Утре повремени врнежи од дожд, а на планините снег


Времето утре ќе биде облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално, особено во јужните делови, во текот на ноќва и утре врнежите ќе бидат пообилни, над 35 литри на метар квадратен, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. В петок и […]

Стивен Спилберг има Ковид, ги пропушти наградите „Готам“


  САД– Стивен Спилберг требаше да и ја додели на почеста на Мишел Вилијамс  на наградите Готам , но ги пропушти бидејќи има Ковид. Variety дознава дека режисерот на „The Fabelmans“ бил позитивен пред отворањето на црвениот тепих за годишната гала, но Пол Дано ја потврди веста кога го замени Спилберг за почитта на Вилијамс. […]

Вкупно 52 години казна затвор за убиството на ракометарот Тот


  Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје денеска ги огласи за виновни обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. На обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“. Судскиот процес го води […]

Обвинет скопјанец кој нападнал учесник на Парадата на гордоста, за насилство сторено од омраза


Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело „насилство“. -На 29.06.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице. Делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот […]

Пад на инфлацијата во Еврозоната првпат после 17 месеци


Инфлацијата во еврозоната падна за првпат во последните 17 месеци, што ги зголеми надежите дека најголемиот пораст на цените за една генерација го достигна врвот и Европската централна банка ќе може да се префрли на помали зголемувања на каматните стапки следниот месец. Забавувањето на цените на енергијата и услугите помогнаа инфлацијата во блокот на единствената валута да падне […]

Советот на ЈО нема кворум за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, по Фетаи и Рустеми ја повлече кандидатурата


Советот на Јавни обвинители нема кворум за закажување на седница за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во изјава за МИА, вели дека најрано што очекува да се обезбедат услови е кон средината на декември, но не гарантира дали тоа ќе се случи. […]

Над 700 предмети на „Флитвуд Мек“ одат на наддавање


САД– Повеќе од 700 инструменти, награди, облека, мебел, уметност, накит и други лични предмети на „Флитвуд Мек“ се очекува да бидат продадени за голема сума пари на дводневна аукција на 3. и 4 декември во Беверли Хилс. Дел од приходот е наменет за „Мјузикејрс“ (MusiCares), организација за помош и рехабилитација на музичарите. Предметите се во сопственост […]

Штајнмаер испи чај и изеде баклава во Скопската чаршија


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговиот домаќин, шефот на државата, Стево Пендаровски, утрово посетија работилница за филиграни во Старата скопска чаршија, каде се запознаа со изработката на накит и експонати на македонски рубин. Двајцата претседатели потоа во кафе бар во ориентален стил пиеја чај и беа послужени со домашно подготвена баклава и трилече. Оттаму се […]

ФФМ обезбеди финансиска поддршка за клубовите од ЖМФЛ


Во „Куќата на фудбалот“, раководството на Фудбалската федерација на Македонија, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски и неговиот заменик Дрилон Ганиу, оддржаа состанок со претставници на сите клубови од Првата женска фудбалска лига, соопшти ФФМ. Поповски им ја претстави на клубовите процедурата која се однесува на Правилникот за лиценцирање и соодветните спортски, инфраструктурни, административни, […]

Столтенберг: НАТО ја зголеми поддршката за БиХ, Грузија и Молдавија по руската агресија врз Украина


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Букурешт изјави дека руската агресија врз Украина доведе до зголемена поддршка на Алијансата за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија. На почетокот на третата, последна седница на Северноатлантскиот совет (НАЦ) на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Столтенберг рече дека трите земји партнери со години ја […]

Цената на патарините останува иста


Засега останува иста цената на патарините во државава, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на конференцијата „Безбедност на патиштата, предизвици и мерки за безбедни патишта“. Рустеми информираше дека продолжуваат со модернизација на патарините на Коридорот 8. – Како ЈПДП продолжуваме со модернизација на патарините […]

Анкета: Поскапувањата на цените, инфлацијата и тешката зима се најголем проблем за осум од десет Грци


 Поскапувањата на цените, инфлацијата и тешката зима се главен проблем за Грците, поделено е мислењето на анкетираните во однос на составот на следната Влада по изборите, а Нова демократија е во предност од осум отсто пред СИРИЗА, се дел од резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Marc“ за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката […]

Спасовски за синот на заменик-министерот: Секој кој направил прекршок ќе одговара


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за вмешаност на синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши во кражба на масло од канабис од фабриката „5 Леттерс“, рече дека станува збор за шпекулации и дека денеска ќе информираат за случајот, нагласувајќи дека секој кој направил прекршок […]

Дончиќ го постигна петтиот трипл-дабл во кариерата со 40+ поени


  Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ, ноќеска го постигна својот петти трипл-дабл во кариерата со 40+ поени во победата над Голден Стејт со 116:113. Дваесет и тригодишниот Словенец постигна 41 поен, забележа 12 скока и 12 асистенции. Дончиќ го мина легендарниот Вилт Чембрлен за вториот најголем трипл-дабл од 40+ поени во историјата на НБА во […]

ЕСМ: Греење ќе има цел декември


АД ЕСМ ги известува граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. За  декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС и топлинска енергија од ТЕ ТО. АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски […]

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023


  Од денеска почнува амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година. Поднесени се 263 амандмани од кои 199 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во понеделникот заврши општата расправа во текот на која власта и опозицијата ги изнесоа своите ставови. Според парламентарното мнозинство, проектираните буџетски ставки ќе овозможат економско заздравување и справување со последиците од енергетската криза, а […]

Амбасадорите на ЕУ одобрија укинување на визите за Косово


 Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска одобрија укинување на визниот режим за Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година. Како што е најавено во Брисел, амбасадорите на земјите – членки на ЕУ денеска договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседателот на ЕУ ќе ги започне […]

Навестен пробив во лекувањето на Алцхајмеровата болест


САД– По десетлетија неуспех, сега науката најавува нова ера на лекувањето на Алцхајмеровата болест – најчестиот облик на деменција. Се работи за експерименталниот лек „Леканемаб“ (Lecanemab). Лекот делува во раните фази на болеста. Самиот процес е насочен кон тн. бета-амилоид – супстанција што се акумулира во мозокот на луѓето со оваа болест. Истражувачкиот институт „Алцхајмер’с ресрч УК“ […]

ММФ: Јавните финансии се здрави, долгот е одржлив


  Економските фундаменти се силни додека властите преземаат соодветни мерки за справување со ефектите од надворешниот шок. Јавните финансии се здрави, a јавниот долг е одржлив, што е утврдено со ригорозна и систематска анализа на одржливост на долгот, се наведува во извештајот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која ја оценуваше земјава за пристап […]

Орбан веќе нема никого да му го чува грбот во ЕУ


Полска и Унгарија се лошите момци на Европската унија кои извесно време си го потпираа грбот. Инвазијата на Владимир Путин на Украина сега се чини дека може да предизвика распад. Најновиот обид на ЕУ да ја казни Будимпешта за начинот на кој ја задави демократијата може да биде момент кога Полска ќе открие колку е […]