Сѐ повеќе милионери ја напуштаат Велика Британија


  Пред гласањето за Брегзит, Велика Британија регистрираше прилив на богати поединци. Две силни економски сили деновиве се соочуваат со сериозни предизвици, особено Велика Британија. Оваа европска земја наводно го губи статусот на „рај“ за супербогатите, што не е чудно ако се земат предвид претходните настани – од Брегзит до рекордна инфлација. Повеќе од 1.000 […]

Пендаровски се обрати на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура


Претседателот Стево Пендаровски преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска до 28 јануари се одржува виртуелно. Годинешното издание на зимската школа е во чест на македонскиот поет Ацо Шопов, по повод 100 годишнината од […]

Анкета на „Ројтерс“: ЕЦБ ќе ја зголеми депозитната стапка на 3,25 отсто до средината на годината


  Европската централна банка ќе биде поагресивна отколку што се мислеше во кампањата за затегнување, додавајќи уште 50 базични поени на својата депозитна стапка на 2 февруари, додека ја продолжува својата борба против неконтролираната инфлација, покажа анкетата на „Ројтерс“, пренесе СЕЕбиз. Иако централната банка на еврозоната ги зголемува стапките со најбрзо темпо во историјата, таа […]

Овие знаци од хороскопот се мајстори да направат пари: Не сакаат напорна работа, но секогаш го имаат тоа што ќе го посакаат


Астрологијата открива кои хороскопски знаци претпочитаат задоволство отколку напорна работа. Кој не сака одмор? Сите уживаме во слободното време и кога би можеле така да заработуваме, сите би биле богати! Ова не го менува фактот дека има вистински работохоличари кои не мируваат! Во сè има две страни, вклучително и оние кои сакаат да постигнат резултати […]

Објавен седмиот графички роман Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст


Издавачот Бункер, во рамките на едицијата Апслоутни почетници, го објави седмиот графички роман Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст, од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. Зиги Стардаст е измислен лик создаден од Дејвид Боуви (името Зиги е земено од кројачки дуќан, кој Боуви го има приметено додека патувал со воз). Тој […]

За прв пат во историјата на фудбалот покажан бел картон


За време на натпреварот меѓу женските екипи на Бенфика и Спортинг Лисабон судијата за прв пат во историјата покажа бел картон. Според новите правила тоа е дозволено. Од 1970 година и Светското првенство навивачите се навикнати судиите на натпреварите во џебот да носта жолт и црвен картон, кои санкционираат прекршоци. Додека црвениот и жолтиот картон […]

Формирани четвртфиналните двојки кај тенисерките на Австралија опен


  Одредени се сите четвртфинални двојки на женскиот дел од Грен слемот во Мелбурн. За влез во полуфиналето ќе се борат: Елена Рибакина (Казахстан) – Елена Остапенко (Летонија) Џесика Пегула (САД) – Викторија Азаренка (Белорусија) Каролина Плишкова (Чешка) – Магда Линет (Полска) Арина Соболенко (Белорусија) – Дона Векиќ (Хрватска). Четвртфиналната фаза на Австралија опен 2023 […]

На Шапка 60 сантиметри снег, во Маврово 10


 На Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Маврово 10, а осум во Лзарополе, соопшти УХМР. Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 19 читри на метар квадратен, во Маврово 15 и во Охрид девет литри. Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и […]

Израелски научници ја споија современата технологија со – скакулец


Истражувачи од Универзитетот на Тел Авив го создадоа можеби најчувствителниот уред за идентификација на мирис во светот со комбинирање на денешната врвна електроника и вештачка интелигенција со „технологија“ стара стотици милиони години – антена на скакулец. Некои аеродроми користат „роботи со вештачки нос“ за откривање криумчарења, на пр. на марихуана. Сепак, оние понапредните аеродроми користат […]

Илјадници потрошувачи во Словенија без струја поради снег и ветер


Снегот и силниот ветер во Словенија предизвикаа проблеми во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија, јавија словенечките медиуми. На подрачјето на Нови Место без струја останале повеќе од 3.000 потрошувачи, соопштија од Електро Љубљана. Поради невреме е затворен дел од крајбрежниот автопат меѓу Кастелец и Кожине кон Љубљана, јави СТА. 

23 јануари во историјата – Во земјотрес во Кина загинаа 830.000 луѓе


  На 23 јануари 1556 година, во земјотрес во Шанкси, Кина, загинаа околу 830.000 луѓе. Броењето на жртвите често е непрецизно по големи катастрофи, особено пред 20 век, но оваа катастрофа сè уште се смета за најсмртоносната на сите времиња. Земјотресот се случи во доцните вечерни часови, а последователните потреси продолжија и следното утро. Подоцнежното […]

Почина легендарната хрватска ТВ новинарка Силвија Лукс


Почина Силвија Лукс, една од најпрепознатливите телевизиски личности во изминатите децении, јавуви Хрватското здружение на новинари. Во својата долгогодишна кариера била новинарка, уредничка, водителка, а била на различни водечки позиции во медиумите, пред се на телевизија. Спаѓа во категоријата телевизиски работници за кои со право може да се каже дека биле доајени на новинарството. Линк […]

Ким Кардашијан стигна до Харвард: Одржа бизнис предавање и направи бум


САД– Ким Кардашијан води сериозна работа, уште една потврда за тоа е поканата на престижната бизнис школа на Харвард да им одржи предавање на своите студенти. Ким  разговараше со млади студенти и идни претприемачи за успехот на нејзиниот бренд за облекување од повеќе милијарди долари SKIMS. Откако го доби признанието за нејзината револуционерна облека во […]

Од чадот на цигарите ги заборавивме забраните


Северна Македонија е лидер во Европа по потрошувачка на цигари.Половина од возрасните луѓе во Македонија (48,4%) пушат, што е далеку над ЕУ просекот за употреба на тутун (29%). Просечен Македонец пуши во 20 цигари дневно, а во прилог на ваквата зависност е тоа што земјата има најниска цена на цигари во регионот и Европа – 1,7 […]

Бразил и Аргентина размислуваат за воведување заедничка валута


Бразил – Бразилскиот и аргентинскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и Алберто Фернандез во заедничко соопштение објавија дека двете најголеми јужноамерикански земји работат на поцврста економска поврзаност, која би вклучила и воведување заедничка валута. Проектот првично би бил билатерален, но идејата е иницијативата на крајот да вклучи и други земји од Јужна Америка. „Нашата намера […]

Во Турција претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 14 мај


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа официјално објави дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 14 мај. Изборите се сметаат за тест за Ердоган, кој е на власт 20 години: тој беше избран за премиер во 2003 година, а претседател е од 2014 година. Ердоган се кандидира за трет мандат, за кој опозицијата тврди дека е неуставен. За претседател првпат беше […]

Бектеши во Брисел, ќе се обрати на првиот билатерален состанок од Кластер 2 за внатрешен пазар


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска е во работна посета на Брисел, каде ќе се обрати на првиот билатерален состанок со Европската Унија од Кластер 2 за внатрешен пазар. Како што информира Министерството за економија, билтералниот состанок што ќе се одржи денеска се однесува  за Поглaвјето 3 – „Право на основање и слобода на давање […]

Вучиќ го напушти состанокот во седиштето на партијата, рече дека е подготвен да поднесе оставка


Србија – Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку остане на своите ставови да поднесе оставка тоа ќе биде крајот на СНС. Тој синоќа за белградски медиуми изјави дека ова ќе биде крај на кариерата што СНС ја имаше на српската политичка сцена, […]

Маиците на Зеленски ѝ носат раст на „М-ТАК“


Украина– Од почетокот на Руско-украинската војна, претседателот на Украина, Володимир Зеленски вообичаено се појавува во јавноста во веќе препознатливата маслинесто-зелена маица, дури и кога се среќава со претставници на други земји. „Форбс“ открива дека Зеленски на тој начин го промовира украинскиот бренд за облека „М-ТАК“, којшто произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци […]

Пенов: Општините останаа без капитални инвестиции и ги зголемуваат долговите


Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, сублимирајќи ги ефектите во работата на општините во 2022 година, во интервју за Фронтлајн, констатира дека изминатата година немало капитални инвестиции во општините и дека таа година е најниско нивото на инвестирање. При тоа, министерот Пенов во предвид ги зема и објективните и субјективните причини за тоа. Во објективните секако […]