Бочварски: Потребна е забрзана изградба на транспортните коридори и силна поддршка од ЕУ


 

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска пред Министерскиот совет на Транспортната заедница за Западен Балкан во Брисел ја претстави стратешката определба на Владата за изградба на патниот и железнички Коридор 8 со посебен акцент на доизградбата на железничкиот крак Исток – Запад за постигнување на ТЕН-Т стандардите на транспортната мрежа.

На Советот се разговараше за напредокот на имплеметација на акциските планови во делот на патниот и железнички транспорт, транспортното олеснување и подигнување на безбедноста на патиштата во земјите од Западен Блакан.

Бочварски на средбата го нотираше Коридор 8 како значаен правец за регионалната интеграција и побара од Европската Комисија, да биде вметнат во единствениот Европски Коридор за Западен Балкан.

-Имајќи предвид дека и во железничкиот и во патниот Коридор 8 недостасуваат делници кои треба да се изградат односно надградат за да бидат на ниво на барањата на Трансевропската транспортна мрежа ТЕН-T мрежата, ова бара време, но и огромни финансиски средства.Поддршката од ЕУ, поконкретно од Европската комисија е суштинска. И во оваа прилика ја бараме вашата поддршка во реализирање на нашето барање за влез на нашите коридори во основната ТЕН-Т мрежа, особено на западниот дел од Коридорот 8. Нотираме дека регионалната соработка во Западен Балкан е коориднирана и во однос на реализација за ТЕН-Т Коридорот 8 е на високо ниво, рече министерот Бочварски.

Како што информира Министерството за транспорт и врски, како дел од акцискиот план, министерот го истакна воспоставувањето сигурен и безбеден транспорт преку изготвениот нацрт закон за формирање на Агенција за безбедност како и воспоставувањето на Интелигентниот транспорент систем на Коридор 10. За таа цел побара техничка и финаниска помош од Европската Унија.

-Исклучително би ценеле доколку ни се овозможи техничка помош за Агенцијата за безбедност за континуирана и одржлива поддршка во воспоставувањето и функционирањето на целокупниот систем за безбедност на патиштата во земјата на принциот на т.н. „Safe system approach“. Во исто време би сакал да потенцирам и за огромната потреба од финансиска поддршка во смисла на поголем пристап до грант средства, особено за сложените регионални инфраструктурни проекти, истакна министерот Бочварски.

Во делот на постигнување на целите за услогласеност на Транспортната мрежа со ЕУ, министерот Бочварски нотираше дека Република Северна Македонија напредува со добра стапка која е на нивото како и земјите од Западен Балкан.

На состанокот покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министрите за транспорт и инфраструктура од земјите од Западен Балкан, како и претставници од Владата на Грузија, Молдавија и Украина.

Во рамки на Министерскиот совет се потпиша и Декларација за воспоставување на поблиска соработка во транспортниот сектор меѓу ЕУ, земјите од Западен Балкан и Грузија, Молдавија и Украина како чекор понапред во развојот на меѓународниот транспорт во Европа.