Постои обид Македонија да се врати под руско влијание, вели Борисов


  Најдоброто нешто за Бугарија е Северна Македонија и Албанија да бидат во Европската Унија и НАТО, рече лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во седиштето на партијата на средба со пратениците. Според него, постои обид Северна Македонија да се врати под руско влијание и тоа се прави намерно и многу активно. „Криминалното дело како што […]

УСЈЕ ќе плати до 200.000 евра казна, доколку и натаму загадува може да се соочи со одземање на дозволата


На 7 февруари ќе се спроведе спогодување за висината на цената која Цементарница УСЈЕ ќе ја плати како казна за загадување на амбиенталниот воздух. Висината на казната може да изнесува до 180.000 до 200.000 евра, а предвидена е и казна за управителот од 10.000 евра. Казната УСЈЕ ќе ја плати согласно прекршочната пријава на Државниот […]

Ќучук : Не верувам во тупаница, верувам во подавање рака


  Во 2022 година сведоци сме на војна глобално и војна меѓу институциите, но јас не верувам во тупаница, верувам во подавање рака, во барање дијалог, бидејќи има сериозни проблеми во државата, рече европратеникот од ДПС и лидерот на европските либерали, како и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук кој ја доби наградата „Прогресивен лидер […]

Шанса за Центар: Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта и мазут   


Празните муабети, декларативните заложби и фрази за загриженост што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе, порачаа од Шанса за Центар, кои тврдат дека се уште над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта и мазут .    -Ние од […]

Чесите денес избираат претседател меѓу „новиот Хавел“ и тајкунот популист


Граѓаните на Чешка утрово, на вториот ден од вториот круг на претседателските избори, масовно излегуваат на гласање за да одлучат кој ќе биде новиот лидер на државата. Се предвидува историски рекорден одѕив бидејќи половина од регистрираните 8,25 милиони гласачи веќе излегоа вчера, на првиот ден од гласањето.   Тие избираат меѓу поранешниот началник на Генералштабот, […]

Ковачевски: МВР ќе направи проценка за „гостите“ од Бугарија


Премиерот Димитар Ковачевски извести дека Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи да направи проценка за евентуалните гости од Бугарија што се најавуваат дека ќе дојдат на чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје. Она што се дискутирало на седницата на Советот за безбедност е класифицирано како строго доверливо, вели Ковачевски но […]

Задржан кредитниот рејтинг на Македонија од „Стандард и Пурс“


Македонија доби потврда за политиките што ги спроведува и во време на криза и го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед, утврден од  Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“. Кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед РС Македонија го има во континуитет и особено е значајно дека рејтингот не е променет и во време […]

Бајден понуди поддршка на Израел по терористичкиот напад во Источен Ерусалим


Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху понуди поддршка од својата земја по вооружениот терористички напад во Источен Ерусалим, во кој загинаа седум Израелци. Тој го нарече убиството на седумте лица во вооружениот напад во Ерусалим „напад врз цивилизираниот свет“.   „Американскиот лидер ја истакна цврстата поддршка за безбедноста, властите […]

Сообраќајот се одвива непречено, слаб снег во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира […]

Каде е оној мој колега Николај Милков од Букурешт?


Драг колега Милков, Ви го пишувам писмово од мојата удобна пензионерска соба во која се обидувам на македонските дипломати да им ги пренесам моите искуства од мојата дипломатска работа. Ви се обраќам како со „драг колега“, иако нешто во мене зборува дека веќе почнувам да не ве чувствувам како таков. А беше токму така од […]

Во бугарското собрание се гласа нова декларација за Македонија


На последната седница на собраниската Комисија за надворешна политика во Бугарија едногласно била усвоена декларација која мора да се достави на гласање на пленарна седница. Документот „категорично ги осудува актите на насилство и повиците на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира […]

28 јануари во историјата – Вселенскиот шатл „Челинџер“ експлодира по полетувањето


  Во 11,38 часот по локално време, на 28 јануари 1986 година, вселенскиот шатл „Челинџер“ полета од Кејп Канаверал, Флорида, а Криста Меколиф е на пат да стане првиот обичен американски цивил кој патува во вселената. Мекалиф, 37-годишна професорка по социјални студии во средно училиште од Њу Хемпшир, победи на натпреварот што ѝ донесе место […]

Ахмети: Мицкоски видел војна само на телевизија


Мицкоски гледал војна само на телевизија, му возврати синоќа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако претходно првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ  побара да каже колку стотици милиони евра се збогатила неговата фамилија по војната во 2001 година. Мицкоски тврдеше дека како доброволец во 2001 година  не видел дека Али Ахмети е победник во таа војна, на […]

Скопје и Софија со повици за достоинствено чествувањето на раѓањето Гоце Делчев


Во пресрет на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, Скопје и Софија уверуваат дека сакаат да дојде до намалување на затегноста во односите, но секоја од страните од своја перспектива гледа на настаните кои доведоа до тоа. За Бугарија „ситуацијата е отидена предалеку“ и не се сфаќа доволно сериозно, Северна Македонија пак, потегот за повлекување […]

Осум Израелци убиени кога излегувале од синагога во Источен Ерусалим


  Осум Израелци се застрелани и убиени додека ја напуштале синагогата во источен Ерусалим, во последната епизода на спирално насилство низ Израел и окупираните палестински територии во последните два дена. Вооружен маж во автомобил чекал во петокот вечерта додека не заврши шабатската молитва во синагогата во Неве Јаков, населба на израелски доселеници во окупираниот Источен […]

СЗО денеска разговара за укинување на пандемијата со Ковид-19?


Меѓународен панел на експерти денеска започна расправа за укинување на вонредната состојба во јавното здравство поради Ковид-19, а Светската здравствена организација (СЗО) треба да ја објави својата одлука најрано во понеделник, велат извори од телото со седиште во Женева, пренесува Хина. На почетокот на состанокот, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека во […]

Ахмети: Уставните измени мора да се направат, а неопходен е и ветинг


  Уставните измени мора да се направат бидејќи ни го отвораат патот кон ЕУ, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбите во Тетово со претставници на бизнис секторот, граѓанскиот и образовниот сектор, како и интелектуалци, во рамки на активностите под мотото „Заедно за Европа“. Ахмети очекува уставните измени да се направат за два-три месеци, […]

Пендаровски: Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност


  Претседателот Стево Пендаровски изјави дека персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност. –Сакам да го појаснам она што го кажав на прес-конференцијата по Советот. И гледам дека некои од овие познати експерти, аналитичари, професори, па и политичари кои го разбираат бугарско-македонскиот комплекс […]

Алијанса за Албанците на највисоко ниво ќе преговара за учество во Владата


  Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари заедно со уште пет најблиски соработници ќе преговараат дали нивната партија ќе стане дел од Владата и ќе се прошири владиното мнозинство. Таравари вели дека имаат стратегија и барања, ќе преговараат, но се подготвени и да останат во опозиција. Покрај претседателот, двата секретара и тројцата потпретседатели се […]

По тепачка меѓу затвореници во Идризово, полицаец нападнат со нож


Во текот на вчерашниот ден се случила физичка пресметка во затворот Идризово. – На 26.01.2023 во 18.30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.00 часот, настанала расправија помеѓу неколку осуденици, а по интервенција на затворски полицаец, осуденикот А.М. се обидел да го нападне со нож. Според пријавеното, затворските […]