Пеле, име што стана кратенка за совршенство


Од сите неброени работи што ги направи Пеле – повеќе од илјада голови што ги постигна и низата рекорди што ги постави и безбројните, неизмерливи моменти на чуда што ги долови – има една што е најпозната, што сите ја знаат, која можеби е и најобичнa и најмалку впечатлива. Крунската слава на Пеле беше додавањето, […]

Ретро календарот на „Алкалоид“ за 2023 во Арт деко стил со потпис на Кардула (галерија)


Нови 12 страници за Новата 2023 година, со призвук на стари, ретро елементи кои пленат со класика и елеганција, го отсликуваат календарот на „Алкалоид”, со авторски потпис на познатиот македонски уметник, графичар и дизајнер, Зоран Кардула. Инспириран од стари, ретро постери и принтови кои се појавиле пред еден век, а кои до ден денешен впечатливо […]

Кој е првиот македонски милијардер: објавена листа на најбогати луѓе во регионот


  Македонскиот стопанственик Илија Гечев е првиот македонски милијардер, според ранг листата на најбогати луѓе во регионот што ја објавува српски „Недељник“ во празничниот двоброј. Гечев и неговата ИГМ „Трејд“ се најдоа на 18. место со проценето богатство од  1,054 милијарди евра. Ова е прв пат некој бизнисмен од Македонија да ја надмине границата од […]

Шпанија воведува контрола за Ковид-19 за патниците од Кина


 Шпанската Влада денеска објави дека воведува контрола за Ковид-19 на аеродромите за патници од Кина. Шпанската министерка за здравство Каролина Даријас рече дека од патниците кои доаѓаат од Кина ќе биде побарано да достават доказ дека се негативни или целосно вакцинирани. Кина неодамна ги укина мерките што ја држеа земјата во изолација речиси три години […]

Пожар во казино во Ѓорче Петров


Во казино во Ѓорче Петров пред околу половична час изби пожар. На лице место интервенираат екипи од Противпожарната служба. На терен во моментов интервенираат пет возила, а се очекува да пристигне уште едно.

Само Масимо од ѕвездите знаеше да се јави и да ме праша што правам и дали сме сите дома добри, вели Бобан Милошески од „Авалон“


Пред да излезе на сцена, сакал мир. Тишина и неколку моменти да се концентрира. И бакнеж од неговата сопруга Ени. Генерации слушатели ќе се сеќаваат на уникатниот глас на Масимо Савиќ и неговиот сестран уметнички талент. Не напушти ненадејно и прерано, на 61 година, бргу после спектакуларниот концерт во загрепска Арена, каде одбележа 30 години […]

Трибина на Народната банка: Економското новинарство од осамостојувањето до денеска ‒ придонесот во информирањето и финансиската едукација на јавноста


„Денес постои консензус дека јасната, ефективна и едноставна комуникација на централните банки e една од клучните алатки во исполнувањето на нивните мандати. Преку својата комуникација тие влијаат врз очекувањата, ја намалуваат неизвесноста и создаваат попредвидлив амбиент, а на тој начин и реакциите на економските субјекти стануваат попредвидливи“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на трибината со новинарите, […]

Еден хороскопски знак ќе има најголем успех во 2023 година: тој ќе заработи најмногу, го чека и развој во кариерата


Дознајте кој хороскопски знак ќе има најмногу среќа со парите во 2023 година – астролозите откриваат од кого очекуваат парични текови, поголема заработка, среќа, развој на кариерата и напредок! Почнува 2023 година, секој има посебни желби, амбиции, новогодишни одлуки, а кога се во прашање финансиите и заработката, Астро Твинс (група американски астролози) укажуваат дека еден […]

Адвокатот на Каили демантира дека ѝ биле префрлени пари во банка во Панама


 Адвокатот на поранешната потпретседателка на ЕП Ева Каили, преку соопштение испратено до грчките медиуми демантира дека на европратеничката ѝ биле префрлени пари од Катар на сметка во банка во Панама, јави дописничката на МИА од Атина. Адвокатот Михалис Димитракопулос се повикува на соопштението на банката Бладекс од 21 декември за кое вели дека „ги побива […]

РСБСП: За безбедни празници бидете внимателни во сообраќајот


Новогодишните празници се време за дружења со најблиските и пријателите, за споделување на среќа и благосостојба, што значи поголема раздвиженост на луѓето, почести патувања, односно поголем број на возила во сообраќајот на патиштата, но и пониски температури и лизгави коловози, истакнуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). За избегнување на несакани […]

Мислите дека сте во средовечна криза? Доктор ни открива кои знаци може тоа да го потврдат, а и кои се најголедмите заблуди


Кои се симптомите на средовечна криза – постојат заблуди во кои многу луѓе веруваат, а треба да обрнете внимание на овие психолошки знаци! Кога повеќето луѓе помислуваат на средовечна криза, им се појавуваат клишеа на пр., тоа е личност во доцните 40-ти или раните 50-ти, маж што купува мотор за да импресионира некого, жена која […]

Необичните згради на Ротердам (фото)


Градот Ротердам во холандија, може да се пофали со десетици необични згради, за кои не знаете како се направени, но го одземаат здивот. Ви донесуваме некои од нив: Марктхал Марктхал во Ротердам е бизнис и станбен комплекс во центарот на градот. Има повеќе од 200 станови и четири ката гаражи со капацитет за повеќе од […]

Регистрирани над 100 последователни потреси по силниот земјотрес на грчкиот остров Евија


 По силниот земјотрес од 4,9 степени на Евија во средата, заклучно со синоќа на грчкиот остров биле регистрирани над 100 последователни потреси, согласно извештајот на специјалната научна комисија  за проценка на сеизмичка опасност и намалување на сеизмичкиот ризик, јави дописничката на МИА од Атина. Надлежната комисија вчера одржа втор состанок свикан по барање на министерот […]

Во Турција извршена првата трансакција со дигитални лири


Турција – Турската централна банка синоќа ги изврши првите трансакции со дигитални турски лири, објави весникот „Хуриет“, повикувајќи се на соопштение на Централната банка. Како дел од првата фаза од работата на проектот Дигитална турска лира, успешно беа завршени првите трансакции за плаќање. „Во првиот квартал од 2023 година, банката ќе продолжи со тие пилот-студии што […]

Мала дипломатска победа за Србија, смета министерот за одбрана Вучевиќ


Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, денеска оцени дека смирувањето на тензиите на северот на Косово претставува „мала дипломатска победа“ за Србија. По отстранувањето на барикадите од северот на Косово, Вучевиќ рече дека „добро е што по долго време Србија не мораше ништо да даде“, но, според неговите зборови, доби дополнителни документи кои „донекаде“ ја […]

Молдавската претседателка се надева дека нејзината земја до 2030 ќе биде дел од ЕУ


Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изрази надеж дека нејзината земја ќе стане дел од Европската унија до 2030 година… „Јас сум амбициозна во моите желби. Мислам дека треба да станеме дел од Европската унија до крајот на оваа деценија“, рече Санду, цитирана од државната телевизија „Молдавија-1“. ЕУ во јуни на Молдавија и додели кандидатски статус. […]

Бајден го потпиша американскиот буџет за фискалната 2023 година


Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша буџетот за фискалната 2023 година, објави Белата куќа. Бајден го потпиша законот, што беше усвоен од Конгресот минатата недела. Сумата е 1,7 трилиони долари со која ќе се финансирање на федералните институции до октомври 2023 година, ќе се зголеми буџетот на Министерството за одбрана и ќе обезбеди дополнителна помош […]

(Видео) Еден е крал на фудбалот: Погледнете ги најдобрите потези на легендарниот Пеле


  Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, почина на 82-годишна возраст, објави неговата ќерка на Инстаграм. Пеле беше во болница во последните недели откако му беше дијагностициран тумор на дебелото црево. Славниот Бразилец беше вистинска фудбалска икона, а неговите потези ги копираа бројни фудбалски великани, од […]

30 декември во историјата – Формиран е Советскиот Сојуз


  На 30 декември 1922 година, во постреволуционерна Русија е основан Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), кој ја сочинува конфедерацијата на Русија, Белорусија, Украина и Транскавкаската федерација (поделена во 1936 година на републиките Грузија, Азербејџан и Ерменија). Позната и како Советски Сојуз, новата комунистичка држава беше наследник на Руската империја и првата земја во […]

На 81 година почина славната дизајнерка Вивиен Вествуд


Англија– Британската модна дизајнерка дама Вивиен Вествуд почина на 81-година. Во соопштението на Твитер, нејзината модна куќа соопшти дека таа починала „мирно и опкружена“ со своето семејство во Клафам, Јужен Лондон. Вествуд се прочу со нејзините контроверзни панк и њу вејв стилови во 1970-тите и продолжи да ги облекува едни од најголемите имиња во модата. […]