Светот не е спремен за нови пандемии


Светот е „опасно неподготвен“ за идни пандемии по Ковид- 19 кој се појави пред три години и уби повеќе од 6 милиони луѓе ширум светот, предупреди Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) во остриот нов извештај.

Организацијата за хуманитарна помош изјави дека „многу земји“ не се подготвени заКовид-19 и дека „сите земји остануваат опасно неподготвени за идни епидемии“. IFRC рече дека земјите „мора да почнат да се подготвуваат сега, бидејќи нашиот свет станува поопасен“, со можни нови пандемии и катастрофи поврзани со климата.

„Пандемијата на Ковид-19 треба да биде повик за будење за глобалната заедница да се подготви сега за следната здравствена криза“, изјави генералниот секретар на IFRC, Јаган Чапагаин, за Science Alert.

Чапагаин додаде:

„Нашите препораки до светските лидери се насочени кон градење доверба, борба против нееднаквоста и истакнување на локалните актери и заедници да вршат работа што спасува животи. Следната пандемија би можела да биде зад аголот, доколку искуството од Ковид-19 не ги забрза нашите чекори кон подготвеност“.

Повеќе од 6,8 милиони починале од Ковид-19 ширум светот од почетокот на пандемијата на почетокот на 2020 година, според најновите податоци собрани од Универзитетот Џон Хопкинс. Тоа е повеќе смртни случаи отколку предизвикани од кој било земјотрес, суша или ураган во запишаната историја.

Плановите за подготвеност за пандемија, се вели во извештајот, „треба да содржат конкретни мерки за зајакнување на еднаквоста, довербата и локалната акција“. До 2024 година, според извештајот, сите земји треба да усвојат нов договор и ревидирани меѓународни здравствени регулативи.

Извештајот, исто така, препорачува земјите да го зголемат домашното здравствено финансирање за 1 процент од бруто домашниот производ и глобалното здравствено финансирање за најмалку 15 милијарди американски долари годишно до 2025 година.

„Иако Ковид-19 беше нов вирус кој претстави нови предизвици, има безброј заеднички мерки и пристапи кои можеа да ги ублажат влијанијата на пандемијата“, рече Чапагејн во извештајот.

Според него, земјите ширум светот мора да ги имплементираат во своите стратегии сите грешки што се случија за време на короната и да не ги повторуваат.