Студија: ЕУ го извезува своето загадување во Србија, Црна Гора, Албанија…


 

Европската унија ја пренесува својата еколошка штета на трети земји, а пред се на нејзините источни соседи, покажаа резултатите од истражувањето на меѓународна група истражувачи.

Емисиите на стакленички гасови и потрошувачката на материјали од Европската унија се зголемуваат надвор, а се намалуваат во земјите-членки, се вели во студијата објавена во четвртокот во списанието Nature Sustainability.

„Потрошувачката во ЕУ главно им користи на земјите-членки и има лошо влијание врз животната средина на источните соседи како Албанија, Црна Гора, Србија, Украина и Молдавија“, рече коавторката на студијата и професорка на Универзитетот во Бирмингем, Јули Шан.

Во ниту еден друг регион односот на штета и корист не е толку неповолен како во Источна Европа. Дополнително, Бразил, Кина и Блискиот Исток исто така ги чувствуваат ефектите од „прекумерното трошење“ во ЕУ.

Од друга страна, 85 отсто од економскиот профит останува во Унијата.

Истражувачката група се фокусираше на 10 еколошки штетни последици од потрошувачката во ЕУ, вклучувајќи ја покривката на земјиштето, потрошувачката на подземните води и испуштањето токсини во почвата и водата.

Во анализите, групата испитуваше како се развиле факторите на потрошувачка во ЕУ помеѓу 1995 и 2019 година. Тие се потпираа на базата на податоци „Exiobase“ на Европската агенција за животна средина, која го следи влијанието на потрошувачката врз еколошкиот систем.