Мбапе: Му честитав на Меси по финалето на Мундијалот


Килијан Мбапе се сети какви зборови му кажа на Лионел Меси по финалето на Светското првенство во 2022 година.

Франција на Муднијалот во Катар загуби на пенали од Аргентина во мечот за трофејот.

-Разговарав со Меси по натпреварот, му честитав. Тоа беше цел на неговиот живот за него, како и за мене. Но не успеав. Секогаш треба да бидеш добар фудбалер, изјави напаѓачот на ПСЖ и Франција.

Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство, додека Мбапе ја освои награда за најдобар стрелец со осум постигнати голови.