Женска судиска тројка прв пат ќе дели правда на Светско фудбалско првенство за мажи


  Прв пат во историјата на фудбалот, женска судиска тројка е назначена на натпревар на Светското првенство во машка конкуренција. Историјата ќе биде испишана на натпреварот помеѓу Костарика и Германија на кој главна судијка ќе биде Стефани Фрапарт од Франција, а асистентки Неуза Бак од Бразил и Карен Дијаз од Мексико. Натпреварот ќе се одигра […]

ЕУ потрошила рекордни 12,5 милијарди евра за увоз на руски ЛНГ, петпати повеќе од лани


  Европската унија ја намали зависноста од руските енергетски извори со забраната за увоз на јаглен и планираното ембарго на нафтата, но увозот на едно руско гориво бележи раст и веројатно нема да се соочи со бојкот на ЕУ во скоро време. Европскиот увоз на течен природен гас (ЛНГ) од Русија за една година се […]

Седум тоалети и златна торта: Порша Вилијамс со најгламурозна свадба во шоубизнисот (фото)


САД– Ѕвездата на  „Вистински домаќинки“ од Атланта, Порша Вилијамс и Сајмон Гуобадија повторно размениле завети на втората венчавка во Атланта , еден ден откако се венчаа за прв пат во нејзиниот роден град. Додека минатиот пат, ѕвездата од Браво и нејзиниот сопруг, претприемач од Нигерија, се венчаа на церемонија според закони и обичаии на Нигерија, […]

Морачанин бара топланите да работат на гас без оглед на цената


Претседателката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин во интерес на здравјето на граѓаните, бара топланите во Скопје да продолжат да работат на гас. Морачанин, која во неделата доби втор мандат како претседателка на оваа партија, во интервју за МИА вели дека ќе инсистираат да се почитуваат нивниот став и барање работата на топланите да продолжи […]

Загледајте се во „Месечината“ со КОД 369 (видео)


„Мјесечина“ е вториот сингл на македонскиот бенд CODE 369, издаден на хрватски јазик за Croatia Records. Видеото во продукција на Encore Media Production и Дејан Трајчевски јасно ја пренесува мистичната атмосфера на месечева ноќ. Овој пат, фронтменката на групата Ирена Димовска го испеа „искрениот порив на секое човечко суштество да ги надмине личните и општествените очекувања […]

Денес пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот


Близу четири месеци од првото рочиште од судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје, во Основниот Кривичен суд денеска ќе биде објавена пресудата за случајот во кој се обвинети Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Во овој процес, Основното јавно обвинителство – […]

Отворен „Екс-ју рок-центар“ во БиХ


БиХ – Со почетокот на изложбата „Ме шокираш, жими мајка!“, сношти свечено беше отворен „Екс-ју рок-центарот“ во Домот на млади „Скендерија“ во Сараево, БиХ. Во музејот се изложени речиси 200 оригинални артефакти, а сувенирите, фотографии, аудио и видеоекспонати ќе ги оживеат спомените за минатото кај посетителите од Сараево и пошироко, објави „Кликс“. „Екс-ју рок-центарот“ има за цел […]

Анкета: Виена повторно најнедружељубив град


  Австрија – Во годинешната класификација на организацијата „Интернационс“, којашто спроведува анкети меѓу луѓето со неавстриски корени, Виена повторно е меѓу градовите со најдобри услови за живот. Но, листата под наслов „Expat City Ranking 2022“, и оваа година го смести австрискиот главен град на последното место во категоријата „дружељубивост“. Во анкетите во последните години, лошото расположение на […]

Шведски институт: Половина светски демократии се во распаѓање


  Половина од светските демократии се во состојба на пропаѓање со влоување на граѓанските слободи и владеењето на правото, ао авторитарни власти кои стануваат порепресивни, предупреди во средата Институтот за демократија и изборна помош (ИДЕА) со седиште во Стокхолм. Во својот годишен извештај ИДЕА наведува дека демократските институции се потпкопуваат поради проблеми кои вклучуваат ограничување […]

30 ноември во историјата – „Фоли берже“ ја одржа првата ревија


  Некогаш сала за оперети, пантомима, политички состаноци и водвиљи, „Фоли берже“ во Париз воведува елаборирана ревија во која се претставени жени во сензационални костими на 30 ноември 1886. Многу популарното „Place aux Jeunes“ го воспостави „Фоли“ како главно место за ноќен живот во Париз. Во 1890-тите, „Фоли“ го следеше парискиот вкус за стриптиз и […]

Вархеи: Кандидатски статус за БиХ е можен веќе на 15 декември


 Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеи, изјави дека доколку продолжи забрзаниот процес на формирање влада во БиХ на сите нивоа, Европскиот совет веќе може да  одобри статус кандидат за членство во Европската Унија на БиХ на 15 декември, по самитот ЕУ-Западен Балкан. Во интервју за РТРС, Вархеи рече дека тој […]

Тројца загинати, 23 повредени во самоубиствен напад во Пакистан


 Три лица загинаа, а 23 се повредени кога бомбаш самоубиец денеска нападнал полицискa патрола во западен Пакистан, соопшти официјален претставник. Најмалку 15 од повредените се полицајци. Високиот полициски функционер Азхар Мехесар изјави дека целта на експлозијата бил полициска единица што се подготвувала да обезбедува тим за вакцинација во градот Квета. Меѓу загинатите се „полицаец, жена […]

Д-р Стевановиќ: Мора да бидеме одговорни, ковидот е уште меѓу нас


Состојбата со коронавирусот во земјава остава впечаток дека работите се мирни. Во моментов, во регионот состојбата со Ковид-19 е стабилна, но во Кина минатата недела беа регистрирани 32.695 случаи на инфекција со коронавирус. Иако е далеку од нас, д-р Милена Стевановиќ, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во изјава за МИА […]

Штајнмаер на прошетка низ Скопската чаршија и на средба со екипата на „Медена земја“


Германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмаер во рамки на дводневната официјална посета на земјава денеска ќе прошета низ Старата скопска чаршија, а во Чифте аман ќе се сретне со екиптата на македонскиот документарен филм „Медена земја“. Тој ќе има средба и со младинци посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование. Попладне Штајнмаер […]

Мараја Кери ќе го отвори својот апартман за „божикно искуство“ во Њујорк


  САД– Мараја Кери го прави Божиќ уште помагичен оваа година. Музичката легенда се здружи со Booking.com за да им посака добредојде на двајца гости во нејзиниот вистински пентхаус во Њујорк за многу посебен престој – како и да подготви целосен план на нејзините омилени зимски активности за победниците да уживаат. За само 20,19 долари […]

„Од Климента до Блажета“ – нова книга на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ


Од печат деновиве излезе книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов, публицист, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје, и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор во пензија и македонски книжевен историчар и теоретичар. Книгата „Од Климента до Блажета“ се состои од три дела. Првиот дел содржи 12 радио – интервјуа […]

Од Џејмс Браун до Френк Синатра-  концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Центарот за култура


Вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за култура во Битола, под диригентската палка на Марјан Бакревски пред битолската публика ќе настапи возобновениот Битолски дувачки оркестар кој од 2015 година изненадува со интересни тематски репертоари на своите настапи.  „Џез, фанк и соул звуци со познатите хитови на Џејмс Браун, Френк Синатра и Стиви […]

Состојба на патиштата


ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на […]

Отворен конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ


Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните награди за најдобри книжевни остварувања во календарската 2022 одина, чии автори се членови на асоцијацијата. Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците […]