Гранеруд победник на првата од четирите скокалници на традиционалната новогодишна турнеја


Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд е победник на првиот натпревар од новогодишната турнеја „Четири скокалници“. На скоковите одржани вечерва во Оберздорф, Гранеруд до највисокото место на победничкиот подиум стигна со 312,4 бодови, односно прескокнати 142,5 метри во првата и 139 метри во втората серија. За Гранеруд ова беше 15 победа во кариерата и втора сезонава во […]

Миодраг Лекиќ мандатар за состав на новата влада на Црна Гора


 Претседателката на црногорското Собрание Данијела Ѓуровиќ денеска пред пратениците соопшти дека се исполнети условите Миодраг Лекиќ да биде мандатар за состав на новата влада на Црна Гора. Таа рече дека овие услови се остварени бидејќи црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ не предложи мандатар на барање на парламентарното мнозинство. Лекиќ беше предложен за мандатар од старото ново мнозинство, кое го сочинуваат […]

Спасовски и Агелер ќе продолжат да работат на интензивирање на соработката меѓу МВР и Владата на САД 


Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. Тој и посакал добредојде на амбасадорката Агелер, успех на функцијата и изразил благодарност за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството […]

Од 1 јануари повеќе пари за лекарите од општа медицина, гинекологија и стоматологија


Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на последната седница, донесе одлука од први јануари 2023 година да ја зголеми вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитацискиот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, информираат од ФЗОРСМ. Одлуката на Фондот […]

Ова е моментално најгледаниот филм на Нетфликс, продолжението ќе почне да се снима наскоро


  Glass Onion на Нетфликс е продолжение на хитот Knives Out од 2019 година, мистерија за убиство инспирирана од романот на Агата Кристи кој заработи повеќе од 300 милиони долари и му донесе номинација за Оскар на режисерот Ријан Џонсон. По еднонеделното прикажување во кината околу Денот на благодарноста, филмот имаше премиера на Нетфликс на […]

Комисијата за антидискриминација: Општина Карпош ги дискриминира лицата со попреченост


Општина Карпош континуирано ги дискриминира граѓаните со попреченост кои се жители на оваа општина, истовремено кршејќи го Уставот на државата. Вака одлучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), повикувајќи се на истражувањето на Порталб.мк за нефункционалноста на канцелариите за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ, пишува Порталб.мк.

„МакеДокс“ преку платформата „Глеј“ овозможува бесплатни документарци до 20 јануари


Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“, информираат од фестивалот. Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови. Наградените документарни филмови на […]

Нето надворешниот долг на земјава на крајот на септември 2022 на ниво од 28 отсто од проектираниот БДП


Нето надворешниот долг на земјава на 30 септември 2022 година изнесувал 3.905 милиони евра или 28 проценти од проектираниот БДП, соопшти денеска Народната банка. Во најново статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција на НБ, се посочува дека нето надворешниот долг на земјата во третиот квартал од 2022 година е […]

Ковачевски: Секој граѓанин има право да инвестира свои средства


  Секој граѓанин во државава има право да инвестира свои сопствени средства. Тоа не исклучува никого, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, колку е етички неговата сопруга да работи со фирма за енергетика во актиелните моменти. Читајќи медиумски напис дека „сопругата на премиерот Димитар Ковачевски влегува во […]

Лажна пријава за наводно поставена бомба во Пошта на Северна Македонија


Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека, по добиената порака на електронската адреса во објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје за поставена експлозивна направа, е утврдено дека станува збор за лажна пријава. По добиената пријава полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на вработените и присутните граѓани, а извршиле и детални антитерористички проверки […]

„Винербергер“ од Виница 120 свои вработени ги направи акционери


Вработените во компанијата „Винербергер“ – Виница оваа година добија навистина уникатна новогодишна честитка. Имено, за постигнатиот успех во текот на 2022 година, на вчерашната новогодишна прослава 120 вработени добија понуда што не се одбива: да станат акционери во компанијата. Овој гест од страна на компанијата е дел од Програмата за учество на вработените во профитот […]

Одбележaн Денот на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје (фото)


Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Саше Тасевски, денеска присуствуваше на настан во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, по повод одбележување на Денот на формирање на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Присутни беа и началникот на Секторот за внатрешни работи Скопје, Кире Даневски, командантот на Единицата за интервентна полиција, […]

Израел ја доби најдесничарската влада во историјата, Нетанјаху е пак премиер


  Бенјамин Нетанјаху во четвртокот беше избран за премиер на Израел,  ветувајќи дека неговата десничарска коалиција ќе обезбеди политичка стабилност по петте неизвесни избори од 2019 година. Довербата во владата ја потврдија 63 од 64-те пратеници на коалицијата, кои сочинуваат релативно солидно и кохезивно мнозинство во 120-члениот Кнесет. Со вкупно 15 години во два мандата […]

Студентски отпор бара оставка од Јетон Шаќири и директорот на студентските домови


По вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број на студенти се соочија со здравствени потешкотии по труење со храната од мензата, денеска се соочивме со уште едно разочарување за студентите, велат од Студентски отпор.   Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите но само на тие што продолжуваат. Покрај тоа што беше […]

Музичарите се самоорганизираа- ќе прават забава на Плоштад


Музичарите годинава ќе им приредат на скопјани забава за пречекот Новата година на Градскиот плоштад. Поттикнати од тоа што на неколку дена пред најлудата ноќ, Град Скопје нема никакви планови за новогодишната програма, иако тоа е традиција години наназад, Здружението на естрадни уметници „Естрада“ покрена иницијатива тие да бидат организатори на новогодишната забава заедно со […]

Битиќи: Разумна одлуката на РКЕ, од 1 јануари поголемо намалување на цените на прехранбените и на други производи


Сметам дека од 1 јануари би требало да очекуваме уште поголемо намалување на малопродажбите цени на основните прехранбени производи, но и на другите производи, затоа што голем дел од товарот што тие навистина можеби го гледаа им го тргаме и Владата им излегува во пресрет, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на попладневното продолжение […]

Стружанец на туѓо име си зел четири кредити


СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против А.К.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и […]

Млад маж од Прилеп обљубил постара жена


На 28.12.2022 во 17.50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(33) и С.А.(52), двајцата од Прилеп. Е.А. се сомничи дека во текот на денот извршил обљуба врз 63-годишна жена од Прилеп, додека С.А. дозволил пред него во неговиот дом да биде извршена обљубата врз жената која ја познава […]

Уапсени тројца од Штип што киднапирале двајца тинејџери, а потоа ги тепале


Во средата,  полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода О.У.(24), Б.У.(28), Ф.Ш.(20) и 17-годишен малолетник, сите од Штип. Тие се сомничат дека во вторникот, околу 17.30 часот со употреба на сила внеле 17-годишен малолетник од Штип во патничко моторно возило „сеат“, по што во близина на место викано „Мирјанина Црква“ во Штип физички […]

Андонов: Мерките што ги носеше Владата годинава беа во интерес на граѓаните, да се намалат ризиците од ценовен шок


  Од почетокот на грејната сезона енергетската транспарентност е на највисоко ниво, редовно се објавува енергетски биланс на кој има податоци за домашното производство на електрична енергија и се информира јавноста за мерките што се преземаат во врска со справување со енергетската криза. Одлуките што ги носеше Владата во текот на годината што изминува секогаш […]