Османи ќе ги покани бугарските здруженија на разговор


 Ние ја охрабруваме бугарската заедница да се обедини во клубови, да отвори што повеќе клубови, меѓутоа не треба да ги повредуваат чувствата на останатите граѓани. Очигледно имињата кои беа избрани, без разлика на нивното научно толкување, се провокација за мнозинството и тоа е доволно. Ако мнозинството Македонци се чувствуваат навредени од тоа, треба да ја […]

Ѓоковиќ го прегази „домаќинот“ Де Минор за четвртфинале на Австралија Опен


  Австралија- Новак Ѓоковиќ се мачеше со повред на претходните два меча на Аустралијан Опен, но денеска изгледаше како играч кој нема никакви физички потешкотии, нешто што и самиот го потврди при давањето интервју на теренот. Српскиот тенисер се очекуваше да води тесна битка со расположениот и разигран Алекс Де Минор, но домашниот миленик на […]

(Видео) Ковачевски и Николовски по посетата на „Метро“


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на АФПЗРР Никица Бачовски се во посет на компанијата Метро, лоцирана во индустриската зона Ќојлија. Проследете ги изјавите:

Член на мешовитата комисија со Бугарија ги нарече аргументите на Османи „неофашизам“


  Посетата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на Бугарија е со цел да се затапе бугарската реакција на тепањето, за да не стане крајно остра пред меѓународната заедница. Ова на ТВ Нова го изјави професорот Спас Ташев од Бугарската академија на науките, кој е член на Мешовитата историска комисија Бугарија – РСМ.  Ташев […]

Ер Србија нуди карти по намалени цени за 40 дестинации, меѓу кои и Скопје


  Ер Србија од денеска до 5 февруари нуиди авио-карти по намалени цени за повеќе од 40 дестинации во регионот и во Европа. Најевтините карти кои може да се купат се по цена од 39 евра во еден правец, за патувања од 1 февруари до 1 април. Авио-карти за Бањалука, Барселона, Атина, Тиват, Подгорица, Загреб, […]

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија


Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија, како одговор на значителното намалување на бројот на вработени во руската Амбасада во Талин и уништувањето на односите со Москва во целина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „На 23 јануари во руското Министерство за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Естонија, Маргус Лајдре. Беше изразен […]

Дачиќ: Итното формирање на ЗСО е предуслов за разговорите за решение помеѓу Белград и Приштина


 Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Заедницата на српските општини е суштината на Бриселскиот договор, како и оти Белград ќе инсистира на нејзиниот итно формирање, јави БЕТА. Според него, тоа е предуслов за дискусии за политички план или предлог за решение меѓу Белград и Приштина. – Она што е видливо […]

Хавајците се простија од „последната принцеза“


 Жителите на Хаваи се простија од Абигејл Киноики Кекаулике Кавананакоа, позната како „последната принцеза“ на оваа островска сојузна американска држава. Ковчегот со покојната 96-годишна наследничка беше јавно изложен вчера во палатата во центарот на Хонолулу, којашто, инаку, е одржувана од богатството на благородничката. Портпаролот на семејството, Керолин Витерспун ја нарече поворката „исклучително емотивна“, велејќи дека „редот […]

Анкета: Мнозинството во Белгија се за авторитарно владеење


 Педесет и два отсто белгиски граѓани се изјаснуваат за авторитарно владеење и отфрлање на демократските институции, покажуваат податоците од социолошката студија претставена во локалните медиуми, пренесе БТА. Меѓу ова мнозинство, 89 отсто поддржуваат враќање на смртната казна. Се прецизира дека уделот на оние кои поддржуваат промена на структурата на државата расте од 52 отсто пред […]

„Економист“: Тврдите интервенции на државата можат да ѝ попречат на слободната трговија


  Слободната трговија се соочува со проблеми какви што веќе се видени во историјата, а тврдите интервенции на државата можат повеќе да засметаат отколку да помогнат, пишува „Економист“, не отфрлајќи го државниот интервенционизам, но повикувајќи на умереност и меѓународна координација на јавните интервенции во економијата. „Слободната трговија е на умирање“, изјави основачот на тајванската компанија […]

Бесими: Техологијата и знаењето ќе бидат двигатели на растот во новата глобална економија


  Технологијата ќе има една од водечките улоги во новата реглобализирана економија, давајќи придонес во сите системи, од трговијата и инвестициите, подобрување на иновативноста и отпорноста на приватниот сектор, работната сила, до справувањето со климатските промени и енергетската транзиција. Проценките се дека околу 70 отсто од новата вредност создадена во глобалната економија ќе дојде од […]

Анализа: Сѐ повеќе компании во САД планираат отпуштања поради опасноста од рецесија


  Сѐ поголем број американски компании предвидуваат кратења на работни места и за првпат по пандемијата очекуваат помалку развојни инвестиции, покажуваат податоците од најновото истражување на Американската национална асоцијација за бизнис-економија (NABE). Зголемувањето на каматите дава резултати и се забележува одредено забавување на економијата. Но, сопствениците на бизниси сè уште се загрижени дека Федералните резерви […]

Бугарски и француски лекари ќе го оперираат Пендиков


„Денеска на Христијанин ќе му биде извршена операција. Ќе биде оперирана вилицата која е скршена на три места. Ќе биде опериран од тим француски и бугарски лекари, за тоа се погрижи бугарската држава“- изјави претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов за состојбата на Христијан Пендиков, кој минатата недела беше претепан во Охрид. „За време на […]

Зелен хуман град предлага 15 мерки за намалување на аерозагадувањето


Граѓанска иницијатива „Зелен хуман град” предлага шест мерки кои треба веднаш да се спроведат и девет кои треба да се реализираат во наредните три години со цел намалување на аерозагадувањето во Скопје. Со овие мерки предложени до Советот на Скопје, како што посочуваат од „Зелен хуман град”, се заокружува логична целина и тие водат кон една иста […]

НЛБ ќе ја претстави новата „Арт програма“


Во среда, во 16 часот, на онлајн прес-конференција НЛБ ќе ги претстави деталите за новата НЛБ Арт програма, соопштија од банката.  „Со ова НЛБ Групацијата станува главен поддржувач и партнер на современата уметност и уметниците во Југоисточна Европа, нејзиниот роден регион. НЛБ Групацијата ќе инвестира во купување и нарачки на уметнички дела и уметнички проекти, а нејзината нова колекција на современа уметност наречена Уметност на ЈИЕ ќе добие посебно […]

Убиецот од Калифорнија е 72-годишен Кинез


Полицијата во Калифорнија го пронајде мртов мажот кој вчера изврши масакр во Калифорнија. Станува збор за 72-годишен Кинез Ху Кан Тран, а бил пронајден мртов во комбе, односно се самоубил. Инцидентот се случи во Монтереј Парк, 11 километри од Лос Анџелес, каде што имало прослави за Кинеската нова година. Се истражува мотивот за нападот. Според […]

Во Кривичен ќе биде објавена пресудата за „Титаник 2“


 Основниот Кривичен суд – Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности за кои се обвинети поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија. Ова ќе биде втора првостепена пресуда за „Титаник 2“, откако Кривичниот […]

Повик до основните и средните училишта за учество на Европскиот квиз на пари


  Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност објавува повик до основните и средните училишта во земјава за учество во меѓународниот натпревар „Европски квиз на парите“. Квизот е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, а се одвива во две […]

Бугарија го повика својот амбасадор во Софија, прави список на насилствата во Македонија


Бугарија го повикала на консултации во Софија  амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов, соопшти Министерството за надворешни работи. „Причината, како што се наведува од бугарското МНР,  за неговото привремено враќање во земјава е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните […]

Бијонсе го избра Дубаи за прв концерт по четири години- хонорарот е астрономски (видео)


ОАЕ- Кралицата се врати! По четиригодишно отсуство од нејзиниот последен концерт, Бијонсе се врати на сцената во саботата вечерта, кога изведе едночасовен сет на отварањето на новиот хотел  Atlantis The Royal Resort во Дубаи. Концертот беше проследен со огномет и диџеј сет на Swedish House Mafia. Поминувајќи низ една деценија со легендарните  хитови, Бијонсе (41) […]