Милановиќ: Ако Америка и Русија не се договорат, следи Трета светска војна


Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска не е во војна со Русија, туку дека Русија и Америка се во војна и посочи дека без нивен договор, кој не е на повидок, војната нема да престане. „Некако се надевам дека се водат некакви разговори меѓу нив или полека ќе се придвижиме кон трета светска […]

Ќе ја урне ли Бугарија трговската размена од една милијарда евра?


  Еко-патеката на планината Беласица најверојатно ќе биде првата колатерална „жртва“ на најновото заострување на политичките односи на релација Софија – Скопје, а слична судбина може да доживеат и други меѓудржавни билатерални проекти. Така барем најави бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, кој завчера изјави дека „ништо повеќе нема да биде исто во односите […]

Данска прв финалист на Светското првенство во ракомет


 Данска ја совлада вечерва Шпанија со 26-23 во првото полуфинале на 28. Светско првенство во ракомет и во финалето в недела ќе ја брани титулата освоена на Мундијалот пред две години во Египет. Данците од самиот почеток остварија предност од четири голови и на полувреме заминаа со водство од 15-10. Предноста од пет голови ја […]

(Видео) Терористички напад во Ерусалим, најмалку седум мртви


Најмалку седум лица загинаа во терористички напад вечерва во населбата Неве Јаков во Ерусалим, додека уште 10 се повредени. BREAKING: Terror attack in the #Jerusalem neighborhood of #NeveYaakov. Terrorist entered crowded Synagogue during Friday evening Services & opened fire. 7 people killed, many injured. Horrible! May the injured have complete recoveries. pic.twitter.com/7VHWhxA5Tr — Daniel Kraus […]

Студија: ЕУ го извезува своето загадување во Србија, Црна Гора, Албанија…


  Европската унија ја пренесува својата еколошка штета на трети земји, а пред се на нејзините источни соседи, покажаа резултатите од истражувањето на меѓународна група истражувачи. Емисиите на стакленички гасови и потрошувачката на материјали од Европската унија се зголемуваат надвор, а се намалуваат во земјите-членки, се вели во студијата објавена во четвртокот во списанието Nature […]

Курти: Добив предупредувања за намалување на западната поддршка доколку Косово не биде конструктивно


Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека добил предупредувања за можноста за намалување на поддршката од Западот, доколку Косово не биде конструктивно во дијалогот со Србија, но оцени и дека Косово е конструктивната страна во тоа процес. Говорејќи за европскиот план за нормализирање на односите меѓу двете страни, Курти за Радио Слободна Европа изјави дека […]

Европската комисија предлага две ценовни ограничувања за руските нафтени деривати


  Европската комисија предлага ЕУ да ги ограничи цените на поскапите руски нафтени деривати на 100 долари, а поевтините на 45 долари за барел. Двете ценовни ограничувања беа објавени пред две недели поради разликата во цената на дериватите во однос на цената на нафтата, според неименуван претставник на Г7 во средината на јануари. На почетокот […]

Претседателката на Перу побара од Парламентот општите предвремени избори да ги закаже за крајот на годинава


Претседателката на Перу Дина Болуарте денеска побара од Парламентот да ги закаже општите избори во декември 2023 година со цел да се смири кризата во земјата. Изборите планирани за 2026 година веќе беа поместени за април 2024 година. – Поднесувам предлог-закон на разгледување кај министрите за да се одржат предвремени избори во декември 2023 година, […]

Кремљ ја менува временската зона во окупираната територија на Украина


  Кремљ денеска објави дека ќе започне со наметнување на московската временска зона во деловите на Украина кои се незаконски анектирани и делумно контролирани од руските сили. Руското Министерство за индустрија и трговија ја објави веста на својот канал на Телеграм, велејќи дека четирите региони на Украина припоени од Русија – Доњецк, Луганск, Херсон и […]

Францускиот институт во Скопје во модно руво- пристигна изложбата „Моливерзум“


Модните дизајни на студентите од Технолошко-металуршки факултет – Институт за дизајн и инженеринг на облека во Скопје, инспирирани од комедиите во стихови на Молиер кои се класика во светската литература пристигнаа во Францускиот институт во Скопје – и како презентација и како декор во излогот. Амбициозниот проект од три фази, наречен  „МОЛИВЕРЗУМ/MOLIVERS“, со користење на […]

Алијанса за Албанците вечерва одлучува за преговори со Владата


Претседателството на Алијанса за Албанците во седиштето во Тетово ја започна најавената средба по одлуката минатиот викенд на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим за учеството на партијата во Владата. Од 17 часот заседава ова партиско тело што треба да одлучи за тоа кој ќе учествува во тимот за преговори со Владата. Претседателот на Алијанса за Албанците […]

СЗО објави листа на лекови за можен нуклеарен напад


Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави публикација која обезбедува ажурирана листа на лекови чии залихи треба да се подготват во случај на нуклеарна опасност и изложеност на радијација. Залихите треба да вклучуваат лекови кои ја спречуваат или намалуваат изложеноста на радијација, но и тие кои ги олеснуваат здравствените проблеми откако лицето веќе било изложено на […]

САД очекуваат брзо решение за стопираните разговори за влез на Шведска и Финска во НАТО


  -Прекинатиот дијалог меѓу Анкара од една и Шведска и Финска од друга страна за влезот на овие две скандинавски земји во НАТО треба да продолжи и САД очекуваат брзо решение, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.   Дијалогот е прекинат откако министерот за надворешни работи на Турцијa, Мевлет […]

Актерот Алан Каминг го враќа британскиот орден заради „токсичност на империјата“


Англија– Шкотскиот актер Алан Каминг изјави дека ја враќа својата награда ОБЕ – Офицер на Редот на Британската империја -, велејќи дека очите му биле „отворени“ поради „токсичноста на империјата“. Пишувајќи на својата страница на Инстаграм, актерот од „Инстинкт“ и „Добра сопруга“, кој исто така има американско државјанство, рече дека иако бил „неверојатно благодарен“ што […]

Радев тврди дека омразата кон Бугарија е децениска политика кај нас


Случајот Христијан Пендиков е израз на децениска политика. Да се ​​всади омраза кон Бугарите и кон се што е бугарско. Затоа, многу е важно овојпат властите во Република Македонија да се изјаснат дека се работи за кривично дело од омраза. Тоа не е домашен скандал, порача од  Перник  претседателот Румен Радев. Министерот за внатрешни работи […]

Околу 2.700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите


  Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6.050 денари, соопшти Министерството за образование. Со оваа одлука МОН одговори на барањата на студентите и уште еднаш ја потврди заложбата за еднаквост и […]

Засадил 2.000 садници индустриски коноп за научни цели, добил две години затвор


  Интересот за научно истражување на можноста за зголемување на конкурентноста на македонскиот земјоделски сектор со индустриски коноп, Петар Матовски го внесува во седумгодишен кривично-правен лавиринт, кој на крајот резултира со двегодишна затворска казна. Матовски, денеска на прес-конференција, појасни дека за потребите на својот магистерски труд легално купува семенски материјал „канабис сатива л“ или индустриски […]

Маричиќ: Заострувањето на односите меѓу Софија и Скопје нема да ги попречи уставните измени


Најновото заострување на односите меѓу Софија и Скопје нема да го попречи отворањето на процесот на уставни измени, вели во интервју за ТВ Телма вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, според кого институциите реагираа, а политичарите го осудија претепувањето на Христијан Пендиков во Охрид по што, Северна Македонија и Бугарија треба да го чуваат пријателството. […]

Во мобилните гинеколошки амбуланти најмал одѕив од младите од 15 до 30 години


  Од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари информираат дека во 2022 година со мобилни гинеколошки амбуланти, биле реализирани 220 теренски посети, опфатени околу 2 200 жени и девојки и се откриени 35 пациентки со различни типови на предканцерозни промени. Прегледани се жени и девојки кои живеат во тешко достапни региони и таму каде што […]

САД и Франција не ја отфрлаат можноста за испраќање борбени авиони во Украина


  САД и Франција не ја исклучуваат можноста за испорака на борбени авиони на Украина, посочија денеска претставниците на двете земји. На прашањето дали Вашингтон ја разгледува таа опција, Џон Фајнер, заменик-советник за национална безбедност на американскиот претседател, за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека ниту еден вооружен систем не е исклучен. Поддршката, вели тој, ќе биде […]