Присила Присли по судски пат ќе го оспори тестаментот на нејзината ќерка Лиза Мари


САД- Присила Присли, вдовицата на легендата на рокенролот Елвис Присли, поднесе правно барање да ја оспори валидноста на тестаментот на нивната покојна ќерка, објави Би-би-си. Лиза Мари Присли, единственото дете на двојката, почина на 12 јануари на 54-годишна возраст од срцев удар. Со поднесокот до судот се оспорува дополнувањето на тестаментот на Лиза Мари од […]

Швајцарија дава 6 милиони швајцарски франци за спроведување на кампањата „Учи паметно, работи стручно“


Промоцијата и подигнувањето на квалитетот на средното стручно образование во државава преку унапредување и проширување на концептот на учење преку работа во компании, ќе биде во фокусот на работата на Министерството за образование и наука во следните неколку месеци, а поддршка за постигнување на поставените цели е обезбедена од Владата на Швајцарската конфедерација. По овој […]

Во Словенија историски најниско нивото на индексот на перцепција на корупцијата


Во Словенија минатата година повторно се намали индексот на перцепција на корупцијата и достигна историски ниско ниво, соопшти невладината меѓународна организација „Транспаренси интернешнeл“.   Како што пренесува словенечката агенција СТА, Словенија лани падна за еден поен и со 56 поени се изедначи со Италија, Грузија и Чешка.   „Наодите од овогодинешниот индекс на перцепција на […]

Шаќири: И лани подоцна им се продолжувале договорите на наставниците од МИГ


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува до задутре да почне наставата по неколку стручни предмети во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) откако ќе се добијат согласности од Министерството за финансии за продолжување на договорите на дело на професорите, кои се истечени на 31 декември. -Во гимназијата имаат настава, но не по сите предмети. Денес се […]

Слаб снег во Маврово, на планинскиот премин Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово, а на планинскиот премин Ѓавато има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“, но тие во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ. Оттаму посочуваат […]

Бајден одлучува дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен


САД- Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ годинава би можел да игра на УС Опен по последните одлуки на американските власти. Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека на 11 мај ќе ја прекине вонредната состојба прогласена во 2020 година поради епидемијата на корона вирусот. Укинувањето на вонредната состојба би значело и укинување на […]

Светот не е спремен за нови пандемии


Светот е „опасно неподготвен“ за идни пандемии по Ковид- 19 кој се појави пред три години и уби повеќе од 6 милиони луѓе ширум светот, предупреди Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) во остриот нов извештај. Организацијата за хуманитарна помош изјави дека „многу земји“ не се подготвени заКовид-19 и дека „сите земји […]

Тројца каснати од бездомни кучиња


Во текот на вчерашниот ден, тројца од Скопје, Гостивар и Тетово пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња. Така, во 9.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Г.(64) од Скопје пријавила дека на ул.„16 Македонска Бригада“ била касната од куче скитник. Истиот ден, во 8.50 часот во СВР Тетово, А.Р.(61) од Тетово пријавила дека на […]

САД нема да ѝ дадат борбени Ф-16 авиони на Украина


Американскиот претседател Џо Бајден отфрла доставување на авиони Ф-16 на Украина. На новинарско прашање во Вашингтон: „Дали САД ќе ѝ стават на Украина на располагање Ф-16?“, Бајден одговори кратко: „Не“. Откако минатата недела доби ветување за испорака на тенкови, украинското раководство врши притисокврз западните сојузници за испорака на борбени авиони. Тоа Бајден сега го отфрла и […]

Адам Левин и Бехати Принсло го добија третото дете


САД– Фронтменот на Maroon 5, Адам Левин и неговата сопруга, модел на Victoria’s Secre, t Бехати Принсло го добија своето трето дете, потврдија извори за People. Музичарот и поранешната манекенка се родители на две ќерки, четиригодишната Џио Грејс и шестгодишната Дасти Роуз, а се уште не го откриле полот и името на нивното трето бебе. […]

Ковачевски не открива колку ќе бројат бугарските „гости“ на 4 февруари


Министерството за внатрешни работи има план за обезбедување на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а во однос на тоа кој влегува во државата МВР се придржува до Законот за странци, каде постои одредба според која граѓанин на друга држава што претставува опасност може да не биде пуштен да влезе во државава, изјави […]

Османи од Брисел: ОБСЕ и НАТО треба да ја одиграат својата улога во поддршката на Украина


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел имаше обраќање пред Северноатлантскиот совет на НАТО, каде ја претстави Програмата на Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ во 2023 година.  Како што информира МНР, пред Советот, со кој претседаваше заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана, Османи ја истакна важноста на […]

„Ер Србија“ ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни


Српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ од јуни годинава ќе ги обнови летовите меѓу Белград и Охрид, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, по најавата на авиокомпанијата за повторното воведување на оваа авио-конекција. Охрид ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, […]

Анџелина Џоли во Париз – до врвен стил со едноставни парчиња


Франција- Анџелина Џоли изгледаше неверојатно шик додека се шеташе низ центарот на Париз. Актерката го посетила бутикот Guerlain на Шанзелизе во главниот град на Франција, а при таа посета не останала незабележана. Како вистинска Парижанка, актерката беше елегантна со само неколку чудесни парчиња. Долг црн капут, прицврстен само со едно копче, извонредно кроен со морнарски […]

Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски


Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз во Скопје или во кој било друг град во државата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“ што се одржува втор ден во Скопје. Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу ситуацијата со приватните превозници и Град Скопје, рече дека се работи […]

Во декември зголемена просечната каматна стапка на кредитите во корпоративниот сектор


Просечната каматна стапка на вкупните кредити лани во декември изнесува 4,44 отсто и  оствари месечно зголемување од 0,03 процентни поени (п.п) и годишно од 0,07 п.п.. При тоа просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 отсто и бележи раст на месечна основа од 0,09 п.п. и на годишна од 0,12 п.п., информира Народната банка […]

Вечерва ИК на СДСМ ќе решава за вклучувањето на Алијансата во Владата


Премиерот Димитар Ковачевски денеска по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“, одговарајќи на новинарско прашање околу денешната средба со претседателот на Алијанса за Албанците Таравари информира дека ќе разговараат за политичките и програмските определби за идна можна соработка. На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење […]

„Катаргејт”: ЕП може да го укине имунитетот на двајца европратеници 


Белгија– Европскиот парламент се очекува во четврток да гласа за барањето на белгиските власти за укинување на имунитетот на европратениците Марк Тарабела (Белгија) и Андреа Коцолино (Италија), кои наводно се поврзани со случајот што стана познат како „Катаргејт“. Комитетот на ЕП што ги оценуваше барањата за одземање на имунитетот, денеска, на затворена седница, едногласно го поддржа […]

Бред Пит спои еден од најкул часовниците на Vacheron Constantin со џемпер и фармерки


САД– На Бред Пит не му треба изговор – како, да речеме, гала настан – за да покаже блескав часовник. Неодамнешната фотографија објавена на Инстаграм покажува дека ѕвездата од „Вавилон“ носи едно од повпечатливите хоролошки модели од минатата година, Vacheron Constantin Historiques 222. Часовникот е во понова верзија и од жолто злато од 18 карати, […]

Унгарија е најкорумпирана земја во ЕУ


Според последниот извештај на Транспаренси Интернешнл, Унгарија е земја со најмногу корупција во јавниот сектор во целата Европска унија.Со оценки кои се движат од 42 до 46 од 100, Унгарија, Бугарија и Романија се далеку зад скандинавското трио на ЕУ, при што Данска е најдобро рангирана во класата (90), проследена со Финска (87) и Шведска […]