Бајден одлучува дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен


САД- Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ годинава би можел да игра на УС Опен по последните одлуки на американските власти.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека на 11 мај ќе ја прекине вонредната состојба прогласена во 2020 година поради епидемијата на корона вирусот.

Укинувањето на вонредната состојба би значело и укинување на задолжителната вакцинација за секој што сака да влезе во САД. Доколку се потврди датумот за откажување, Ѓоковиќ би можел да учествува на последниот Грен слем во сезоната.

Во неделата Ѓоковиќ ја освои 10-та титула на Австралија опен, откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови.