Oд утре леб и за 32 денара, поевтини млечни производи по Нова година


Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денара. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 проценти. Снижувања за над 10 отсто се можни и кај месните производи доколку Владата […]

Макрон во посета на САД


САД – Францускиот претседател Емануел Макрон пристигнува денеска во посета на американскиот колега Џозеф Бајден со главна порака дека Европската унија ќе воведе мерки под мотото „Купи европско“ доколку Вашингтон значително не го намали протекционизмот преку Законот за антиинфлација (ИРА), што е во всушност уште посилно продолжување на политиката „Америка на прво место“,воведена од поранешниот шеф […]

Пенов и Касами ќе потпишат договор за проект за заживување на занаетите


Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов денеска ќе одржи средба со градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, а целта е потпишувањe договор за кофинансирање на проектот на ИПА Прекугранична програма со Косово 2014-2020 – „Заживување на занаетите и градење култура за заеднички туристички развој”. Во рамки на проектот e предвидена инвестиција од над 300 илјади […]

Краткиот игран филм „Шеќерни луѓе“ на фестивал во Франција


Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски денеска од 16:30 часот и в петок (2 декември) од 14 часот ќе биде прикажан во меѓународната селекција на 40-тиот филмски фестивал „Tous Courts“ во Екс-ан-Прованс, Франција.   Како што соопшти „Сузи Кју продукција“, филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм и досега […]

„Мојот дневник“ – изложба на Беди Ибрахим во Истанбул


Во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Турција, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мојот дневник“ на Беди Ибрахим. Творештвото на Беди Ибрахим во изминативе децении сведочи за импресивно мултимедијално творештво, каде е присутна основната идеја и мотив за концептот на неговите преокупации и личниот уметнички ракопис. Тој твори во […]

Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски


Книгоиздателството „Ми-Ан“ вечер од 19.19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе ја промовира книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски. Изданието е по повод 85 години живот и 65 години творечка дејност на Павловски – писател, енциклопедист и публицист. – Веднаш по појавувањето во 1990 година, култниот роман на Јован Павловски „Сок […]

Автентична храна и музика од Босфорот во Скопје


Спој од оригинални гастрономски специјалитети и традиционална музика кој ќе ја пренесе оригиналната атмосфера на Босфорот во Скопје, вака е најавен „Автентичниот вкус на турската кујна“ – настан што ќе се одржува од денеска до 3 декември годинава во главниот град. Домаќин е хотелот „Лимак“, а за автентичноста на настанот ќе се погрижат врвни готвачи […]

Повремени врнежи од дожд, а на планините од снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени. Во Скопје ќе биде облачно […]

Ѕирнете во луксузното сместување на Бекам во Доха: Престојуваше во „хотел во хотел“, ноќевање чини 20 илјади долари


  Дејвид Бекам престојуваше речиси една недела во еден од најлуксузните хотели во Доха, каде ноќевање чини 20 илјади долари. Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е амбасадор на Светското првенство во Катар, а престојувал во еден од најлуксузните хотели во Доха. Според Дејли Мејл, фудбалерот го изнајмил апартманот „Бараха Вју“ во хотелот „Мандарин ориентал“ со пет […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 30 ноември 2022 година, 334-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 31 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минути, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа 22 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее 12 […]

Англија и САД се пласираа во осминафиналето на Мундијалот


  Фудбалските репрезентации на Англија и САД се пласираа од групата Б во осминафиналето на светското првенство чиј домаќин е Катар. Англија го освои првото место со седум бода, а втората победа во групата ја забележа против Велс кој го совлада со 3-0. Англичаните го надиграа противникот во вториот дел кога ги постигнаа сите голови. […]

Изложба на скулптури на Славчо Спировски  во македонскиот КИЦ во Загреб


Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб синоќа беше отворена самостојната изложба „Аголност на илузијата на пакетирањето“ на скулпторот Славчо Спировски, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Директорката на Центарот, Наталија Поповска истакна  дека ѝ е особено драго што токму концептуалната уметност на Спировски го заокружува годинашниот циклус изложби што во хрватската престолнина ја претставуваат македонската […]

Заедничка изјава на шефовите на дипломатиите на земјите од НАТО: Никогаш нема да ја признаеме руската илегална анексија


  Во заедничката изјава од дводневниот состанок во Букурешт, шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО предупредија дека „руската агресија, вклучително и нејзините упорни напади врз украинската цивилна и енергетска инфраструктура, лишува милиони Украинци од основните услуги“.   „Тоа влијае на снабдувањето со храна во светот и им се заканува на најранливите земји и народи […]

Нов земјотрес со јачина од 5 степени во близна на грчкиот остров Евија


  Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистриран вечерва кусо по 22 часот по локално време во морскиот дел источно од островот Евија, со ист епицентар каде што рано утрово беа регистрирани три земјотреси меѓу 4,1 и 4,7 степени, јави дописничката […]

Малолетничка од Скопје со остар предмет ја нападнала својата мајка


Вчера (28.11.2022), во Полициската станица Аеродром било пријавено дека малолетничка од Скопје, со остар предмет ја нападнала својата мајка.  Деталите за случајот ги соопшти Министерството за внатрешни работи. -На 28.11.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека околу 18.30 часот во дом на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, малолетничка со остар […]

Одлука на Владата за реконструкција на две основни училишта во Куманово


 На предлог на Министерството за образование и наука, Владата денеска на седница разгледа и усвои Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за градежни работи за реконструкција на објектите на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ во Куманово, како и услуги за вршење на стручно-технички надзор врз реконструкција. – Притоа беше задолжено Министерството за […]

Арсовска: Не се преговара со луѓе што уценуваат


 Не се преговара со луѓе што уценуваат и навредуваат и кои тоа го прават зашто вистината не е на нивна страна. Нема да се подлегне на закани и уцени, рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за тоа дали ќе има договор со приватните превозници кои дадоа рок до петок или повторно ќе го блокираат сообраќајот […]

Владата го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот за безбедност со храна во Западен Балкан


 Владата на денешната седница го разгледа и усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан предложен од Министерството за надворешни работи. Со овој Договор, членките на иницијативата Отворен Балкан ја потврдуваат неопходноста од соработка за спречување и ублажување на потенцијалниот недостиг од основни земјоделско-прехранбени […]

Опожарени три контејнери кај Бит пазар – третпат годинава


Непознати сторители вечерва опожарија три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 м3 и се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад,  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје опожарените садови веднаш ги […]

Државна вечера во чест на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер


По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис-секторот коишто остваруваат економска соработка со Германија. Во рамки на свечената вечера, соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели имаа протоколарни обраќања […]