворени простории и да се вакцинираат, по неодамнешното зголемување на случаите на инфекција со Ковид-19 во многу земји во светот. Во објава на Фејсбук, НИЈЗК наведува дека пандемијата сe уште не е завршена, додавајќи дека во многу земји во […]

Гори автомобил кај Зелен пазар (видео)


Автомобил гори на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, наспроти Црвен крст, во близина на Зелен пазар. Во автомобилот нема луѓе, а пламенот излегува од делот каде што се наоѓа моторот на возилото. Според информациите од терен се работи за автомобил со гостиварски регистарски таблички. Од МВР, пак, соопштија дека во 18.45 часот Г. Д. (28) […]

Трите ќерки на Лиза Мари Присли ќе го наследат Грејсленд


САД- Легендарниот Грејсленд во Мемфис, Тенеси, во кој живееше и почина Елвис Присли и втор најпосетуван дом во Америка, ќе остане во семејството Присли. По смртта на Лиза Мари Присли во четвртокот на 54 години, од срцев удар, имотот Грејсленд ќе го наследат нејзините ќерки од два брака – Рајли, Харпер и Финли, потврди за […]

Како сиромашната Бугарија тајно ја спаси Украина


  Минатата пролет, украинската армија имаше очајно недостаток на гориво и муниција од советски калибар што ѝ беа потребни за борба против Русите. Спасот дојде од неочекувано место: Бугарија. Благодарение на нејзината поделена домашна политика – и проруската наклонетост на поголемиот дел од нејзината елита – Софија се мачеше во текот на инвазијата да нагласи […]

Кој беше Денис Монастирски, министерот што ја загуби војната?


Околностите за хеликоптерската несреќа во која загина украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски се уште не се разјаснети, но загубата за државниот врв е голема, бидејќи тој го водеше еден од двата најважни ресори во државата. Кој е Монастирски, министерот кој беше доста цитиран во странските медиуми но никој немаше време да открива со […]

Марк Ангал ја наследи Ева Каили на местото потпретседател на ЕП


Франција – Европскиот парламент го избра луксембуршкиот социјалдемократ Марк Ангал за нов потпретседател, откако неговата претходничка Ева Каили беше уапсена и разрешена под обвинение за примање мито од Катар. Ангал, кој е член на Европскиот парламент од 2019 година, стана еден од 14-те потпретседатели на ЕП, а беше избран по два круга тајно гласање. Тој во првиот круг ја […]

Дигитализацијата на картотеките во Институтот за македонски јазик е патриотизам манифестиран со дела


Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска беше претставен целосно завршениот проект за дигитализација на сите картотеки, со што дигитализирани и трајно заштитени се пет милиони ливчиња, јазични записи грижливо и посветено собирани со децении на терен од вработените во Институтот, од бројни истражувачи, студенти и вљубеници во јазикот. Проектот се реализира во годината кога се одбележува 70 […]

Гутереш: На светот му се заканува ураган од петта категорија


Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“, изјави денеска во Давос генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Во своето обраќање пред светските лидери на Светскиот економски форум, генералниот секретар на ОН оцени дека „светот е во жална состојба“. „Нашиот свет е зафатен од совршена бура на повеќе фронтови“, рече тој. Меѓу главните закани […]

Гир: Слободата на медиумите да биде зачувана, новинарите точно да известуваат


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и камен темелник на демократијата. Гир, кој денеска заедно со амбасадори од други земји членки на ЕУ е во посета на Охрид, не сакаше да го коментира кратењето на буџетот на Медиумската информативна агенција (МИА), поради што се преземени […]

Меѓународен тим ќе го решава проблемот со влагата во црквата „Успение на пресвета Богородица“ на Трескавец


Прилепскиот завод и музеј оформи меѓународен тим за конечно решавање на најголемиот проблем- влагата и опасност за црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец. Проблемот со влагата мора да се решава и не треба да се одложува, вели директорот на музејот Горан Цветкоски. На Министерството за култура му се доставени два проекти, а стручните лица […]

Низ руското огледало


Рускиот претседател Владимир Путин долго време го сметаше распадот на Советскиот Сојуз како „геополитичка катастрофа“. Инвазијата на Украина, која сега се приближува кон својата една година, може да се смета како кулминација на неговата долгогодишна потрага да ја обнови советската империја. Иако овој обид речиси сигурно ќе пропадне, Путин може да успее да оживее една […]

Европските кралски семејства се простија од последниот крал на Грција (галерија)


Грција– Кралските членови од цела Европа се собраа во Атина во понеделникот (16-ти јануари) на погребот на поранешниот грчки крал Константин. Константин бил поврзан со многу кралски куќи – неговата сестра Силвија е поранешна шпанска кралица (што го прави вујко на сегашниот крал, кралот Фелипе), а неговите снаи се кралицата Маргрете, сегашната кралица на Данска […]

(Галерија) Засилен ветар во Скопје, градот чисто се гледа од Водно


Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм, во кој вели дека денес, особено во средината на денот ќе дува засилен ветер од јужен правец, наместа со брзина од над 70 км/час, а ќе биде најизразен вдолж Повардарието. Најавениот ветар, иако сѐ уште не со таа брзина го исчисти воздухот во главниот град. За тоа придонесоа […]

Андонов: В петок истекува рокот за пријавување за снабдување со субвенционирана електрична енергија од 1 февруари


Основните и средните училишта кои се уште се немаат пријавено на огласот за добивање на субвенционирана електрична енергија, тоа да го направат веднаш, порача денеска советникот за енергетика во Владата Виктор Андонов и  додаде дека рокот за пријавување за снабдување со субвенционирана електрична енергија од 1 февруари завршува во петок на 20 јануари. -Министерството за […]

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре по повод празникот Водици ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 8 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот […]

Битиќи: Глобализацијата не е закана од искоренување на идентитетот, туку шанса за соработка меѓу народите


Mораме да продолжиме да работиме за нашето едно општество во чија основа е токму тоа, искрена намера да го запознаеме и цениме другиот и да создадеме безбеден простор да е свој и да добие шанса каква што посакуваме и за себе, истакна денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир […]

Градоначалникот на Крива Паланка бил повикан во полиција


Во врска со пријавата од К.С. во ОВР Крива Паланка дека на 14-ти овој месец бил физички нападнат од С.М., преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и во полициска станица е извршен службен разговор со С.М., како и со сведок на настанот, информираат денеска од МВР. По целосно документирање на случајот, како […]

Петровска: Воената академија останува приоритет како суштински дел од одбранбениот систем


Развојот на Воената академија останува да биде еден од приоритетите на Министерството за одбрана зашто тука се создаваат идните лидери во Армијата на Република Северна Македонија. Академијата е суштински дел од одбранбениот систем на државата и затоа мораме да продолжиме заеднички да ја развиваме, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска при денешната посета на Воената […]