САД: На републиканците им треба само уште едно место за контрола на Претставничкиот дом


Лидерот на републиканците во Домот, Кевин Мекарти

 

Републиканците се на работ да ја преземат контролата над Претставничкиот дом на САД, откако во понеделникот беа прогласени за победници во пет изборни трки.

Партијата очекуваше огромна победа во долниот дом на Конгресот поради високата инфлација и незадоволството од администрацијата на Бајден. Но, имаше неочекувано силна поддршка за демократите, кои го контролираат Домот од 2019 година.

Дури и ако републиканците навистина победат (им недостасува само уште едно место) во Претставничкиот дом, веројатно е дека ќе ја имаат најтесната разлика во 21. век.

Речиси една недела од среднорочните избори, трите победи во Калифорнија и Њујорк ги донесоа републиканците на 217 места, едно помалку од 218-те потребни за да има мнозинство.

Во понеделникот вечерта Мишел Стил и Кен Калверт беа реизбрани во Калифорнија по тесните борби против нивните демократски ривали. Двете трки станаа поконкурентни оваа година благодарение на прераспределбата на конгресните мапи во Калифорнија.

Во Њујорк, републиканците, исто така, ја освоија областа која гласаше за демократите на последните два претседателски избори.

Остануваат 14 трки кои допрва треба да бидат одлучени, повеќето од нив во Калифорнија.

Републиканците во Домот се состанаа зад затворени врати доцна во понеделникот, кога започна борбата за спикер. Лидерот на малцинството, Кевин Мекарти, сака да ја заклучи поддршката за улогата, но е подготвен да се соочи со приговори од десницата на неговата партија.

Партиските лидери се соочуваат со бурни реакции поради разочарувачките перформанси на среднорочните избори. Мекарти вети големи победи, со најразновидна класа на регрутирани републиканци досега, но гласачите отфрлија многу од поекстремните кандидати и негирачите на изборите кои се приврзани кон Трамп.

Ако републиканците победат во Претставничкиот дом, Мекарти ќе се соочи со формално гласање за да стане спикер кога новиот Конгрес ќе се состане во јануари.

Доналд Трамп го поддржува Мекарти за спикер, но дури и неговата поддршка не е гаранција. Конзервативната пратеничка група за слобода, која обично се усогласува со Трамп, бара отстапки од Мекарти пред да му ја дадат својата поддршка. Тие имаат долг список на прашања – од главни позиции во комисиите на Домот до гаранции дека можат да имаат улога во обликувањето на законодавството.