Бајден: САД нема да испраќаат борбени авиони Ф-16 во Украина


  Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон нема да испраќаат борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесуваат британските медиуми. Западните медиуми минатата недела соопштија дека група воени претставници „во тишина“ го наговараат Пентагон да испрати авиони Ф-16 во Киев. За ова прашање францускиот претседател Емануел Макрон, синоќа не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени […]

Продолжува комисиската расправа за предлогот јавниот обвинител Јовески да биде уставен судија


  Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да продолжи дебатата предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Според информациите од Собранието, останати за збор се уште дваесетина пратеници, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двајца од предложените Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои го поминаа комисискиот филтер, станаа уставни […]

Втор ден конференција „Година на нови можности“


  Годишната конференција „Година на нови можности“ што ја организира Владата продолжува денеска со панел дискусија на тема „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“. На овој, прв панел, обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, како и министерот за економија Крешник Бектеши. На вториот панел со наслов „Надворешна, […]

Времето денеска променливо облачно со слаби врнежи од снег


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, а локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо […]

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во пакистанската џамија достигна 89


Бројот на загинати во бомбашкиот напад во џамија, чија цел беше полицијата во пакистанскиот град Пешавар, се зголеми на 89, соопштија денеска официјални лица. – Најмалку 89 луѓе ги загубија животите, изјави за ДПА Ајаз Кан, портпарол на локалната полиција. Околу 221 лице се ранети во самоубиствениот бомбашки напад што се случи вчера во преполната […]

Вашингтон ги повика Софија и Скопје да ја деескалираат реториката и да ги решат билатералните спорови


  САД ги повикуваат Бугарија и Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови. Ова за Гласот на Америка го соопштиле од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје. – Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД […]

Промовирана монографијата „Кодот на Преспа“, приказна за „загубениот пат“ на Борјан Јовановски


  Соживотот, побратимството и заемното почитување помеѓу населението во Преспа е главната тема во најновата монографија „Кодот на Преспа“, приказна за „загубениот пат“ во која авторот Борјан Јовановски ги пренесува приказните на неколку семејства, побратимени со генерации. Јовановски на денешната промоција на монографијата којашто се одржа во Скопје, ги сподели искуствата со кои се соочил […]

Руте: Франција и Холандија се договорија за начините како ЕУ да се спротивстави на американскиот закон за намалување на инфлацијата


  Франција и Холандија се на иста позиција кога станува збор за начините за дејствување на Европската унија во случај на несакани последици од Законот за намалување на инфлацијата, кој стапи на сила во САД, изјави премиерот на Холандија, Марк Руте, по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон. „Се договоривме прво внимателно да испитаме […]

Маричиќ: Вредна е за разгледување идејата за брз влез во ЕУ со замрзнато право на вето


  Постојат идеи кои се презентирани од некои организации, аналитичари и тинк-тенкови особено од Париз и Виена. Има поединци кои ја промовираат идејата да се даде поскорешен датум за членство на државите од Западен Балкан, но со одредени нетипични дерогации. Одредени права да им бидат замрзнати првите пет или 10 години, како правото на вето […]

Потпишан финалниот договор тежок две милијарди евра за изградба на пристаништето во Драч


  Најголемото албанско пристаниште Драч е подготвено да го започне процесот на изградба откако попладнево Владата и компанијата „Игл Реал Естејт Девелопмент“ го потпишаа конечниот договор со кој се завршени сите законски процедури, јави Топ чанел. Вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку рече дека ова е најголемиот проект во албанската економија со инвестиција од […]

Тројца повредени, еден потешко, во напад со нож во Брисел


  Три лица се повредени, од кои едно потешко, во напад со нож денеска во Брисел на метро станица во близина на европските институции, соопшти белгиската полиција. Нападот бил извршен на метро станицата „Шуман“, а соработката на неколку полициски служби овозможила брзо апсење на напаѓачот, објави на Твитер градоначалникот Филип Клосе.   Првично беше објавено […]

Пет совети како да ја забрзате работата на Windows OS на вашиот компјутер


Како што вашиот компјутер старее, а софтверот и апликациите имаат сè поголеми бнарања, во одреден момент ќе наидете на забавување на перформансите на конфигурацијата. Кога тоа ќе се случи, применете ги советите што ги споделуваме со вас. Компјутерот што почнува да „поткашлува“ во работењето е показател дека можеби треба да го надградите со некои освежени […]

Бугарскиот амбасадор се враќа во Скопје


  Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Северна Македонија во полн капацитет, откако минатата среда беше повлечен во Софија, потврдија од Министерството за надворешни работи за МИА. По седницата на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент на 25 јануари, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија […]

Украинската влада им забрани на функционерите да одат на одмор во странство за време на руската инвазија


Украинската влада им забрани на своите високи функционери и пратеници, вклучително и жени, да одат на одмор во странство за време на руската инвазија, поради неодамнешните скандали со украински функционери. „Одлуката на украинската влада веќе стапи на сила“, изјави портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко, додавајќи дека службениците можат да заминат во странство како […]

Резников: Украина ќе инвестира 550 милиони долари во беспилотни летала


Украинската армија ќе потроши речиси 550 милиони долари за беспилотни летала во 2023 година и за таа цел има потпишано 16 договори со локални производители, изјави министерот за одбрана Олексеј Резников. „Оваа година ќе ги зголемиме набавките на беспилотни летала за вооружените сили на Украина. За таа цел имаме намера да издвоиме околу 20 милијарди […]

Кучиња скитници каснале три лица во Скопје


Вчера биле пријавени три случаи на каснувања од улични кучиња на различни локации во Скопје. Најпрво во 11.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.С.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„474“ била касната од куче скитник. Потоа во 15.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Т.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Езерци“ неговиот малолетен син бил […]

Четири малолетници нападнати со стаклени предмети во Драчево


Синоќа на подрачјето на Драчево се случила физичка пресметка меѓу осум лица. – На 28.01.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Драчево, четири малолетници биле физички нападнати од А.Б., А.Л., С.Л. и уште едно лице, кои употребиле и стаклени предмети, информира МВР. Се работи на расчистување […]

Бројот загинати во бомбашкиот напад во Пешевар достигна 44, голем број од ранетите во критична состојба


Бројот на загинатите во денешниот бомбашки напад врз џамија во полициски комплекс во пакистанскиот град Пешавар се искачи на најмалку 44, соопштија официјални лица, додавајќи дека повеќе од 150 луѓе се ранети. Нападот што е еден од најсмртоносните против пакистанските безбедносни сили последните години, го изврши бомбаш-самоубиец, при што од детонацијата на експлозивот се урнал […]

Грчки воен авион се урна во Јонското Море, се трага по пилотите


Грчки спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион „Ф-4“ кој се урна во Јонското Море кај западна Грција, јави државната телевизија. Авионот, кој бил на тренинг лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот Андравида на полуостровот Пелопонез. Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од леталото, но властите не […]

Дознаките на албанските иселеници минатата година 1,1 милијарда евра или 10 отсто од БДП


Албанските иселеници редовно им испраќаат пари на своите семејства во Албанија, кои минатата година достигнале 1,1 милијарда евра.   Тие сочинуваат 10 отсто од бруто домашниот производ(БДП) или колку што изнесуваат директните странски  инвестиции.   Италија е главниот извор на емигрантски дознаки во Албанија, земјата од која доаѓаат околу 25 отсто од парите, а потоа […]