Архиепископот Стефан ќе го положи светиот крст во Вардар кај мостот „Слобода“


Поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан денеска околу пладне ќе го положи светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје по повод празникот Богојавление – Водици. Крстот во Вардар ќе се обидат да го фатат околу 130 верници. Од МПЦ-ОА – Скопска епархија за МИА информираа дека сите пријавени се полнолетни и се проверени на […]

За Водици автобусите со неделен возен ред, дежурни три билетарници


Јавниот превоз во Скопје денеска ќе функционира по неделен возен ред поради верскиот празник Богојавление – Водици.   Како што соопшти ЈСП „Скопје“, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.   Дежурни од 6 до […]

Посебен сообраќаен режим за Водици во Скопје


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска по повод празникот Водици ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 08:00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот […]

Православните верници го слават Богојавление-Водици


Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на […]

Облачно, релативно топло и пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 19 јануари 2023 година, 19-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 346 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 32 минути. Денов трае 9 часа и 34 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Тешка сообраќајна несреќа кај Рампа


Тешка сообраќајка се случика вечерва кај Стара рампа на влезот на Кисела Вода. Според видеото објавено од „Канал 5“, на местото на несреќата интервенираат екипите на МВР и Брзата помош. Предните делови и на двете возила се целосно смачкани, но засега нема информации дали има повредени или настрадани лица.

Ким Кардашијан штотуку го купи омиленото парче накит на леди Дајана


САД- Крстот Аталах, крст од аметист што го носеше и сакаше принцезата Дијана, продаден е за 163.800 фунти (197.453 долари) за време нааукцијата на Сотби на Ким Кардашијан. Според соопштението за медиумите од Сотби, четворица понудувачи се натпреварувале за парчето во последните пет минути од продажбата, но Кардашијан ги надминала сите. Легендарениот крст беше продаден […]

Електро тротинети за изнајмување се добри за чист воздух во градовите


Помагаат ли електричните тротинети и велосипеди, за емисијата на штетни материи во градовите да се намали? Познатиот институт Фраунхофер, на барање од американската компанија Lime, истражуваше дали електричните тротинети и велосипеди, што се нудат за краткотрајно изнајмување, навистина се делотворни во намалувањето на загаденоста во градското јадро, пишува Automedia. Иако услугата за краткотрајно изнајмување на […]

Клучен сојузник на Нетанјаху не може да биде министер, одлучи највисокиот суд во Израел


  Највисокиот суд на Израел во средата пресуди со 10 спрема 1 дека на Ариех Дери, лидер на партијата Шас и клучен сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, не треба да му биде дозволено да ја извршува функцијата министер во кабинетот поради пресудата во февруари 2022 година за даночна измама. Нетанјаху треба да го отстрани Дери […]

Илјадници медицински сестри повторно штрајкуваат во Велика Британија


По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација. Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот. Медицинските сестри бараат зголемување на платите […]

Зголемена трговската размена на Албанија со  Македонија


Албанија – Благодарение на олеснувањето на трговските процедури меѓу земјите од регионот, има зголемување на комерцијалната размена во областа на земјоделството и храната, јави АТА.   Според статистиката на албанското Министерство за земјоделство и рурален развој, во 2022 година, преку иницијативи и намалување на царините и други пречки, земјата успеала да го зголеми за 25 отсто […]

Министерството за правда предлага законски измени за т.н. затворски туризам


Управата за извршување санкции е составен дел на Министерството за правда, но таа има огромна автономија во своето постапување, истакна министерот за правда Никола Тупанчевски во гостувањето во „Топ тема“, на одговорноста за прашањето за т.н. затворски туризам и популарноста на затворот во Струга кај новоосудените лица.   -Оваа норма со адресата практично секаде во […]

Трамп побара официјално да се врати на Фејсбук


САД– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп официјално побара да се врати на Фејсбук, објавија денеска негови соработници. Скот Гаст, адвокатот на Трамп, упати писмо до основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Во него тој побара средба за да се разговара за брзото враќање на Трамп на социјалната мрежа. Во писмото, адвокатот ја повикува платформата да поттикне вистински […]

Тупанчевски: Може да се разрешат и други директори за бекството на Мемети


Министерот за правда Никола Тупанчевски вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Тв Телма не ја исклучи можноста истрагата […]

Општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај


Турција– Претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец пред датумот што го објави претходно. Анкетите покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе бидат неизвесни и ќе бидат најголемиот тест за поддршка на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во изминатите […]

Гир: Решавањето на проблемот со дивоградбите на „Галичица“ важно за зачувување на статусот на УНЕСКО


 Дивоградбите во Националниот парк „Галичица“ се многу важно прашање во контекст на зачувување на статусот заштитено подрачје во УНЕСКО, прашање кое навлегува во сржта на владеењето на правото, порача амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир. Одговрајќи на новинарски прашања во рамките на денешната посета на Охрид, евроамбасадорот, кој ја предводеше делегацијата со амбасадори на земји […]

ЕП ја повикува ЕК да отвори истрага за работата на комесарот Вархеи


 Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, која беше усвоена денеска на пленарна седница, содржи параграф со кој се повикува Европската комисија да започне „независна и непристрасна истрага“ за Оливер Вархеи, со цел да се утврди дали однесувањето на комесарот за проширување и соседска политика „го крши кодексот на […]

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија


 Корпорацијата Мајкрософт денеска објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто. „Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот […]

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари


Турската компанија „Бајкар“ планира да достави одреден број вооружени дронови во Кувајт, како дел од договор вреден 370 милиони долари, соопштија денеска претставници на компанијата. Меѓународната побарувачка за беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ на Бајкар се зголеми откако беа користени во конфликти во Сирија, Либија и Азербејџан, а интересот дополнително скокна откако украинската војска ги употреби […]