Роналдо во тајност преговара со Баерн


Англија– Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, и неговиот менаџер Хорхе Мендеш далеку од очите на јавноста се сретнале минатата недела со претставници на Баерн Минхен за да договорат трансфер на португалскиот фудбалер во редовите на бундеслигашот, јавија денеска британските медиуми. Весникот „Дејли мејл“ објави дека Роналдо сака да замине од Јунјатед во јануарскиот преоден рок, а и клупското раководство сака […]

Од концерти до филмски премиери: Филхармонија стана гала место во Скопје


Македонската филхармонија, лоцирана во центарот на Скопје, отаде Камени мост, стана гала место за премиери, концерти, свечености и коктели. Веќе не е „дом“ само на класичната музика, со отмени гости и протоколарен дрес-код, иако таа  естетска слика веќе се „замаглува“ со удобен  и тренди изглед . Пространа, целата во стакло и помалку футуристички изглед, отскокнува […]

Бесими: Средствата од ПЛЛ инструментот на ММФ стануваат достапни за справување со кризата


  Собранието денеска на седница го усвои Предлог-законот со кој на РС Македонија ќе и стојат на располагање 530 милиони евра средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ. Пристапот на земјата до средства од овој инструмент е потврда на Меѓународниот монетарен фонд за спроведување здрави политики. Министерот за финансии Фатмир Бесими, вчера во […]

Нафтата падна на 92 долари за барел, трговците ги загрижуваат ковид инфекциите во Кина


  Цените на нафтата паднаа на 92 долари на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи новиот бран на инфекции со Ковид-19 во Кина повторно ја разгоре загриженоста за побарувачката кај најголемиот увозник во светот. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше за 1,08 долари пониска од вчерашното затворање и изнесуваше 92,06 долари. Ја затвори вчерашната […]

Индустриското производство во ЕУ и во еврозоната забави во септември


  Индустриското производство во ЕУ и еврозоната нагло забави во септември, покажуваат податоците на Европскиот завод за статистика. Индустриското производство се зголеми и во ЕУ и во еврозоната за 0,9 отсто во споредба со август, кога во Унијата се зголеми за 1,5 отсто и за 2,0 отсто во областа на примена на заедничката европска валута, […]

Грковска – Агелер: Продолжува партнерството со САД за поефикасни антикорупциски политики 


  Потребата за промена на пристапот во однос на антикорупциските политики со цел да се постигнат подобри резултати, беше една од главните тема на денешната средба на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска со новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. Како што соопшти владината Прес-служба, Грковска и посака топло […]

Ковачевски очекува фирмите што се нелегално на регулираниот пазар да се вратат брзо на слободниот пазар


  Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски очекува што поскоро на слободниот пазар да се вратат фирмите кои нелегално се префрлени на регулираниот пазар. Тој признава дека тие можат да ја оптоварат цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи. – Да, се согласувам. Тоа треба да биде брзо затоа што тие […]

За Песков, резолуцијата на ОН за репарациите за Украина е „формализирање на грабежот“


  Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека резолуцијата на Генералното собрание на ОН за репарациите за Украина е „формализација на грабежот“ на руските златни и девизни резерви. -Се разбира, организаторите на овој процес се обидуваат да го завршат грабежот на нашите златни и девизни резерви, што се целосно незаконски блокирани. Всушност, тоа е […]

Спасовски : Лажните дојави трошат многу сили и ресурси, но полицијата е апсолутно подготвена


Да се влијае на политичкиот момент во државата, да се влијае на капацитетот на институциите, да се влијае на граѓаните преку предизвикување вознемиреност, несигурност, да се се пласираат лажни дојави, лажни вести се практично целите кои сакаат да се постигнат со лажните дојави на бомби, кои се случуваа изминатите недели во повеќе скопски средни училишта, […]

Собранието ги донесе законите за здолжување на државата кај ММФ и Светската банка


  Собранието попладнево ги донесе законите за задолжување на земјава кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност и за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување […]

Холандскиот шеф на дипломатијата од засолништето во Киев: „Гледајте што прави Русија, а не што зборува“


  Холандскиот министер за надворешни работи, засолнет од руски ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, изјави за Си-Ен-Ен дека е важно да се обрне внимание на „што прави Русија, а не на она што го кажува“. Вопке Хоекстра пристигна во вторникот наутро на состанок со украинските власти. Ракетниот напад во вторникот, рече тој, повторно […]

Во притвор 50 лица во врска со нападот во Истанбул


Турција – Турската полиција уапси неколку осомничени во врска со бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест лица, а неколку десетици беа ранети, со што бројот на приведени се искачи на 50, соопшти денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг, без да даде други детали. Државната агенција Анадолија објави дека полицијата привела двајца браќа идентификувани […]

Пивара Скопје и Публицис со награда на фестивалот SoMo Borac


  Проектот SmoothON на Пивара Скопје осмислен и реализиран од Публицис Скопје е победник во категоријата SoMo Growth на регионалниот фестивал за дигитален маркетинг, SoMo Borac. Платформата SmoothON за македонска авторска музика беше препознаена како исклучително успешен начин за промовирање на македонските артисти и нивната музика. Јубилејното, десетто издание на фестивалот SoMo Borac се одржа […]

Хаотични сцени во кинески град по порастот на инфекциите од ковид (Видео)


  Толпи луѓе во јужниот кинески град Гуангжу ги урнаа низ бариерите за ковид и маршираа по улиците во хаотични сцени во понеделникот вечерта, според видеата објавени на интернет, во знак на јавна огорченост поради владините ограничувања. Меѓу најновите епидемии во Кина, Гуангжу има најголем број случаи, со нови дневни инфекции на Ковид-19 кои за […]

Германија субвенционира проекти во странство поврзани со водородот во вредност од 550 милиони евра


  Германија најави дека со 550 милиони евра во странство ќе субвенционира проекти поврзани со користење на водород како извор на енергија. – Водородот е голема надеж и клучна технологија кога станува збор за замена на фосилните горива во индустријата со обновливи облици на енергија, изјави денеска германската министерка за развојна помош Свења Шулце на […]

Во Канада пронајдена англиска паричка искована 70 години пред откривањето на Америка


  Откритието на златната паричка на јужниот брег на Њуфаундленд во Канада може да ги доведе до историскиот наратив за првиот европски контакт во регионот, затоа што претходи на доаѓањето на истражувачот Џон Кабот на островот најмалку 70 години. Во соопштението за јавност минатата недела, Владата на Њуфаундленд и Лабрадор рече дека англиската паричка во […]

Чинот на реституција на иконите е историски


„Изразувам огромна благодарност за сиот професионален и стручен ангажман на тимот, кој сиве овие години работеше синхронизирано, и со една цел – враќање на иконите во земјава. Исто така, изразувам благодарност и до албанската страна со која бевме во постојан контакт, постојано разменувавме информации и стручни мислења“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во […]

Табаковиќ: Инфлација од 15 отсто во Србија е над очекувањата и сѐ уште не е достигнат пикот


  Инфлацијата во Србија во октомври годинава изнесува 15 отсто на годишно ниво и е повисока од очекуваното, што е последица на поскапувањето на енергентите и храната на светскиот пазар, изјави гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Таа на презентација на ноемврискиот извештај за инфлацијата посочи […]

Заврши собраниската расправа за задолжувањето кај ММФ, гласањето дополнително


  Пратениците денеска ја продолжија 92. пленарна седница и ја завршија расправата по Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност, по скратена постапка. Пред редовната пазуа до 15:30 часот пратениците дебатираа за Предлог законот за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка […]

Палестинец уби тројца Израелци со нож во Западниот Брег и беше застрелан


  Тројца Израелци се убиени, а тројца се повредени во напад со нож и со автомобил во и околу населбата Ариел на Западниот Брег во вторникот наутро, соопшти војската и медицинските лица. Според израелските одбранбени сили, палестински напаѓач со нож избодел чувар во близина на влезот на индустрискиот парк Ариел. Тој потоа избодел три лица […]