Од ревијалниот натпревар собрани 1.370.000 денари за „СОС Детско село“


„Ви благодариме од срце! 460 деца и млади без родителска грижа растат во семејство благодарение на вас“ – пишува на врамениот дрес кој Ракометната федерација на Македонија го доби од организацијата „СОС Детско село“ по повод примо-предавањето на донацијата. Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на […]

Џенифер Лопез и Блејк Лавли во ист мини фустан на „Валентино“ – на која подобро ѝ стои?


САД– Џенифер Лопез и Блејк Лајвли се две од најмодерните жени во Холивуд и знаат како да доминираат на настан со еден добро избран фустан. Затоа, не е никакво изненадување што и двете посегнаа по истото блескаво мини, што го запира здивот, со некои стилски поразлични избори. Во саботата, Лопез (53) присуствуваше на прославата на […]

На пациент со Алцхајмер не му доделуваат нега од друго лице, му рекле можеш сам


Осумдесет и двегодишниот Добре Лазевски од Скопје, кому му е дијагностицирана деменција со Алцхајмер, како и Алцхајмерова болест во напредната фаза, не му е потребна нега и може сам да се грижи за себе. Ваква одлука донела Комисијата на јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје-Карпош, која му ја укинала помошта од 4.711 денари. […]

Против Алек Болдвин покренато обвинение за убиство од небрежност


САД – Обвинителството на Првиот судски округ на американската сојузна држава Ново Мексико денеска официјално ќе поднесе кривична пријава за убиство од небрежност против холивудскиот глумец Алек Болдвин, за пукањето на снимањето на филмот „’Рѓа“, во кое беше убиена снимателката Халина Хачинс. И лицето Хана Гутјерез – задолжена за оружјето на снимањето, официјално ќе биде обвинета за […]

Неделава студено, од четврток умерени врнежи претежно од снег


Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. В четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и в сабота ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, в петок и за […]

Протести во Франција поради најавената пензиска реформа


 Во Франција денеска повторно има  бран протести поради најавената пензиска реформа со која се предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а штрајкот што е во тек веќе влијае на производството на струја, јавниот превоз и наставата во училиштата. Синдикатите, кои закажаа протести низ целата земја, очекуваат голем одѕив, како […]

„Големата ноќ“на Батухан Ибрахим на копродукцискиот форум „When East Meets West“


Креативниот тим на краткиот филм во развој „Големата ноќ“, составен од режисерот Батухан Ибрахим, сценаристот Никола Кузелови, продуцентот Илија Тирицовски, успешно ја заврши етаблираната програма за развој на кратки играни филмови MIDPOINT Shorts на MIDPOINT Institute од Прага, Република Чешка, информираат од ОХО ПРОДУКЦИЈА. – Во периодот од 21 до 25 јануари, како дел од завршните активности […]

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно штета


Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ. Ефектите од Брегзит опфаќаат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг по повод утрешната трета […]

Ковачевски: Работиме да нема зголемување на цената на струјата


Премиерот Димитар Ковачевски на вториот ден од годишната конференција „Година на нови можности“ нагласи оти Владата работи на тоа да нема зголемување на цената на електрична енергија, а во некои сегменти, како што најави, може да има и намалување. – Претпоставувам во наредниот период, и работиме на тоа да нема зголемување на цената на електричната […]

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро


За еден сантиметар во споредба со вчера е зголемен водостојот на Преспанското Езеро со што нивото му е за 1,8 метри пониско од повеќегодишниот просек за јануари. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), понизок од просечниот и тоа за 11 сантиметри е и водостојот на Охридското Езеро кој е ист со […]

Морето исфрли угинат кит на брегот кај Њујорк


Откако 14 грбави китови (Megaptera novaeangliae), беа пронајдени угинати и насукани на источниот брег на САД од 1 декември 2022 година, сега уште еден се појави во Њујорк. Станува збор за грбав кит долг 7,6 метри. Ова е првиот насукан во оваа област последниве пет години, а и убедливо најголемата единка oд оние забележани подолго […]

Пакомак: Користењето на повратните вендинг машини носи придобивки за сите


Навиките на луѓето не се менуваат лесно, но доколку успееме да ги увериме дека навиките ги менуваме за доброто на сите, можеби поголем број од нив ќе решат да направат промена и да ги прифатат новите практики, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак. „Сега засега, главната причина зошто луѓето не ги […]

Во Рим пронајдена древна мермерна статуа на Херкул


При поправка на канализацијата под парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкул, која најверојатно датира од времето на Римската Империја (27 г. п.н.е. – 476 г. н.е.). „Ова место ни приреди големо изненадување – мермерна статуа во природна големина. Поради тојагата и наметката од лавовска кожа, знаеме дека станува збор за отелотворение […]

Највпечатливи модни моменти од Неделата на висока мода во Париз


Додека со нетрпение го очекуваме продолжението на месецот на модата и изненадувањата кои се нижат во колекциите подготвени за носење во Милано, Лондон, Њујорк и конечно повторно во Париз, се потсетивме на некои од најнезаборавните моменти од Неделата на висока мода. Линк до целиот текст тука

Стјуардеси ни откриваат кои осум работи во авионот се бесплатни: Од патниците ова ретко кој го знае


Персоналот во авионот објасни што може да добијат патниците бесплатно ако патуваат со авион. Туристичкиот портал „Travel and Leisure“ објави листа на работи кои можете да ги добиете бесплатно на поевтин лет, т.е. економска класа, за која веројатно не сте знаеле. Стјуардесите открија што можете да добиете бесплатно на лет, се што треба да направите […]

Саудијката Дина Абдулазиз – успешна модна приказна


САД– Саудиската принцеза Дина Аљухани Абдулазиз, не сакаjќи да ги следи строгите арапски правила на живот, успеала да си го изгради животот што го сака – да биде во светот на модата. Таа притоа одбила да носи хиџаб, а тоа „го правда“ со нејзиното „право на избор“, како што вели. Модната икона, која е среде петтото […]

Снежна лавина уби светски шампион во скијање


Во снежна лавина во Јапонија, на 32-годишна возраст, животот го загуби поранешниот светски шампион во халф-пајк скијање, Кајл Смејн. Смејн скијал на планината Хакуба Норикура во Јапонија каде што бил со уште тројца пријатели. Во еден момент почнала лавина која ги затрупала, а покрај Смејн загинал и уште еден негов пријател. „Беше навистина кошмаp. Aдам, […]

На Попова Шапка 74 сантиметри снег


Утрово е најстудено на Попова Шапка, -8 степени, а има и најмногу снег, 74 сантиметри. Како што соопшти УХМР, до 08:30 часот се измерени -6 степени во Берово, -5 во Маврови Анови, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Крушево, -3 во Тетово, -2 во Скопје – Петровец, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница и […]

Истражување: Безалкохолното пиво е корисно по физички вежби


САД– За многумина кои трчаат, возат велосипед и редовно посетуваат вежбалница, пиењето пиво и тренингот се речиси нераскинливо поврзани. Во полза на оваа несекојдневна навика, стручњаците велат дека безалкохолното пиво е многу подобар избор од обичното, па дури и полезно колку и обичните спортски пијалаци. Истражувањата покажуваат и дека физички активните луѓе можат да пијат поголеми […]

„Чудна случка со кучето во ноќта“ : Драмски театар гостува на фестивалот РУТА Група Триглав во Љубљана


Драмски театар со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ гостува утре, на 1 февруари, во Словенија. Во Љубљана од 31 јануари до 4 февруари во организација на Местно гледалишче Љубљана се одржува словенечкото издание на регионалниот театарски фестивал РУТА Група Тригла, информираат од Драмски театар Скопје. Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е […]