Шаќири: Ќе се подобрат и студентски домови, а ќе има и за оброк


Од Германската банка за развојни политики веќе се добиени проекти во вредност од 24 милиони евра и дел од студентски домови се во одредени фази на подобрување на состојбата, а од март ќе биде повисока и поддршката за студентски оброк и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до […]

Годишната инфлација во Црна Гора во октомври се искачи на 16,8 отсто


  Потрошувачките цени во октомври 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, се во просек повисоки за 16,8 отсто, покажуваат новите податоци на Заводот за статистика – Монстат. Тоа значи дека растот на цените, кој од април е во зоната на хиперинфлација, го продолжи својот вртоглав пат. „Цените на производите и услугите […]

Дури 17 играчи од еден клуб на списокот за Светското фудбалско првенство во Катар


Никогаш во историјата на фудбалот ниту еден клуб не испратил толку многу играчи на Светското првенство. На ова првенство во Катар, пријавени се 832 фудбалери кои се на списоците на земјите – учеснички. До првиот натпревар остануваат уште пет дена, и веќе се знае кои играчи добија шанса да отпатуваат таму, да се изборат за […]

Русија чекала да поминат среднорочните избори во САД за да го објави повлекувањето од Херсон


  САД имаат разузнавачки информации дека Русија можеби го одложила објавувањето на повлекувањето од украинскиот град Херсон делумно за да избегне политичка победа на администрацијата на Бајден пред среднорочните избори, според четворица запознаени со разузнавањето. Високи руски функционери разговараа за американските среднорочни термини како фактор за време на размислувањата за најавата за повлекување, рече едно […]

Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар за Градска четврт Ј 07 утре на седница на Уставниот суд


Една од точките на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд ќе биде предметот во кој е оспорена Одлука за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 2014-та година, донесена со 11 гласа, а се однесува Градска четврт Ј 07. Овој предмет, потсетуваат од Сuдот, веќе беше ставен на дневен ред на […]

Во септември 277 одобренија за градење, предвидени 427 станови


 Во септември годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е 12,9 проценти помалку во однос на септември минатата година. Како што соопшти Државниот завод за статистика, најголем број одобренија се издадени во Полошкиот регион, 73, по што следат Скопскиот со 69, Вардарскиот со 34, Источниот со 30, а најмалку, четири, во Североисточниот регион. Според […]

Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен, судењето продолжува на 23 декември


Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“. Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар. Откако јавниот обвинител го прочита […]

„New Era“- концертната промоција на албумот на Никола Мицевски на 9 декември во Битола


  На 9 декември, во Центарот за култура, во Битола ќе се одржи концертна промоција на композиторот Никола  Мицевски,  – „NEW ERA”, во организација на Авалон Продукција. По првиот концерт во родната Битола, ќе следат и други концерти низ Македонија.  Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок […]

„Некст тајм“ со концерт во Скопје на 17 декември


На 17 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, голем солистички концерт ќе одржи македонскиот музички бренд – „Некст Тајм“. Тие ќе бидат придружувани од нивниот бенд, на чело со композиторот и музичар – Николче Мицевски, со кои ќе го презентираат нивното музичко творештво, како и материјалот од нивниот последен албум „Мајка“. Во живо […]

Ковачевски најави нов закон за плати, ќе се знае кој ќе зема најмногу пари во државата


  Мора да има закон со којшто ќе се стави ред и конзистентност во примањата, особено на раководните лица. И затоа предложив и е во изработка закон за плати во којшто ќе се дефинира најголемата плата во државата и сите плати потоа ќе бидат врз основа на таа највисока плата унифицирани, односно ставени во една […]

САД: На републиканците им треба само уште едно место за контрола на Претставничкиот дом


  Републиканците се на работ да ја преземат контролата над Претставничкиот дом на САД, откако во понеделникот беа прогласени за победници во пет изборни трки. Партијата очекуваше огромна победа во долниот дом на Конгресот поради високата инфлација и незадоволството од администрацијата на Бајден. Но, имаше неочекувано силна поддршка за демократите, кои го контролираат Домот од […]

Темелковски: УСС на УКИМ ги има истите барања за студентите, но прво институционално


Се согласувам со барањата, и ние ги имаме истите, но различно пристапуваме. Како универзитетски собранија, прво гледаме да ги исцрпиме сите можности по институционален пат и, доколку не наидеме на соработка на тој начин, тогаш би активирале други механизми за остварување на нашите права, изјави за МИА Славчо Темелковски, претседател на Универзитетското студентско собрание на […]

Бочварски: Потребна е забрзана изградба на транспортните коридори и силна поддршка од ЕУ


  Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска пред Министерскиот совет на Транспортната заедница за Западен Балкан во Брисел ја претстави стратешката определба на Владата за изградба на патниот и железнички Коридор 8 со посебен акцент на доизградбата на железничкиот крак Исток – Запад за постигнување на ТЕН-Т стандардите на транспортната мрежа. На Советот […]

Патната инфраструктура е главен проблем на Битола: Интервју со градоначалникот Тони Коњановски


  БИТОЛА – По една година од мандатот, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вели дека патната инфраструктура е еден од најголемите проблеми на градот, а нерешениот проблем со кучињата скитници еден од најгорливите. Коњановски вели дека не може да се пофали со некоја добра соработка со Владата затоа што заедничките клучни проекти со централната власт […]

Скандал во белгиска градинка, бруталност и малтретирања кон бебиња


 Брутален третман на бебиња кои биле тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат, насилно хранење кога одбивале да јадат, скандалот во оваа градинка го потврди Одделот за детство во северниот дел на Белгија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, градинката е затворена минатата недела по итна постапка откако родителите […]

„Пари“: Секоја трета котирана компанија на Берзата, годинава со помала добивка од лани


Во првите девет месеци од годинава на берзата имало 94 котирани компании, исто колку и лани. Но, вкупниот ефект од нивното работење годинава бил послаб, покажува најновата анализа на порталот Пари. Нивниот вкупен финансиски ефект бил: помала заедничка добивка и поголема заедничка загуба! Компаниите кои работеле со добивка, годинава направиле заеднички профит од 230 милиони евра, додека […]

Дваесет садници од „Еко-свест“ во Градски парк – енергетската криза да биде мотив за енергетска транзиција кон обновливи извори


Урбаното зеленило има важна улога во прочистувањето на воздухот, особено во ова време од годината, поради местоположбата на главниот град, но и засилената урбанизација, а сега дополнително и заради енегргетската криза. Зеленилото трбеба да се чува, негува и проширува секаде каде е возможно, вклучувајќи ги и нашите домови, изјави денеска министерот за животна средина и […]

Опасностите од невакцинирање на децата се пофатални од привремените реакции по вакцинирањето


Опфатот на вакцинација кај децата до пред ковид пандемијата изнесуваше околу 95 проценти, но изминатите две години тој бележи пад. Поради раздвиженоста од една во друга држава, невакцинираните деца се на некој начин загрозени да дојдат во контакт со болести што веќе се искоренети, вели д-р Катерина Ставриќ, директорката на Клиниката за детски болести. На […]

Наредните денови дополнителни мерки за стопанството


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека веќе се дизајнирани нови, дополнителни мерки за помош на стопанството и тие најверојатно ќе бидат соопштени во наредните денови. На мерките, нагласи Бектеши, се работело заедно со стопанските комори. -Се соочуваме со енергетска и економска криза. Секојдневно институциите се подготвени да им излезат во пресрет на […]

ЗХГ: Министерството за транспорт и врски им помага на зелената мафија и крупниот капитал


Министерството за транспорт и врски ја злоупотребува енергетската криза за да им излезе во пресрет на градежната мафија и крупниот капитал со што ќе нанесе непоправливи штети на животната средина и ќе ни ги доведе во уште поголема опасност здравјето и животот на сите нас, тврди Зелен хуман град. Повод за реакцијата е усвојувањето на […]