По тепачка меѓу затвореници во Идризово, полицаец нападнат со нож


Во текот на вчерашниот ден се случила физичка пресметка во затворот Идризово.

– На 26.01.2023 во 18.30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.00 часот, настанала расправија помеѓу неколку осуденици, а по интервенција на затворски полицаец, осуденикот А.М. се обидел да го нападне со нож. Според пријавеното, затворските полицајци му го одзеле ножот, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.