Утрово температурите над нулата, најмногу дожд на Попова Шапка


Утрово во земјава се измерени температури над нулата и тоа еден степен на Попова Шапка, 3 во Лазарополе, 4 Маврови Анови, 5 Крушево, 7 Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Битола, Дебар, Куманово, 9 Крива Паланка, Прилеп, Берово, 10 Скопје-Петровец, 12 Демир Капија, Виница, Струмица, Гевгелија, Дојран и 14 степени во Штип. Во изминатите 24 […]

Столтенберг: Шведска и Финска мораат да ги заострат законите против тероризмот доколку сакаат во Алијансата


  Шведска и Финска треба да ги заострат своите антитерористички закони и да ја зголемат соработката со НАТО, вклучително и со Турција, за борба против тероризмот и терористичките организации како што е Курдската работничка партија (ПКК), изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. -Тоа е важно за Турција, бидејќи Турција е земја членка на НАТО […]

Маричиќ во Брисел ќе го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност“


  Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го отвори тридневниот билатерален скрининг за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност“. Како што соопшти СЕП, на состанокот, на кој ќе присуствува и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, членовите на Работната група ќе ја презентираат позицијата […]

Во пожарот во Москва загинаа најмалку седум луѓе


Најмалку седум лица загинаа во вчерашниот пожар што избувна во магацин за цвеќе во Москва, соопшти руската Служба за цивилна заштита. Седум работници се спасени од пожарот, што беше изгаснат по неколку часа. Во гаснењето на огнот што зафати околу 2.500 метри квадратни учествуваа три хеликоптери, противпожарен воз и 80 пожарникари. Според првичната истрага причина […]

Хрватска го пречекува еврото. Еве како ќе се одвива замената


Хрватска од 1.1.2023 г. го воведува еврото. Хрватското здружение на банки (ХУБ) претходно го објави планираниот тек на настаните по месеци. Подолу е соопштението од ХУБ за тоа како ќе изгледа процесот на преминување кон еврото од денес па натаму, пренесе Индекс. НОЕМВРИ 2022 г. Продолжува авансното снабдување со банкноти и монети евра. Завршни подготовки […]

21 ноември во историјата – Милиони го запреа здивот за да дознаат кој го застрела Џ.Р. во „Далас“


  На 21 ноември 1980 година, 350 милиони луѓе ширум светот се вклучија во популарната телевизиска ударна драма „Далас“ за да откријат кој пукал во Џ.Р. Јуинг, карактерот кој фановите сакаа да го мразат. Џ.Р. беше застрелан во финалната епизода на сезоната на 21 март и до денес тој момент важи за едно од најдраматичните […]

Во Иран уапсена актерката Газиани поради поттикнување и поддршка на немирите


  Иранската полиција денеска ја уапси актерката Хангамех Газиани бидејќи на една видео снимка ја извади марамата во знак на протест поради смртта на 22-годишната Махсе Амини. Газиани е уапсена поради поттикнување и поддршка на „немири“ и комуникација со опозициските медиуми, објави државната новинска агенција ИРНА. Иранското правосудство денеска соопшти дека ја повикало актерката, како […]

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во близина на грчкиот остров Крит


Во морскиот дел меѓу островите Касос и Крит, час и половина по полноќ беше регистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени, што бил почувствуван во повеќе делови на земјата, а нема информации за повредени или материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил […]

САД отстрануваат четири брани на една река, најголемата достигнува 52 метри височина


Најголемото отстранување на брани во историјата е одобрено во САД за обновување на река во невидени размери, се наведува на веб-страницата на проектот. Станува збор за четири брани на реката Кламат долга 414 километри, која ја делат сојузните држави Орегон и Калифорнија. Браните JC Boyle, Copco 1, Copco 2 и Iron Gate се планира да […]

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев


  Казахстанскиот претседател во заминување Касим-Жомарт Токаев убедливо победува на вчера одржаните избори, покажуваат предвремените изборни податоци. Излезните анкети на националниот радио и телевизиски сервис покажуваат дека Токаев освоил 82,45 отсто од гласовите. Според првичните информации на Изборната комисија, на изборите излегле 69,43 отсто од 12-те милиони лица со право на глас. Анкетите на главниот […]

Гроси: Нападите врз нуклеарната централа „Запорожје“ се апсолутно намерни и насочени


  Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси (Гроси) ги оцени вчерашните напади врз украинската нуклеарна централа во Запорожје како „апсолутно намерни и насочени“ и додаде дека ситуацијата е „сериозна“. -Повеќе од десет напади беа насочени директно кон разводната табла, рече Гроси во интервју за француската онлајн телевизија BFMTV. Гроси не […]

Цените на нафтата остро паднаа втора недела по ред


На глобалните пазари и минатата недела цените на нафтата драстично паднаа, вторпат по ред, бидејќи забавувањето на растот на најголемите светски економии доведува до слабеење на побарувачката за енергетски производи. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 8,7 отсто, на 87,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за речиси […]

Петмина „вечни“ градоначалници во Словенија го добија осмиот мандат


  На вчерашните локални избори во Словенија, граѓаните повторно гласаа за петтемина градоначалници, кои се на функција од 1994 година, всушност тие добија осми мандат. Меѓу нив е градоначалникот на Церкље на Горењска, кој освои повеќе од 70 отсто од гласовите, а градоначалниците на Рогашка Слатина, Рогатац и Горњи Петровац во првиот круг освоија 64 […]

Бајден по пукотницата во Колорадо: Не смееме да толерираме омраза


  „Омразата не може и не смее да биде толерирана“, истакна американскиот претседател, Џо Бајден, во изјавата дадена синоќа како реакција на пукотницата во ЛГБТ клуб во Колорадо во која загинаа најмалку пет лица. „Не можеме и не смееме да толерираме омраза“, рече Бајден. „Во моментов нема јасен мотив за овој напад, но знаеме дека […]

Албанија ќe згрижи 160 спортистки од Авганистан


  Албанскиот премиер  Еди Рама потврдно му одговорил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дека неговата земја ќе ги прифати 160-те  девојчиња-спортистки евакуирани од Авганистан.   Веста ја соопштил лично претседателот на ФИФА на прес-конференција од Доха, Катар, јави албанската државна агенција, АТА.   Тој рекол дека додека “западот ги затвори вратите, Еди Рама и Албанија […]

Сообраќајот непречено, по влажни коловози


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2022 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на […]

„Луѓето, а не градот“ – нова книга од Снежана Младеновска-Анѓелков


  Издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ ја објави книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска-Анѓелков, која во 2012 ја доби наградата „Роман на годината“ за нејзината дебитантска книга „Единаесет жени“. Според рецензијата, новата прозна книга на авторката е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ […]

„Децата го преземаат теренот“ – детски фудбалски натпревар во организација на УНИЦЕФ и ФФМ


Фудбалски натпревар на деца организираат денеска УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Натпреварот е насловен „Децата го преземаат теренот“ и ќе се одржи во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 12.30 до 14.00 часот, каде што ќе играат деца, професионални фудбалери од националната […]

Европски филмови на деветтиот „Фестивал на тркала“


Европски филмови денеска и утре ќе се прикажуваат бесплатно во рамки на деветтиот „Фестивал на тркала“ во Кинотеката и онлајн преку посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net . Филмовите ќе бидат достапни онлајн до 27 ноември 2022. Фестивалската програма оваа година вклучува четири филма – два од Швајцарија и по еден од Италија и  Белгија. Од 12 […]

Променливо облачно со повремен дожд


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во утринските часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне на повеќе места ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до […]