Се откажуваат летови во Британија поради минусни температури и магла


Најголемата авио-компанија „Бритиш ервејс“ во Велика Британија откажа околу 80 летови поради исклучително ниските температури на воздухот и маглата. Авио-компанијата синоќа најави дека ќе мора да го намали бројот на летови за околу 15 отсто поради временските услови и ограничувањата на контролата на летање.

Ноќеска, температурата падна на -8,4 степени Целзиусови, што е најниска температура забележана од декември 2010 година и најстудена јануарска ноќ од 1987 година.

На таблите со информации за полетување од аердоромот „Хитроу“ пишува дека сите летови кон Берлин, Амстердам и Мајами се откажани. Денеска жолт аларм за магла беше на сила во делови од јужна и источна Англија.

„Бритиш ервејс“ во соопштението наведе дека им „се извинува на клиентите чии летови се откажани“ и понуди враќање на парите или резервација на алтернативна рута на летање.