Ѕирнете во луксузното сместување на Бекам во Доха: Престојуваше во „хотел во хотел“, ноќевање чини 20 илјади долари


 

Дејвид Бекам престојуваше речиси една недела во еден од најлуксузните хотели во Доха, каде ноќевање чини 20 илјади долари.

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е амбасадор на Светското првенство во Катар, а престојувал во еден од најлуксузните хотели во Доха.

Според Дејли Мејл, фудбалерот го изнајмил апартманот „Бараха Вју“ во хотелот „Мандарин ориентал“ со пет ѕвездички, кој се наоѓа на највисокиот кат и чини 20.000 долари од ноќ.

Апартманот има сопствена трпезарија, приватен вратар, отворен двор, приватен базен и теретана, а фудбалерот поминал речиси една недела таму и се одјавувал во текот на викендот бидејќи во медиумите станало познато дека таму престојува.

„Персоналот го сакаше, го викаа „Сер Дејвид“ бидејќи беше полн со почит, а сите го почитуваа исто така. Беше многу љубезен и шармантен кон вработените во хотелот и изгледа како добар човек“, изјави извор за Дејли Мејл.

„Другите гости на хотелот речиси и да не го виделе бидејќи апартманот во кој престојувал бил како хотел во хотел, па не морал да се меша со други“, открил изворот.

За време на престојот во луксузниот хотел, Дејвид имал и личен готвач, а познато е дека му подготвувал јапонски Кобе стек и разни јадења со тестенини.

За да ги избегне папараците, Бекам имал приватно лоби и излез од хотелот, а низ градот се движел со лимузина.

Бекам сам отпатува за Катар, додека неговата сопруга Викторија и нивните деца престојуваа во Велика Британија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)