Европските кралски семејства се простија од последниот крал на Грција (галерија)


Грција– Кралските членови од цела Европа се собраа во Атина во понеделникот (16-ти јануари) на погребот на поранешниот грчки крал Константин.

Грчкото кралско семејство на погребот.- Од лево кон десно во првиот ред: кралицата Ана Марија, принцот Николаос, принцот Одисеј-Кимон, принцезата Теодора и принцот Филипос

Константин бил поврзан со многу кралски куќи – неговата сестра Силвија е поранешна шпанска кралица (што го прави вујко на сегашниот крал, кралот Фелипе), а неговите снаи се кралицата Маргрете, сегашната кралица на Данска и данската принцеза Бенедикт, која се омажи во Домот на Сајн-Витгенштајн-Берлебург. Покрај тоа, тој беше втор братучед со британскиот крал Чарлс и неговите браќа и сестри, и кум на наследникот принцот Вилијам.

Поранешната кралица на Грција Ана Мари и принцот Павлос

Константин Втори го живеел најголемиот дел од својот живот во странство, но се вратил во својата татковина во подоцнежните години.

Престолонаследничката, принцезтаа Мари-Шантал

Тој почина во болница во Атина минатата недела, на 82-годишна возраст.

Дури и на погреб, кралицата Летиција изгледаше гламурозно во црн фустан – капут, обетки со дијаманти и  брош со бисери и дијаманти брош „Joyas de Pasar“. Многу членови на кралското семејство носеа бисери, традиција на жалост што ја започна кралицата Викторија

Британската принцеза Ана и шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција беа меѓу присутните во катедралата Митрополит во центарот на Атина.

Кралицата Максима од Холандија носеше превез од тантела; таа беше единствената во црн превез на погребот

Илјадници луѓе претходно со часови чекаа во редици за да му оддадат последна почит.

Поранешната кралица на Грција Ана Мари со ѓерданот од свадбата со кралот Константин Втори

На 27 години, Константин бил крал само три години кога бил принуден на егзил во 1967 година со неговата сопруга принцезата Ана-Мари и неговото семејство.

Шведската кралица Силвија носеше и бисерни обетки и црна капа со широк обод

Тој беше длабоко непопуларен за неговата одлука да се заколне во воената хунта која ја презеде власта во април истата година. Тој накратко соработувал со нив пред да изврши неуспешен контра-пуч што доведе до негов егзил. Хунтата ја укина монархијата во 1973 година. Атина подоцна му го одзеде државјанството.

Принцезата Ана и Сер Тимоти Лоренс го претставуваа британското кралско семејство на погребот. Ана и Константин беа втори братучеди

Во емотивниот говор, неговиот син Павлос рече дека неговиот татко ќе живее во нивните умови и срца.

„За нас и за сите Грци, силата на земјата лежи во љубовта на грчкиот народ кон својата татковина. Ние како тебе драг татко, ние отсекогаш сме ја сакале Елада и нејзиниот народ. Безбедно патување“.

Поранешната царица Фарах Пахлави, која ретко се појавува во јавноста, допатува на погребот во Атина од Париз

Службата во понеделникот, со која служеше архиепископот на земјата, Иеронимос, беше приватна, што го одразува статусот на Константин како поранешен крал. (Ројтерс) 

Кралицата Маргрета носеше бисерен ѓердан на погребот на нејзиниот покоен девер
Во Атина беа и престолонаследникот и принцезата на Норвешка, Хакон и Мете-Марит
Со синот и снаата присуствуваше и поранешната холандската кралица Беатрикс
Шпанското кралско семејство, кралот Фелипе и кралицата Летиција, биле блиски со Константин – покојниот грчки крал му бил вујко на Фелипе
Шпанската кралица Софија беше сестра на Константин. – Со сопругот, поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос
Принцезата Бенедик, постарата сестра на кралицата Ана-Мари, пристигна на погребот на својот зет со нејзината ќерка принцезата Александра. И двете  носеа бисери


На погребот присуствуваа и кралот Филип и белгиската кралица Матилда
Лејди Габриела Виндзор го застапуваше нејзиниот братучед, принцот Вилијам, кој не можеше да дојде. Константин му бил кум и на принцот од Велс и на Лејди Габриела
На погребот присуствуваше и кралицата Нур од Јордан
Принцот Алберт од Монако дојде на погребот, без неговата сопруга, принцезата Шарлот
Големиот војвода Анри од Луксембург

Принцезата Сарват, сопругата на јорданскиот принц Хасан бин Талал

Во грчката престолнина отпатуваа и принцот Александар и принцезата Кетрин од Србија