ЕУ ќе и конфискува на Русија 300 милијарди евра


Белгија – Европска комисија денеска објави дека предложила план за конфискација на руски средства што се замрзнати за да се казни Москва за нејзината инвазија врз Украина. – Блокиравме 300 милијарди евра, резерви на руската Централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра пари на руските олигарси, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Според неа, […]

Фондацијата  „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2022/2023


За петнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала 619 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а за досегашните активности инвестирани се близу 120 милиони денари. Во согласност со објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2022/2023 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, […]

СДСМ обвинува: ЈСП купува гориво за цена многу повисока од пазарната


 Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, обвини денес дека  бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ се единствената причина за колапсот што му се случува на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Според Шутаров, ЈСП склучило договор со кој ќе набави 14,5 милиони литри дизел гориво по цена од 100 денари за литар плус […]

РЕС располага со сопствено производство на електрична енергија и нуди најповолни цени за снабдување


Снабдувачот со електрична енергија РЕС (Renewаble Energy Supply), располага со сопствени електрани на обновливи извори во Северна Македонија и во Бугарија, што овозможува неговата понуда на енергија да биде со најповолни услови на македонскиот пазар. РЕС единствен на пазарот нуди фиксни цени на електричната енергија, бидејќи компанијата ја користи енергијата и од производните капацитети на […]

Во третиот квартал се родиле 189 лица помалку отколку што починале


  Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4.956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3,0 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица бележи намалување од 28,9 отсто во споредба со лани, односно 5.145 лицa, од кои […]

О2: Буџетот за животната средина повторно почнува со нула, загадувањето останува на маргините


Буџетот е во Собранието, е најголем до сега, но она што е одвоено за животна средина е маргинално, само 0,65 отсто. Сите овие изминати години, овој процент е минимален и почнува со нула, со исклучок на 2022 година каде се издигна над 1 отсто од Буџетот, но колку ќе биде реализирано на крај на годината, […]

Вкупните средства на останатите финансиски институции достигнаа 2,8 милијарди евра


  Во третиот квартал годинава, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаа ниво од 173.854 милиони денари (околу 2,8 милијарди евра), што претставува квартално зголемување од 4.256 милиони денари (околу 69 милиони евра), соопшти Народната банка. Најголемо учество во структурата на средствата на ОФИ и понатаму имаат пензиските фондови со 64,9%, а по нив […]

Поставена интернет архива со дела на Љубомир Бранѓолица


Со цел да се зачуваат делата на македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, кој ова година наполни 90 години, поставена е интернет платформа, на која се сместени негови дела во дигитална форма. Идејата на авторот на овој проект, Андреј Блажевски, е евидентирање и трајно зачувување на материјалните партитури во дигитален формат, што е направено преку процесот „фото-дигитализација“, […]

Таткото на Тот: Сопругата и јас одиме на гробишта два пати дневно


  Обвинетите за убиството на ракометарот Денис Тот во македонија, добија казна затвор од по 18 односно 16 години, или тројцата вкупно 52 години. Денис Тот беше претепан пред ножен клуб во градскиот парк во Скопје, по што почина. На судењето, обвиниетите Анџело Георгиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (22), изјавија дека не […]

„Добро стареам“ – Шанаја Твејн на 57 години позираше гола за новиот албум


САД– Неодамнешното објавување на документарниот филм на Шанаја Твејн за Нетфликс, Not Just a Girl, ја отвори вратата кон најновиот – а можеби и најличен – дел од нејзината кариера. Кантри-поп сензацијата неодамна го објави претстојното пристигнување на нејзиниот последен албум, Queen of Me, заедно со придружната турнеја. И како што кажува насловот, плочата е […]

Девизните резерви во октомври 3,75 милијарди евра


  Девизните резрви на крајот на октомври годинава изнесувале 3.752,6 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (64,9%), по што следуваат валутите и депозитите (25,3%) и монетарното злато (9,7%). Во септември девизните резерви изесуваа 3.753,8 милиони евра.

Каматите почнаа да растат, новоодобрените кредити поскапи за 0,5 процентни поени од лани


  Во октомври годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,05 п.п. и изнесувала 4,40%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесува 0,74% и оствари месечно зголемување од 0,04 п.п., додека на годишно ниво бележи пад од 0,03 п.п., соопшти […]

Европски филмски предизвик до 29 јануари, ве носи на Берлинале


Во тек е Европскиот филмски предизвик, на кој во текот на десет недели најпосветениот гледач ќе треба да изгледа десет европски кинематографски остварувања за да биде награден со патување на реномираниот филмски фестивал „Берлинале“. Предизвикот почна на 21 ноември а ќе трае до 29 јануари. Проектот во земјава го имплементира Центарот за социјални иновации „Блинк […]

Драмски театар гостува на фестивалот РУТА Група Триглав во Белград


 По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА Група Триглав од 1 до 6 декември ќе се одржи во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува на 2 декември со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“. Со оваа претстава театарот годинава гостуваше на регионалните […]

Тупанчески: Дигиталната судница нуди најсовремени услови за спроведување на судски процес


Министерот за правда, Никола Тупанчески, на денешното отворање новоопремената дигитална судница во Казнено-поправната установа Идризово истакна дека оваа судница нуди најсовремени услови за спроведување на судски процес. Меѓу придобивките што ги носи оваа судница, Тупанчески рече дека функционалниот аудиоконференциски систем дава можност за судење без физичко присуство и дека ќе се обезбеди заштита и сигурност […]

Сообраќајот тековно, слаб снег на Стража, Ѓавато, Маврово, Попова Шапка и Крушево


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на планинските премини Стража, Ѓавато како и на Маврово, Попова Шапка и Крушево, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Пенов: Поголема децентрализација ќе има кога ќе има волја


 Процесот за поголема децентрализација на општините е зависен од политичката волја. Ова е резимето на одговорот на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на новинарско прашање кога и како ќе имаат општините поголеми надлежности. Министерот Пенов по денешното потпишување на договор со Општина Тетово, појасни дека најмногу се мисли на финансова децентализација односно општините да […]

Француската левица се бори за „правото на мрзеливост“


Француската левица се бори за „правото на мрзеливост“. Јавноста немилосрдно се шегува околу различните идеи на француската левица, иако тие ги отсликуваат сличните тензии во идеолошкиот блок низ САД, Обединетото Кралство и  други земји. Француската левица ретко била толку обединета – и ретко толку поделена. Пет месеци по пристигнувањето на новата, левичарска парламентарна коалиција, среде […]

Девет куќи, 200 илјади долари месечно…Што доби Ким Кардашијан по разводот? 


САД– Кардашијан и Канје Вест сепак ќе бидат соседи откако нивниот развод беше финализиран во вторник. Судските документи до кои дојде PEOPLE покажуваат дека , 42-годишната Кардашијан ќе добие четири домови во Хиден Хилс, Калифорнија, од кои едната е веднаш до имотот што Вест (45) го доби во поделбата. Ѕвездата на Кардашијан доби и дом […]

Со „ламборџини“ и „мерцедес Г-класа“ Албанците во Лондон ја славеа независноста и го блокираа градот


   Стотици Албанци во ноќта на 28 ноември излегоа на улиците на Лондон со блескави автомобили за да го прослават денот на независноста на нивната земја. Видео снимката споделена на интернет покажува дека „ауди“, „ренџ ровер“ и „порше 4×4“ го запираат сообраќајот околу Вестминстер додека полицајците од Метрополитен полицијата се обидуваат да ги придвижат возилата. […]