Стотици милиони фунти стекнати од криминал се пренесуваат од Велика Британија во Албанија


Според официјални извори, голем број различни бизниси често се користат за перење пари, но повеќето криминални средства едноставно се враќаат во Албанија на рака или со возило, објавиле британски медиуми, јави Ора њуз.   – Во неодамнешната заплена,  300.000 фунти беа пронајдени во багаж на аеродромот во Обединетото Кралство кој летал за албанскиот главен град […]

Митовски: Со објава на докази од судска постапка, Димовски направи злоупотреба на податоци


Документот што денеска го објавија синдикатите, според в.д. директорот на „Водовод и канлизација“ е злоупотреба на лични податоци. – Лекарскиот запис што денеска Дарко Димовски сметаше дека е неопходно да го објави е доказ во судска постапка во која јас тужев за мобинг врз мене. Сакам да го информирам дека со објава на докази дадени […]

Османи бара македонските политичари да го бранат албанскиот јазик како што го брани тој македонскиот


Јас не сметам дека ова треба да биде албанска етничка агенда, треба сите политички партии да седнеме и да ги разгледаме овие прашања. Не сум наишол на отпор од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за промената на „20 проценти“, тогаш зошто ова да се претвори во трка или анимозитет помеѓу политичките партии на македонскиот блок, нагласи […]

Колерата се шири низ Либан


Светската здравствена организација денеска соопшти дека колерата се шири низ Либан, со досега забележани повеќе од 1.400 симптоматски случаи во сите делови на земјата. Либанското Министерство за здравство првиот случај на болеста го пријави пред триесеттина дена, кон средината на октомври, а досега се потврдени 381 случаи, од кои 17 со фатален исход. Директорот на […]

Османи возврати: Синдикатот на дипломатите ставен во служба на партија


Еден човек од Македонскиот дипломатски синдикат (МДС), кој фрлаше камења на Министерството за надворешни работи, кршеше стакла и држеше говори против МНР, знаејќи дека тоа е против етичкиот кодекс на дипломатијата, сега е ставен во служба и во функција на партиските агенди, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на новинарско прашање околу […]

Шефот на дипломатијата на Казахстан во посета на Скопје


  Министерот за надворешни работи на Казахстан, Мухтар Тлеуберди, денеска лично му кажа на неговиот домаќин Бујар Османи, дека неговата држава планира да отвори амбасада во Скопје наредната година, што ќе биде ново поглавје во односите меѓу двете земји. Османи и Тлеуберди разговарале за унапредување на билатералните односи и на продлабочувањето на економските и трговските […]

Манасиевски пред заминувањето во Турција: Имаме најтешки услови за почнување бизнис во регионот


  И политичар и дипломат – вака може да се опише новоименуваниот амбасадор на Македонија во Турција, Јован Манасиевски, кој денес ги презентираше своите приоритети во Комисијата за надворешна политика. Иако на јавноста ѝ е познат како поранешен министер за одбрана и министер за труд и социјала, како и долгогодишен лидер на ЛДП, во својата […]

Град Скопје бара заостанатиот данок за 2019 и 2020 година да се плати до десетти месецов


Град Скопје ги известува сите граѓани дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства неплатени обврски кои не се подмирени по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година. Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за […]

Новинарот и хроничар Петар Ставрев ја доби наградата на Битола „4 Ноември“ за животно дело


  Новинарот и хроничар Петар Ставрев е добитник на нагрдата „4 Ноември“ за животно дело, што ја доделува градот Битола по повод роденденот на градот.   Ова е првпат градот да му даде награда за животно дело на новинар. Ставрев има полни 81 година, кариерата ја започна како новинар во Радио Битола, продолжи со работа како […]

Владе Дивац доби црногорски пасош


Познатиот југословенски и српски кошаркар и НБА ѕвезда Владе Дивац доби црногорски пасош, кој денеска му го врачи премиерот на Црна Гора во неговиот технички мандат, Дритан Абазовиќ.   „Ни претставува голема чест и задоволство што имаме можност да врачиме црногорски пасош на една легенда на светската кошарка, како што е Владе Дивац“, изјави Абазовиќ. […]

„Макпетрол“ значајно ја намали цената на природниот гас и на метанот (ЦНГ)


Компанијата „Макпетрол“ соопшти дека значајно ја намали цената на природниот гас и на метанот (ЦНГ).  „Согласно договорот помеѓу ‘Макпетрол’ АД Скопје и ‘Гаспром експорт’, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, ‘Макпетрол’ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец ноември ќе се […]

Падна хеликоптер во Норвешка, загинаа двајца


  При пад на хеликоптер во централна Норвешка, загинаа двајца, а едно лице е тешко повредено, пренесе АП. Норвешките медиуми јавуваат дека хеликоптерот паднал во близина на градот Вердал и дека за несреќата виновна најверојатно е маглата. Пилотот неколкупати се обидел да слета, но без успех. Истрагата за причините на падот на хеликоптерот е во […]

Собранието донесе Одлука за прераспределба на неискористени буџетски средства


Собранието денеска на седница донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2022 година. Неискористените средства од државни институции, со Одлуката се пренаменуваат за други цели и за обезбедување дополнителни пари онаму каде што е најпотребно. Средства ќе се пренаменат за ЕСМ – за домашно производство на […]

Рама: Домаќинствата плаќаат 20 отсто од цената на енергијата, 80 отсто плаќа државата, имаме најниска инфлација


– Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека во сметката за потрошена енергија домаќинствата плаќаат 20 отсто од реалната цена, а 80 отсто се плаќаат од државниот буџет. Ова, оценува тој, придонесе инфлацијата да се држи под контрола, за разлика од другите земји околу Албанија. Според него, Албанија има најниско ниво на инфлација од сите земји […]

Алиу: Поддршката за студирање на престижни странски универзитети е вложување во човечкиот капитал


Средношколци, студенти, професори, родители, и сите оние кои сакаа да добијат информации за можностите за продолжување на додипломски и постдипломски студии во Франција, беа денес во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје, на 15-тиот саем „Студии во Франција“. Саемот го организираат Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на француската државна […]

Кој е новиот амбасадор на Македонија во Брисел?


  Од прв секретар стана амбасадор на најважната амбасадорска позиција на Македонија во моментов во светот. Кој е Зулфи Исмаили и со што ја доби довербата на шефот на дипломатијата, а по сѐ изгледа и на ДУИ, да биде во Брисел кога почнуваат најважните преговори на Македонија – за влез во ЕУ. Има ли капацитет […]

Медицинската опрема од БРАКО барана во Европа и САД


Медицинскиот мебел и медицинската опрема произведени во БРАКО и натаму се барани во повеќе земји во светот, како Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД. И покрај кризата, линијата за опремување на здравствени установи продолжува со производство и партнерство со 10 големи светски компании и во речиси 95% оди за извоз. Медицинската […]

Со софтверот JRODOS Македонија ќе има можност сама да одредува заштита од радиолошки и нуклеарни несреќи


Северна Македонија нема потреба да стравува од евентуални ефекти во случај на воени операции во електраната Запорожје во Украина,  можно е евентуално да има потреба само од контрола на храната или другите продукти кои доаѓаат од Украина, кои би можеле да бидат контаминирани. Овој проект ќе помогне земјавата да биде во можност да го стори […]

Азески со македонски бизнисмени на средби со американски, норвешки, германски и јапонски компании во Белград и Берлин


Стопанската комора на Северна Македонија продолжува со редовните, но најавува и повеќе меѓународни активности. Во Белград, Берлин и Скопје, како што информира, ќе се одржат состаноци, дебати и средби за инвестиции, како и за проширување на соработката во енергетиката, дигитализацијата, напредните технологии и иновациите. -И во услови кога енергетската криза е во полн ек со […]

Шефот на протокол на МНР ниту награден, ниту унапреден, ниту разрешен


  Шефот на протокол на МНР, Ненад Колев, не е ни унапреден, ни награден, ниту пак разрешен. Вака отприлика е наједноставното објаснување за состојбата откако МНР објави дека поради грешката со словачкото знаме самиот си поднел оставка на позицијата. Настрана од тоа што Колев не е именуван функционер за да поднесува оставка (може само да […]