Тројца каснати од бездомни кучиња


Улично куче - илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Во текот на вчерашниот ден, тројца од Скопје, Гостивар и Тетово пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња.

Така, во 9.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Г.(64) од Скопје пријавила дека на ул.„16 Македонска Бригада“ била касната од куче скитник.

Истиот ден, во 8.50 часот во СВР Тетово, А.Р.(61) од Тетово пријавила дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово била касната од куче скитник.

Во 16 часот пак, во СВР Тетово – Полициска станица Гостивар, Х.К.(41) од гостиварско Врапчиште пријавил дека во селото неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.