Снежна лавина уби светски шампион во скијање


Во снежна лавина во Јапонија, на 32-годишна возраст, животот го загуби поранешниот светски шампион во халф-пајк скијање, Кајл Смејн.

Смејн скијал на планината Хакуба Норикура во Јапонија каде што бил со уште тројца пријатели. Во еден момент почнала лавина која ги затрупала, а покрај Смејн загинал и уште еден негов пријател.

„Беше навистина кошмаp. Aдам, Кајл и уште еден негов пријател се обидоа да избегаат. Адам 25 минути помина закопан во длабочина од еден ипол метри. Вистинско чудо е како успеа да се спаси и да преживее. Кајл за жал немаше таква среќа, лавината прво го отфрлила 50-тина метри во воздух, па потоа го затрупала.

Имаше и доктори во близина, но не можеа ништо да направат. Јас и Адам ова ќе го паметиме до крајот на животот, не знам како ќе живееме со тие слики во главата“, изјави фотографот Гранд Гундерсон кој бил таму да го снима Смејн.