Објаснување на Путин: Русија ја почна „специјалната операција“ да „ја запре војната“


 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија започна „специјална воена операција“ за да ги запре непријателствата што се водат во Украина од 2014 година. Тој ова го изјави на средбата со ветераните од Големата патриотска војна и жителите на опколениот Ленинград, на 18 јануари во Санкт Петербург. Видео со изјавата на Путин дистрибуираше агенцијата Тасс.

„Всушност, целосните воени операции во Донбас не престанаа од 2014 година, со употреба на тешка опрема, артилерија, тенкови и авиони. Сѐ се случи. Сè што правиме денес, вклучително и специјалната воена операција, е, како што повеќепати кажав, обид да се запре оваа војна. Тоа е поентата на нашата операција. И да ги заштитиме нашите луѓе кои живеат таму на овие територии“, рече Путин.

Според претседателот на Руската Федерација, Русија го смета Донбас за своја историска територија и „историски се помири“ со фактот дека по распадот на СССР тие преминале на Украина. Но, руските власти, според него, „не можеа, а да не реагираат на она што почна да се случува“ во Украина по Евромајданот во 2014 година и промената на власта, „кога почнаа, всушност, да ги истребуваат луѓето“ кои живеат на овие територии.

Владимир Путин додаде дека руските власти „издржале“ и „се обиделе да се договорат“ за да ја решат ситуацијата по мирен пат, но украинската страна, според него, ќе го префрли конфликтот „во акутна и жешка фаза“. „Не ни остана ништо друго освен она што го правиме сега“, рече Путин.