(Во живо) Втор ден „Година на нови можности“


 Годишната конференција „Година на нови можности“ што ја организира Владата продолжува денеска со панел дискусија на тема „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“. На овој, прв панел, обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Транспаренси интернешнал: Македонија на 85-то место според индексот на корупција


Северна Македонија e рангирана на 85 место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на Транспаренси интернешенел. Во однос на лани земјава напредувалата за една позиција. Северна Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја. Од државите во регионот, најдобро […]

Дефинитивно оваа намирница го топи салото, задолжително јадете за доручек


Резултатите од истражувањето покажале дека конзумирањето на една храна наутро придонесува за слабеење. Ако сакате да изгубите тежина, знаете дека здравата исхрана е клучна за постигнување на вашата цел. Сепак, постојат намирници кои можат да бидат особено корисни за вас, а кои се одобрени од нутриционистите. Во Македонија јајцата се користат за човечка исхрана, печени, […]

Опсерваторија сними галактички вител


Галактички вител е снимен од камерата на опсерваторијата Мауна Кеа на Хаваите. Иако ова може да изгледа како галактички настан, тој е поврзан со лансирањето на нов сателит од страна на компанијата „SpaceX“, објавија претставници на Националната астрономска опсерваторија на Јапонија. SpaceX лансираше ракета за да постави сателит во средна орбита на Земјата.

Сојузот на средношколци бара решавање на проблемот со професори во Математичко-информатичката гимназија


Побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија бидејќи е апсурдно учениците од ова училиште да имаат по само еден до два часа дневно, реагира Сојузот на средношколци. Од таму велат дека непречениот образовен процес е уставно и законско право она секој ученик и државата истото мора да го почитува и запазува, како и дека […]

Љубомир Ќучуков: Бугарија сѐ уште ја гледа Македонија како територија


  Единствените кои најдоа храброст да се спротивстават на рутината на противењето околу спорот  на Бугарија со Македонија беа два фудбалски клуба од Софија и Скопје, изјави за софискиот весник„24 Часа“ директорот на Институтот за економија и меѓународни односи и поранешен кариерен дипломат во Бугарија, Љубомир Ќучуков. Во интервјуто тој посочува дека во Бугарија на […]

САД во мај ќе прогласат крај на пандемијата на Ковид-19


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе прогласи крај на здравствената криза предизвикана од Ковид-19 на 11 мај, три години откако САД воведоа строги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на болеста. Вонредната состојба и јавната здравствена криза во земјата поради пандемијата на коронавирус беше прогласена во 2020 година од администрацијата на претседателот Доналд Трамп […]

Саем за мебел од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“


Под мотото „Разбуди ја естетиката во себе“, од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржи Саемот за мебел. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди. Саемското претставување ќе трае 5 […]

Злоупотребата на личните податоци во текот на Ковид-19 Владата на САД ја чинеа 5,4 милијарди долари


Американската Влада најверојатно издвоила околу 5,4 милијарди американски долари помош за време на пандемијата со Ковид-19 на луѓе кои ја злоупотребиле индификациската картичка за здравствено осигурување, соопшти федералното набљудувачко тело.   Телото наречено Одбор за одговор на пандемијата соопшти дека идентификувало 69.323 сомнителни броеви за здравствено осигурување преку кои се исплатени 5,4 милијарди американски долари […]

Зошто младите тениски лавови не можат да го запрат Новак Ѓоковиќ?


  Набргу откако 35-годишниот Новак Ѓоковиќ го испрати во пораз уште еден значително помлад играч за да ја освои 22-та грен слем титула, неговиот тренер Горан Иванишевиќ беше прашан колку долго новиот шампион на Австралија опен може да остане на највисоко ниво. Одговорот веројатно испрати студ низ остатокот од АТП турнејата. „Дефинитивно уште две, три […]

Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, сака да остане на Флорида


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, што укажува дека можеби нема намера веднаш да се врати дома, каде што го чекаат одредени правни процедури, јавија денеска американските меидуми. Веста за поднесување на барањето за виза прв ја објави весникот „Фајненшл Тајмс“, цитирајќи го адвокатот на поранешниот бразилски претседател за имиграциски […]

Германка нашла двојничка на Инстаграм, ја убила за да ја лажира својата смрт


  Германка од ирачко потекло на возраст од 23 години на Инстаграм ншла двојчничка, односно девојка која неверојатно личела на неа, и со помош на пријател ја убила за да ја лажира сопствената смрт, веруваат истражителите во Баварија, пренесе Гардијан. Кога телото на младата жена прекриено со крв било пронајдено во паркиран „мерцедес“ во Инголштад […]

31 јануари во историјата – Германците ги почнаа општите напади со U-boot


  На 31 јануари 1917 година, Германија го објави неограниченото подморничко војување во Атлантикот и германските подморници вооружени со торпедо се подготвуваа да ги нападнат сите бродови, вклучително и цивилни патнички превозници, кои ќе ги забележеа во водите во воената зона. Кога избувна Првата светска војна во 1914 година, претседателот Вудро Вилсон вети неутралност за […]

Дончиќ го израмни рекордот на Леброн Џејмс


  Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ постигна 51 поен на натпреварот со Детроит пистонс одигран ноќеска на домашен терен. Словенецот по петти пат во кариерата постигна 50 или повеќе поени во еден натпревар. Тој стана третиот кошаркар во историјата на НБА кој го направил тоа во првите пет сезони во лигата. Рекордот за […]

Продолжува судењето за модуларната болница во Тетово


  Во Основниот суд во Тетово за денеска е закажано продолжението на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кога загинаа 14 луѓе. На 16 јануари годинава немаше рочиште и судењето беше одложено за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, економскиот директор на Клиничката болница Артан Етеми, кој имаше смртен случај. За продолжување […]

ММФ ги зголеми изгледите за глобалниот раст за годинава


  Меѓународниот монетарен фонд денеска малку ги зголеми изгледите за глобалниот раст во 2023 поради „изненадувачките отпорни“ побарувања во САД и Европа, пониските трошоци за енергија и повторното отворање на кинеската економија откако Пекинг ги ублажи строгите ограничувања за Ковид-19. ММФ соопшти дека глобалниот раст сепак ќе падне на 2,9 отсто годинава од 3,4 отсто […]

Франција и Италија купуваат 700 противвоздушни ракети од среден дострел


  Франција и Италија денеска потпишаа договор за купување на околу 700 противвоздушни ракети со среден дострел „Астер“ од конзорциумот „Еуросам“, соопшти француското Министерство за надворешни работи. „На 30 декември двете држави испратија договор до француско-италијанскиот конзорциум „Еуросам“ за производство на околу 700 ракети Астер“, се наведува во соопштението што го пренесе агенцијата Анадолија. Според […]

Русија и Белорусија почнаа воена вежба со обука на персонал за заедничката команда


  Русија и Белорусија започнаа еднонеделна вежба за обука на персоналот за заедничката команда на нивната регионална група на сили, соопшти денеска белоруското Министерство за одбрана. Обуката е дел од подготовките за заедничките вежби што двете земји ќе ги одржат во Русија во септември, се додава во соопштението на белоруското министерство. Од почетокот на руската […]

Трибина „Граѓанственоста денес: Француски и македонски предизвици“


  „Граѓанственоста денес: Француски и македонски предизвици“ е насловот на трибината што ќе се одржи денеска во Даут Пашин Амам во Скопје, а се организира по повод објавувањето на едицијата „Социологија на граѓанственоста – една француска триологија“, приредена и преведена од француски на македонски јазик од проф. д-р Ило Трајковски. Поздравно обраќање на трибината, како […]

Комисијата за следење на комуникациите ќе го разгледува Годишниот извештај за работењето на ОТА за 2022


  Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска ќе одржи седница на чиј дневен, меѓудругото, е и Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) за 2022 година. Комисијата ќе ги разгледува и Годишниот Финансиски план за 2023 година на ОТА за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските […]