Надал е „ментално уништен“ по поразот на Австралија опен, и поради играта и од повредата

Носителот број 1 на турнирот се бореше со формата, за најпосле телото да го изневери и загуби од Американецот Мекдоналс со 5-4, 6-4, 7-5


Тешки денови за Рафаел Надал (Фото: Ројтерс)

 

Рафаел Надал се врати на Отвореното првенство на Австралија оваа година во средината на еден од најслабите периоди на форма во неговата кариера, додека беше во трка со времето за да најде доверба и чувство против ривалите решени да искористат ретка можност против ранливиот шампион.

И покрај неговите максимални напори да одговори на предизвикот, како што често го правеше во текот на неговата кариера, турнирот на Надал дојде до горчлив крај во средата попладне додека се бореше со својата игра пред да му подлегне на своето тело. Откако се здоби со повреда на колкот додека заостануваше во вториот сет, бранителот на титулата и првиот носител беше поразен со 6-4, 6-4, 7-5 од Американецот Мекензи Мекдоналд во второто коло.

„Не можам да кажам дека не сум ментално уништен во овој момент, бидејќи ќе лажам. Тешко ми е“, изјави Надал.

Надал пристигна во Мелбурн откако загуби шест од неговите претходни седум натпревари по поразот од Френсис Тиафо во четвртото коло на УС Опен и овој нов пораз го означува третиот пораз на 36-годишниот од четири натпревари во 2023 година. Тоа е и четвртиот пораз на Надал од американски играч во изминатите четири месеци, откако исто така загуби од Тиафо, Томи Пол и Тејлор Фриц на последните турнири.

За време на неговата победа во првото коло во четири сета над Џек Дрејпер, Надал беше далеку од најдоброто, со неговата игра сè уште преполна со неизнудени грешки дури и кога Дрејпер почна да страда од грчеви. Но, Надал се надеваше дека само чинот на победа е доволен чекор напред.

Наместо тоа, тој се врати во Арената „Род Лејвер“ со полоша игра. Додека Надал го отвори мечот со игра полна со грешки кога сервираше и уште рано се мачеше, Мекдоналд, светскиот број 65, беше одличен од самиот почеток. Тој влезе во мечот сервирајќи исклучително добро, зголемувајќи го притисокот со своето движење и постојано гледајќи да нападне со мазно, рано удирање топка. Мекдоналс (27) посвети големо внимание на нападот на форхендот на Надал и тој постојано го кршеше она што вообичаено е еден од најстрашните удари во играта.

Како против Дрејпер, Надал тешко се бореше да погоди низ теренот и постојано да ја пробива силната одбрана на Мекдоналд. Американецот, чиј претходен, порамен удар, беше далеку поефикасен во условите, направи брејк на сервисот при отворање на вториот сет. Но, иако заостануваше, Надал сè уште беше во борба и работеше на изнаоѓање решение за високото ниво на Мекдоналд.

Додека Надал заостануваше со сет и брејк на 3-4, тој тргна во дефанзивен форхенд и се повлече стискајќи го колкот. Од тој момент натаму, Надал повеќе не можеше да трча или течно да го погоди својот бекхенд и гледаше како сервисите летаат покрај него. Откако Мекдоналд го зачува сервисот за да поведе со 5-3, Надал зеде лекарски тајмаут надвор од теренот додека публиката во Арената „Род Лејвер“ замолкна.

Дури и додека како доаѓа поразот – а неговата сопруга Марија беше во солзи во публиката – Надал ја покажа својата ментална цврстина додека играше до крајот. Беше јасно дека нема реални шанси да освои три последователни сета во неговата состојба, но Надал го задржа својот сервис длабоко во третиот сет додека Мекдоналд конечно не го затвори храбриот, одличен настап со најголемата победа во неговата кариера.

„Не сакав да се повлечам, да бидам бранител на титулата овде. Не сакав да го напуштам теренот. Подобро е вака на крајот. Изгубив, нема што да кажам“, изјави Надал.

И покрај неговите неверојатни достигнувања во 2022 година, кога Надал ја освои титула на Австралија опен со освојувањето на својата 22-та гранслем титула на Отвореното првенство на Франција, рекорд на сите времиња кај мажите, тој продолжува да страда од постојан прилив на повреди.

Исто како што ја реши својата опасна по кариера повреда на стапалото со процедура по Отвореното тениско првенство на Франција, тој претрпе абдоминална повреда на Вимблдон што го прекина остатокот од неговата сезона. Откако пристигна на Австралија опен со надеж дека ќе ја обнови формата, сега мора да се опорави од новата повреда. Иако Надал тврдеше дека останува исклучително мотивиран да продолжи да работи кон враќање на својата врвна форма, тоа секако не е лесно.

„На крајот, треба да продолжите, нели? Понекогаш е фрустрирачки. Понекогаш е тешко да се прифати. Понекогаш се чувствувате супер уморни од сето ова околу повредите“, рече Надал, „Не можете да дојдете овде и да кажете, лажејќи, дека животот е фантастичен и да останете позитивни и да продолжите да се борите. Не сега. Утре започнува уште еден ден. Сега е тежок момент. Ова е тежок ден, и треба да го прифатите тоа и да продолжите“. (Гардијан)