„Ти си сè она што некогаш сум го барал“: Даниел Кајмакоски се ожени по втор пат


Поп-пејачот Даниел Кајмакоски , победник на првата сезона на шоуто на таленти „ Х – Фактор Адриа“ и евровизиски претставник во 2015 година во Виена, откри дека се венча со неговата сакана, чие име не се открива, а засега не е познато дали двојката направила свадба. Со објава на Инстаграм Стори, Даниел Кајмакоски сподели дека […]

Стартап центарот „Касарна хаб“ станува водечки иновативен центар во регионот, вели Гир


По повод официјалното отворање на „Касарна хаб“, „Стелар Солушнс“ беше домаќин на 17 амбасадори и претставници на амбасадите предводени од шефот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје – амбасадорот Дејвид Гир. „Неофицијално отворен уште минатиот јули, ‘Касарна хаб’ е стартап центар кој со своите досега спроведени активности и соработки веќе станува водечки иновативен центар […]

(Галерија) Сите лица на Христијан Пендиков


  Нарко дилер, Бугарин, македонски патриот, волонтер, жртва или политички профитер? Ова се сите лица на Христијан Пендиков, претепаниот охриѓанец кој веќе на 23 години има колоритна биографија и заврши со три скршеници на вилицата во бугарска болница.  Според она што го објавил самиот, тој бил член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, активно […]

„Њујорк тајмс“: Руски агенти стојат зад писмата-бомби во Шпанија


  Припадници на руското воено разузнавање поттикнале соработници на екстремно десничарска организација со седиште во Русија, неодамна да испратат серија писма до Шпанија, чии најистакнати цели се премиерот, министерот за одбрана, други функционери и странски дипломати. До овој заклучок дошле американски и европски претставници, според откритијата на „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори во американската […]

Има доволно време да се креира листа за ДДВ на луксузни производи, вели Ковачевски


  Министерството за финансии сака да направи листа за ДДВ на луксузни производи која на ниеден начин нема да задира во основните производи што ги користат граѓаните и за тоа има доволно време, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Министерството за финансии задно со Царинската управа, коморите и Управата за јавни приходи работи на дефинирање на […]

Се откажуваат летови во Британија поради минусни температури и магла


Најголемата авио-компанија „Бритиш ервејс“ во Велика Британија откажа околу 80 летови поради исклучително ниските температури на воздухот и маглата. Авио-компанијата синоќа најави дека ќе мора да го намали бројот на летови за околу 15 отсто поради временските услови и ограничувањата на контролата на летање. Ноќеска, температурата падна на -8,4 степени Целзиусови, што е најниска температура […]

Неповратните средства од ЕУ преку ИПАРД 3 Програмата зголемени за 62 отсто


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека Република Северна Македонија изминативе години станала лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата. При посетата на компанијата „Метро“ која со помош на ИПАРД Програмата вложила во осовременување и високи технологии како би ги зголемиле своите капацитети, Ковачевски рече дека успешните земјоделски политики на Владата ги потврди и […]

Во првото полугодие 81 ученик од Штип се отпишале поради заминување во странство


Осумдесет и еден ученик од штипските основни и средни училишта се испишани поради нивно заминување во странство. Раководителот на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева, денеска истакна дека оваа бројка на испишани ученици е од септември до декември 2022 година, односно за време на првото полугодие од учебната 2022/2023 година.   – Податоците […]

Црквата „Св. Константин и Елена“ на улица „Македонија“ ќе остане оградена


  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која сѐ уште е во градба. Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани […]

„Титаник 2“: Сашо Мијалков, Мендух Тачи и другите обвинети добија по две години затвор


  Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година. Судот ги ценел сите олеснителни и отежителни околности и ги огласи сите осомничени за виновни. На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на казна затвор од две […]

Петровска: Да продолжиме со брзо спроведување на нашите обврски


Треба да продолжиме со брзо спроведување на нашите обврски со почитување на временската релевантност на идните активности. Првенствено, треба да се фокусираме на надминување на идентификуваните празнини во развојот на нашите способности и да ги усогласиме доделените цели за способности и треба да бидеме целосно посветени на имплементацијата на ветувањето за инвестиции во одбраната. Ова […]

Биографскиот филм за Мерлин Монро номиниран со осум „Златни малини“


САД- Биографскиот филм за животот на Мерлин Монро, Blonde, доби е номиниран со осум „Златни малини“.  Good Mourning, комедија на раперот и пејач Machine Gun Kelly, е веднаш зад себе со седум номинации. Иако неговиот најнов филм „Елвис“, во кој го игра менаџерот на пејачот, Том Паркер, е фаворит за најдобар филм на годинешните Оскари, […]

На погребот на Лиза Мари Присли откриено дека нејзината ќерка родила девојче


САД–  Последниот ден од неделата со кој се збогувавме беше еден од најемотивните денови во историјата на Грејсленд Мемфис. Неговата ќерка Лиза Мари, која ненадејно почина од срцев удар на 54-годишна возраст, беше погребана на имотот кој беше дом на кралот на рокенролот Елвис Присли. Многу членови на семејството и пријатели се собраа во Грејсленд […]

Пронајден мртов маж кај Богомила, телото предадено на обдукција


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на спореден пат во селото Богомила, каде што беше пронајдено тело на починато машко лице, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта. По насоки […]

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“


Две златни, две сребрени и еден бронзено одличје освоија членовите на скопски „Макпетрол“ на меѓународниот карате турнир „Кроација опен“ што викендов се одржа во Самобор, Хрватска. На силното интернационално натпреварување учествуваа 1.800 каратисти од 25 држави, односно 292 клуба.   – На турнирот настапивме со 10 каратисти. Ова натпреварување е главна контрола за возрасните категории […]

Недостигот на неквалификувани работници е закана за просперитетот на Германија


Германската државна развојна банка KfW го идентификува постојаниот недостиг на квалификувани работници и падот на продуктивноста на трудот како сериозна закана за просперитетот на Германија, јави ДПА. – Нивото на благосостојба во Германија практично се зголеми во изминатите 70 години, но доаѓа крајот на овие времиња, бидејќи основата за нејзиниот понатамошен раст пропаѓа, е заклучокот на KFW, врз основа на […]

Старицата во Струмица била задавена и задушена


 Осумдесет и три годишната старица М.Б., која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ била убиена. Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надоврешна сила, односно таа била задавена или задушена. Од струмичкото Oбвинителство не соопштуваат повеќе детали во интерес на истрагата. […]

Просечната нето-плата за ноември изнесува 33.011 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 49.397 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува […]

Бектеши: Со целосно усогласување на нашето законодавство ќе обезбедиме поголеми права за основање и слободата на давање на услуги


  Заклучоците и препораките кои ќе произлезат од овој билатерален состанок ќе ги постават следните чекори во процесот на пристапување во областа на Право на основање и слобода на давање на услуги. Ние сме свесни за важноста да се обезбеди правото на основање и слободата на давање на услуги преку процесот на усогласување на законодавството […]

Во пет градови ќе се одржат информативни сесии за програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура


Со настан во НУ „Музеј на македонската борба“ – Скопје, утре (24 јануари), започнува серијата информативни сесии посветени на тековните повици на програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура: „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“ за 2023 година. На настанот во Скопје ќе бидат презентирани: Повикот за  категоријата „Проекти за соработка“ на програмата Креативна Европа (Култура) и Повикот […]