Јарец – голем годишен хороскоп за 2023 година


ХОРОСКОП ЗА ЖЕНА ЈАРЕЦ ЗА 2023 ГОДИНА Ѕвездите истакнуваат дека оваа година ќе биде добра за жените родени во знакот Јарец, а дури и кога ќе се појават тешкотии, најважно е да не се откажуваат и да продолжат да работат на себе. Важно е да го зауздате вашиот темперамент и да го држите под контрола. […]

Крис Хемсворт ќе паузира од актерството поради ризик од Алцхајмерова болест


САД– Крис Хемсворт го става своето здравје и семејството на прво место откако доби некои медицински вести кои му го менуваат животот. Во неодамнешното интервју за Vanity Fair, ѕвездата на Thor: Love and Thunder рече дека ќе се одмори од актерството откако дозна дека има дуплиран ген APOE4 кој што значително го зголемува ризикот од […]

Анкета: Една третина од граѓаните сакаат да се запре евроинтеграцијата


Се зголемува резервираноста на македонските граѓани кон евроинтеграциите како резултат на условите кои Бугарија ги поставува за членството на Македонија во ЕУ. Една третина од испитаниците во истражувањето на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн, не гледаат перспектива во интеграцијата со ЕУ. Речиси половина од испитаниците сметаат дека не треба да сео прифатат условите […]

Откриени значајни промени во мозокот кај оние кои долго страдаат од Ковид, вели ново истражување


САД– Мозокот на некои заболени од Ковид е променет од болеста, откри новото истражување со помош на специјализирани машини за МРИ. Во понеделникот, Радиолошкото друштво на Северна Америка (РСНА) ги објави своите наоди по употребата на специјалниот тип на машина за магнетна резонанца за мерење на долгорочните ефекти на коронавирусот. Скеновите открија значајни абнормалности на […]

Студија: Бактериските инфекции втора водечка причина за смрт во светот, по срцевите заболувања


Бактериските инфекции се втора водечка причина за смрт во светот по срцевите заболувања, покажа сеопфатна студија во која како најсмртоносни меѓу бактериите се посочени Staphylococcus aureus (златната стафилокока) и пневмококата. Со студијата чии резултати беа објавени во специјализираното медицинско списание „Lancet“, се опфатени триесетина бактерии – најчести причинители на инфекции, со обид на научниците да […]

Никол Кидман е шефица во канцеларија во новата кампања на Баленсијага


САД– Balenciaga штотуку ја претстави својата кампања за пролет 2023 година, истакнувајќи ја линијата Garde-Robe со оскаровката Никол Кидман како свое најново лице, по нејзиното појавување на ревијата на брендот за Модната недела во Париз. Обележувајќи нова ера во понудата за реди ту веар мода на Balenciaga, кампањата ги слави базните парчиња, нудејќи повнимателен поглед […]

Верешчук: Жителите на Херсон да се евакуираат во текот на зимата на побезбедни места


 Украинската влада ги повика граѓаните на Херсон да се евакуираат во побезбедни региони на земјата во текот на зимата. Министерката за реинтеграција на привремено окупираните територии во Владата на Украина, Ирина Верешчук, апелираше до жителите на Херсон, особено до ранливите категории – жени со деца, стари лица, болни и лица со тешкотии во движењето, да […]

Скопје и денес без дел од приватните автобуси


И денеска не сообраќаат дел од приватните автобуси. Автобусите на „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 повторно не возат поради немање пари за нафта затоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје, не им го исплатил долгот. Граѓаните синоќа  мрзнеа чекајќи автобуси на јавниот превоз во Скопје. Истовремено, градоначалничката Данела Арсовска, по […]

Маск: Твитер ја одложува новата верзија на сината ознака


  Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, во понеделникот изјави дека социјалната платформа го одложува повторното лансирање на услугата за претплата на сини ознаки, која се издава како потврда за автентичноста на профилот. „Го одложуваме рестартирањето на ‘Blue Verified’ додека не бидеме многу уверени дека нема да има имитирање“, напиша Маск на Твитер. „Веројатно ќе […]

Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО во Битола


Во Битола денеска, утре и задутре ќе се одржува 4. Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО. Темата на форумот е „Зајакнување на улогата на жената во аудиовизуелните медиуми“. За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Тераса, Лоѓ, Потсдам, Ваљадолид, […]

Собраниската расправа за Предлог-буџетот почнува утре, Бесими очекува голем интерес за дебата


Во Собранието утре почнува дебатата за Предлог-буџетот за 2023 година што Владата го усвои на 2 ноември. Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува голем интерес за дискусија. Во изјава за МИА,  посочува дека инклузивноста е секогаш добредојдена за да се соочат аргументите „за“ и „против“ и да се избере најдоброто. – Дијалогот, дискусијата и слушањето на […]

Министрите за одбрана на САД и Кина разговараа за кризна комуникација


  Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на маргините на состанокот на министрите за одбрана на АСЕАН во Камбоџа се сретна со кинескиот министер за одбрана Веи Фенгехе за унапредување на комуникацијата помеѓу двете држави во кризни ситуации, изјави портпаролот на Пентагон. На вториот состанок оваа година со Веи, Остин изрази загриженост за се поопасното однесување на кинеските воени […]

22 ноември во историјата – Убиен е американскиот претседател Џон Кенеди


  Џон Фицџералд Кенеди, 35-тиот претседател на САД, е убиен додека се возеше низ Далас, Тексас, во кабриолет со отворен покрив. Првата дама Жаклин Кенеди ретко го придружуваше својот сопруг на политички патувања, но таа беше покрај него, заедно со гувернерот на Тексас Џон Конали и неговата сопруга, на колона низ улиците на центарот на […]

Руските доброволци ангажирани во Украина добиваат статус на воени ветерани


Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов закон, со кој руските доброволци ангажирани во Украина добиваат статус на воени ветерани. Според новиот закон, статус воени ветерани и воени инвалиди ќе добијат и Русите мобилизирани „да им помагаат на мисиите на Вооружените сили на Русија за време на специјалната воена операција во Украина“, соопшти Кремљ. Новата […]

МААЕ: По гранатирањето не е нарушена безбедноста во нуклеарната централа Запорожје


  Претставници Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) синоќа соопштија минатонеделното гранатирање не ја наруши безбедноста во украинската нуклеарна централа Запорожје, управувана од Русија. Четворица експерти на МААЕ, стационирани во нуклеарната електрана Запорожје, тврдат дека кон крајот на минатата недела се случило најголемо гранатирање во изминатите неколку месеци, но дека клучните безбедносни системи не се […]

Бет ван Шак за убиството на заробените руски војници во Украина: Сите сносат последици за своите злосторства


  Американската претставничка за воени злосторства, Бет ван Шак, изјави дека САД се свесни за наводите дека украинските сили убиле заробени руски војници и порача дека сите страни би требало да сносат последици доколку извршиле злосторства за време на конфликтот. -Очигледно е дека тоа внимателно го следиме. Многу е важно да се нагласи дека законите […]

Концерт на Ивона Нацевска и Андреј Наунов вечерва во НОБ


  Оперската пејачка Ивона Нацевска и пијанистот Андреј Наунов вечерва во фоајето на Националната опера и балет ќе одржат концерт. Како гости ќе настапат Влатко Груевски – тенор, Мартина Аврамовска – мецосопран и Биљана Дабеска – сопран. Влезот на концертот е бесплатен.

Свечена академија по повод Денот на албанската азбука


  По повод 114-годишнината од Конгресот на Битола, првиот потпретседател на Владата, Артан Груби денеска организира свечена Академија. Како што информираат од кабинетот на Груби, на централната манифестација за Денот на азбуката на албанскиот јазик е предвидено да учествуваат премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери и лидерот на политичката партија ДУИ, Али Ахмети.

Земјотрес со магнитуда од 7 степени по Рихтер на Соломонските острови


Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Соломонските Острови, јави Американскиот геолошки институт (USGS), а очевидци зборуваат на потрес што предизвикаа паѓање на телевизори и другите објекти. Издадено е предупредување за цунами за област на околу 300 километри од епицентарот на земјотресот, на 55 километри од Хонијара, главниот град […]

Трагедија во Кина – најмалку 38 луѓе загинаа во пожар во фабрика


  Најмалку 38 луѓе загинаа, а двајца се водат како исчезнати во вчерашниот пожар што изби во фабрика во кинеската централна покраина Хенан. Како што јави денеска кинеската новинска агенција Синхуа, пожарот избувна вчера попладне во фабрика во градот Ањанг. Во Кина чести се индустриските несреќи поради непочитување на безбедносните прописи. Во март 2019 година […]