Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство 


Американската амбасадорка Анџела Агелер го критикуваше изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во писмен одговор на прашања за редакцијата на „360 степени“ да даде став за целиот процес, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи […]

МОН: Се доделуваат 3.000 стипендии за студентите, три нови категории на стипендии


На интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk објавен е конкурсот за доделување на студентски стипендии за академската 2022-2023 година. Предвидено е да бидат доделени вкупно 3.000 стипендии, а годинава се воведени и три нови категории, кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области. Како што соопшти МОН, прв пат ќе се доделат […]

Јогуртот „Баланс плус“ повлечен од пазарот


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм. Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Дополнително, количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се повлекуваат пакувањата […]

На терен со 800 работници и 400 машини: Автопатот Кичево-Охрид ќе добие на динамика


  Се финализираат работите за асфалтирање на тунелот на автопатот Кичево – Охрид, а делови од делницата се ставаат во сообраќај под времен режим како што завршува изградбата. Пробиени се 95 проценти од трасата, а на терен се работи со над 800 работници и околу 400-тини машини. Пораки да се запази динамиката и продолжениот рок […]

Виктор Димовски навести кривична пријава за Ковачки


Директорот на Агенцијата за национална безбедност од одбрана прејде во напад и денес, по отчетот во Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР, навести кривично гонење на заменик претседателот на ова тело, Драган Ковачки, иако не го спомена по име.  Според Димовским Ковачки бил одговорен што на еден медиум  била објавена фотографија на […]

Во општина Гостивар ќе се отвори „Центар на дијаспора“


  Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска потпиша Договор со министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи за отворање Канцеларија за соработка со дијаспората или „Центар на дијаспора“. Овие канцеларии, како што информира Општина Гостивар, се наменети да имаат посредничка улога и би служеле како центри каде нашата дијаспора ќе добие пристап до […]

Австрија се противи на проширувањето на Шенген зоната со Хрватска, Бугарија и Романија


  Австриското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека земјата се противи на укинување на проверките на границите на Бугарија, Хрватска и Романија, кои се членки на ЕУ, јави ДПА, повикувајќи се на весникот Курир. Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, неделава и официјално предложи трите земји да се вклучат во безвизната европска Шенген зона, […]

Доброволното враќање на парите од д-р Софијанова не ја ослободува од одговорност, вели директорката на детската клиника


Доброволното враќање на неосновано стекнатите надоместоци на име дежурства од страна на екс директорката на Детската клиника, проф. д-р Аспазија Софијанова, не ја ослободува од одговорноста пред законот и надлежните институции, соопшти денеска в.д. директорката  на Универзитетската клиника за детски болести, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ. Таа во соопштение до медиумите вели дека во врска со […]

„Шеќерни луѓе“ награден со уште две награди за најдобра актерка и најдобар актер


Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ е награден со уште две награди на „Арт филм спирит авордс“ (Art Film Spirit Awards) во соработка со „Торонто филм магазин“ (Toronto Film magazine). – Наградите за најдобра актерка и актер на „Арт филм спирит“ во соработка со списанието „Торонто филм“ […]

Има понуда за Попова Шапка, инвестиција над 50 милиони евра


 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од тетовско Боговиње информираше дека државата добила сериозна понуда од странска компанија за инвестирање во развојот на скијачко рекреативниот центар Попова Шапка. Тој вели дека понудата поминала на Комисија за стратешки инвестиции, детали ќе се знаат кога ќе се разговара за тоа на седница на Владата наредната недела. -Оваа недела […]

Тодор Анѓушев: Потребно е да се градат разновидни обновливи извори на енергија


На првиот Балкански економски форум, кој денес се одржува во Скопје, Тодор Анѓушев, директорот на компанијата ЕМС, членка на групацијата Феро Инвест, ја истакна важноста на обновливите извори на енергија за зголемувањето на производството на електрична енергија во Северна Македонија. Зборувајќи на панелот „Согледувања за побрза енергетска транзиција на Балканот“, Анѓушев, кој е и претседател […]

Илиоски европски првак во кикбокс


  Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски ги освои златниот медал во категоријата лоу кик до 86 килограми на Европското првенство кое се одржува во Анталија. Илиоски ја освои титулата европски првак откако во денешното финале го совлада Христо Калајџиев со 3-0. На патот до златниот медал Илиоски забележа идентични победи над Мартин Лоренц од Чешка и […]

Навални префрлен трајно во самица


Русија – Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува затворска казна од единаесет и пол години, соопшти дека е трајно префрлен во самица. Навални изјави и дека неговите права за посети се ограничени, јави денеска Би-би-си. Рускиот опозиционер вели дека овој потег се случил само четири дена пред планираната посета на неговото семејство и дека целта […]

Утврдени лажни фактури во увозот на пелети


  Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури во делот на увозот на пелети. Затоа, како што соопшти денеска министерот Крешник Бектеши, трговците на мало и на големо со пелети се жалат на цената која е замрзната. Според Бектеши, цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, а лажните фактури се кривично […]

Народен правобранител: Голем дел од учениците не знаат каде да пријават повреда на нивното право


 Голем дел од учениците не знаат каде да пријават повреда на нивното право, а најчесто училиштето го препознаваат како орган/институција каде што треба да се обратат –  покажува истражувањето на народниот правобранител во кое се содржани одговори од 1147 ученици од 14 средни училишта од Скопје на анонимен онлајн-прашалник. – На прашањето колку се охрабрени […]

Пенов-Ангелов: Целосно реализирани ИПА прекуграничните проекти помеѓу Северна Македонија и Бугарија


 Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов оствари средба со амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов. На состанокот се разговараше за соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, како и за перспективите на процесот на интегрирање на државата во Европската Унија, информира Министерството за локална самоуправа. Пенов […]

Собранието ги усвои измените на Законот за субвенциониран студентски оброк


Собранието денеска во рамки на продолжението на 91. седница со 58 гласа „за“ и со 21 „воздржан“, го донесе Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, што се носеше по скратена постапка. Со измените на Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да […]

(Видео) Виктор Димовски го најде виновникот за случајот „Онишченко“


  Интерната истрага  за случајот „Онишченко“ констатирала дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО партнерите пред да се даде позитивно мислење за македонскиот пасош на украинскиот олигарх, Олександр Онишченко. Лоциран е „прстенот“ и поединецот што го ставил потписот и ќе се преземе одговорност, информира денеска директорот […]

Затворената седница со Виктор Димовски се емитувала во живо на Јутјуб


Отчетот на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, околу случајот со македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко, доби чуден развој. На говорницата на Собранието пратеникот Павле Трајанов побара објаснување зошто затворената седница, на која Димовски презентираше доверливи документи, била емитувана  во живо на Јутјуб на Собранискиот канал. Тоа беше причина спикерот на парламентот […]

Поштенските пратки на ЕСМ ќе се доставуваат исклучиво преку националната Пошта


Преку АД Пошти ќе се одвива целиот поштенски сообраќај на АД ЕСМ и сите негови подружници во однос на испраќање, пренос и достава на поштенски пратки во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај за комуникација со деловни партнери, а особено во следниот период за испорака на фактури за парно греење до потрошувачите во градот Скопје. Тоа […]