Состојба на патиштата


  СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост од 100метри поради магла има на планискиот премин Ѓавато. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува […]

Радев на 3 јануари им го врачува мандатот за состав на кабинет на „Продолжуваме со промената“


Бугарија – Бугарскиот претседател Румен Радев на 3 јануари ќе го врачи вториот мандат за формирање влада на кандидатот за премиер, именуван од втората по големина пратеничка група во Парламентот – „Продолжуваме со промените“, соопшти синоќа Кабинетот. Таа бугарска политичка партија за премиер го предложи Николај Денков – министер за образование во последната редовна влада на […]

Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот


Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот, предупредуваат стручните лица и родителите на овие деца. Поради силниот звук, децата се вознемируваат и плашат и се јавуваат разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго. – Лицата со аутизам и лицата со […]

Без вода дел од Маџир Маало


Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денеска од 9 часот без водоснабдување ќе бидат дел од корисниците во населбата Маџир Маало во Општина Центар. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од скопското ЈП „Водовод и канализација“, поради уличен дефект ф-2“ на улица „Раде Јовчевски […]

Истанбул и Дубаи најбарани дестинации за Нова Година, намален интересот за европските градови


Покрај економската и енергетската криза, граѓаните наоѓаат средства и начини за прослава на Новата година надвор од земјата. Поради поволните цени, годинава како најбарани дестинации за новогодишната ноќ се Истанбул и Дубаи, а помал е интересот за европските градови. Агенциите што ги контактираше МИА велат дека за Истанбул се организираат тридневни до четиридневни тури, во […]

Магла на Ѓавато, на граничните премини нема подолги задржувања


На планинскиот премин Ѓавато утринава има магла поради што видливоста е намалена на 100 метри, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, утринава […]

Обама, Роналдо, Меси, НАСА… Светот се простува од легендарниот Пеле


Најдобриот“, „Збогум на најдобриот“, „Вистинскиот најдобар на сите времиња“, ова се само дел одденешните насловни страници со кои светските медиуми се простуваат од кралот на фудбалот, Пеле, кој почина вчера на 82-годишна возраст. Статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро и стадионот „Вембли“ во Англија, веќе светат во боите на бразилското знаме, а почит […]

Претпладне магла,преку ден променливо облачно 


Времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини, особено вдолж Повардарието со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 30 декември 2022 година, 364-иот ден во годината. До крајот на годината останува уште 1 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минути, а ќе зајде во 16 часот и 11 минути. Денов трае 9 часа 9 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

Сали со лоша дијагноза за здравството: Треба да засукаме ракави и да размислиме како сакаме да продолжиме


Анализата направена за дијагноза на јавното здравство во изминатата година, во инвестирањето, организацијата, почитување на протоколи и се останато во делот на здравствени услуги, даде еден резултат кој што не е добар за нас како држава, истакна министерот за здравство Беким Сали. – Не е добар показател само дека се движиме во позитивна насока, туку […]

Астероид помина покрај Земјата поблиску од комуникациските сателити


Астрономи од Аризона, кон средината на овој месец, забележаа астероид што поминал поблиску до Земјата од комуникациските сателити. Астрономот Тони Дан објави симулација од астероид, односно како би изгледала Земјата набљудувана од оваа вселенска карпа. Астероидот за првпат е забележан кога минал најблиску до Земјата, односно на оддалеченост од 21.000 километри. Сателитите кружат околу планетата […]

Гувернерот на Народната банка на Иран поднесе оставка поради девалвација на риалот


  Гувернерот на Националната банка на Иран денеска поднесе оставка по рекордната девалвација на риалот поради санкциите воведени против Иран од 2018 година, јавија локалните медиуми. – Откако ја прифати оставката на Али Салехабади, одборот на директори го избра Мохамед Реза Фарзин за нов шеф на централната банка, јави иранската државна телевизија. Гувернерот во оставка […]

Ќе добиеме ли конечно одговор на прашањето дали Земјата ја посетиле вонземјани


  Дали вонземјаните навистина го посетиле Ново Мексико во 1945 година и што се случило со остатоците од нивниот брод, можеби ќе дознаеме веќе во јуни 2024 година, кога треба да излезе првиот извештај на кој се однесува овој закон. Американската влада долго време негираше какво било постоење на вонземјани и контакт со нив. Но, […]

Во Скопје повторно презагадено, треба да се воведат мерки за заштита


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е надминат прагот на алармирање поради загадениот воздух на мерните места во Центар и Лисиче. -Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, […]

Алити: Агенција за кибер-безбедност е дел од решенијата за кибер нападите


Проблемот е во фактот што ние немаме Агенција за кибер-безбедност. Земјите кои добро се справуваат со кибер-нападите имаат посебна агенција која превенира, но, и кога се случуваат кибер-напади може за истите да дава решенија, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. На новинарско прашање пред јавната расправа за Нацрт верзијата на Националната […]

Жителите на Лабуништа на протест побараа одземање на концесиите за каменоломите


Со блокирање на патот Струга – Дебар, кај местото викано кореа, жителите на струшкото село Лабуништа денеска го искажаа револтот против отпочнувањето со работа на два од деветте каменоломи во селото. Побараа од Владата и Министерството за економија да им ги одземе концесиите и двајцата концесионери да престанат со ископите, кои, како што тврдат го […]

Почина легендарниот бразилски фудбалер Пеле


Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина денеска на возраст од 82 години, по долга борба со болеста, јавуваат бројни светски медиуми. Едсон Арантес до Насименто – Пеле беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, голема икона, а последните години се бореше со рак на дебелото црево. Од 2021 година се лекуваше од рак на дебелото […]

Анонимуси му се заканија на Вучиќ: „Ние не простуваме, не забораваме. Очекувајте не!“


Хакерската група Анонимус, позната по бројните акции ширум светот, денеска упати закани до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека доколку не ги прекине „акциите на Косово“, народот на Косово нема да биде без поддршка, пренесе РТВ.рс. Во видео порака објавена на Твитер, AnonimusTv со слика од украинско знаме, му порача на претседателот Вучиќ да ги […]

Мбапе: Му честитав на Меси по финалето на Мундијалот


Килијан Мбапе се сети какви зборови му кажа на Лионел Меси по финалето на Светското првенство во 2022 година. Франција на Муднијалот во Катар загуби на пенали од Аргентина во мечот за трофејот. -Разговарав со Меси по натпреварот, му честитав. Тоа беше цел на неговиот живот за него, како и за мене. Но не успеав. […]