Голема полициска акција вечерва на автопатот Велес-Скопје, запленета дрога вредна над 250.000 евра


  Во тек е голема полициска акција на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје, при што е пресечен меѓународен канал за шверц и запленета е дрога вредна над 250.000 евра. Дрогата била пренесувана во возило фолксваген туран, управувано од скопјанец. Од МВР потврдуваат дека во тек полициска акција, а детали најавуваат за утрешниот ден, по […]

Поради опожарен мебел пред контејнери ќе се запалеше зграда во Тетово


  Тетовските пожарникари попладнево пред 18 часот интервенираа на пожар што избувнал на оставен мебел пред контејнер, при што огнот го зафатил и ѕидот од зградата на улицата „Страшо Пинџур“ кај трговскиот комплекс „Ловец“. Од Тетовската територијалан противпожарна единица информираа дека тројца пожарникари со едно возило успеле да го ликвидираат пожарот. -Имаше оставен кревет и […]

МВР со хеликоптер гаси пожар помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница (видео)


По пријава на Центарот за управување со кризи Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска интервенираше на подрачјето помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница со еден хеликоптер од типот Bell 212 при што се исфрлени над 7 тони вода. Според најавите од МВР, гаснењето на пожарот ќе продолжи утре наутро со крајна цел ставање на […]

Германскиот пензиски систем пред колапс, нема да издржи пет години


  На Германија ѝ треба голема социјална реформа, како онаа што се случи по обединувањето, изјави претседателот на Конфедерацијата на германските здруженија на работодавачи (BDA), Рајнер Дулгер за неделното издание на „Билд“. „Начинот на кој функционираат нашите системи за социјално осигурување денес нема да можe да функционираат во следните пет години. Трошоците ќе експлодираат“, рече […]

Ердоган и Путин разговарале за проблемите поврзани со транспортот на жито преку Црно Море


 Одгледувањето опиум во Авганистан се зголеми за 32 отсто во 2022 година откако талибанците ја презедоа власта, јави ДПА, повикувајќи се на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал. Ова се случува и покрај забраната за наркотици наметната од талибанците. Во годишниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал се вели […]

Како настанала Ноќта на вештерките и зошто се слави?


Ноќта на вештерките како што ја нарекуваат Американците или „Халовин“, е ноќ на сите Светци и се одбележува во вечерните часови на 31 октомври. Оваа ноќ се одбележува на специфичен и интересен начин, со случувања и забави каде учествува речиси цела општествена заедница.   Се одбележува првенство во земјите како Ирска, САД, Канада, Порторико, Австралија […]

Првиот Халовин на Бајден во Белата куќа


САД-  Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ја славеа во Белата куќа Ноќта на вештерките , што е првпат да бидат домаќини на ваква прослава откако ја презедоа функцијата. Како што е традиција, Првата дама и Претседателот на САД пречекаа мали гости пред Белата куќа, која беше декорирана со тикви за популарниот празник. […]

ОН: Одгледувањето опиум во Авганистан годинава е зголемено за 32 отсто


 Одгледувањето опиум во Авганистан се зголеми за 32 отсто во 2022 година откако талибанците ја презедоа власта, јави ДПА, повикувајќи се на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал. Ова се случува и покрај забраната за наркотици наметната од талибанците. Во годишниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал се вели […]

Борусија Дортмунд бара 150 милиони евра за Белингам


Бундеслигаш Борусија Дортмунд ќе бара обесштетување во износ од 150 милиоини евра за младиот англиски играч за врска Џад Белингам, јавија денеска шпанските и германските медиуми. Младиот 19-годишен Белингам се најде на радарот на бројни европски гиганти, а најгласно се спомнуваат Реал Мадрид, Манчестер сити, Ливерпул и Челзи. Според медиумите, приказната за Белингам ќе наликува на сценариото околу Ерлинг […]

Граѓаните и институциите ќе може онлајн да ги проверуваат лиценците и сертификатите на транспортерите


  Владата на днеешната седница ја разгледа информацијата од Министерството за транспорт и врски за објава на сервис на платформата за интероперабилност и јавен портал за користење на податоци од базата на транспортери во Министерството, при вршење контрола од страна на контролните органи и граѓаните, соопшти владината прес-служба. Министерството за транспорт и врски информираше дека […]

Ќе испраќаме војници во Ирак, Косово, Летонија, БиХ и Либан, одлучи Владата


На денешната владина седница на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Припадници на Армијата ќе бидат испратени во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI“ во Ирак, во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во НАТО […]

Мајмунските сипаници се уште категоризирани како „глобална здравствена криза“


Швајцарија– Епидемијата на мајмунски сипаници продолжува да претставува „глобална здравствена криза“ што е највисоко ниво на предупредување од Светската здравствена организација (СЗО), соопшти денеска Кризниот комитет на агенцијата на ОН. Категоризацијата на СЗО за „Криза за јавно здравје од меѓународен интерес (PHEIC)“ е дизајнирана да предизвика координиран меѓународен одговор и да ослободи ресурси за соработка […]

ЕБОР ја почна програмата за Млади во бизнис во Западен Балкан


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја почна програма Млади во бизнис на Западен Балкан со доделување заеми на Банка Интеса Белград и на микро-финансиската институција Ми-Боспо на свечен настан во Белград. Банката обезбедува заем од 15 милиони евра на Банка Интеса Белград и заем од 500.000 евра на Ми-Боспо наменети за млади претприемачи. […]

Остри реакции во Италија по повод фотографиите на номинираниот државен секретар со кукаст крст на ракавот


Предлогот на премиерката на Италија, Џорџа Мелони, да го назначи Галеацо Бигнами за државен секретар наиде на остри реакции кај италијанската јавност, откако во медиумите беа објавени постари фотографии на десничарскиот политичар како носи лента со кукаст крст на раката. Бигнами, инаку сопартиец на Мелони од популистичката партија „Браќата на Италија“, е фотографиран облечен во […]

Владата ги задолжи сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошта


 Владата на денешната седница одлучи да ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Одлуката е согласно донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31.12.2023 година, а со цел подобрување на финансиското […]

Еврокомесарката за енергетика во посета на Киев заради зголемување на помошта за Украина


Комесарката за енергетика на Европската Унија Кадри Симсон денеска пристигна во посета на Киев за да обезбеди поддршка за енергетскиот сектор на Украина, која е погодена од војна. „Денеска сум во Киев за да помогнам да се зголеми поддршката за енергетскиот сектор на Украина. Украинската енергетска инфраструктура е под целен напад од Русија, сурова и […]

За една седмица во Грција се регистрирани 53.436 случаи на Ковид-19, а починаа 164 лица


Грција– За 12 проценти се зголемил бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Грција во периодот од 24 до 30 октомври 2022 година , а регистрирани се за еден отсто повеќе заразени во споредба со една седмица претходно, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. За […]

Приведен патникот кој се соблекол гол до појас и викал „УЧК“ на летот од Брисел за Скопје


  Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје. Полицијата го приведе веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот. „Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно […]

Битката за Херсон се засилува


  Битката за јужниот град Херсон се интензивира, додека украинските сили се обидуваат да ја пробијат руската одбрана, а окупаторските сили го зголемуваат притисокот врз жителите да ги напуштат своите домови. Двете страни пријавија тешки борби во областа Берислав во градот окупиран од Русија, каде што силите на Киев се обидуваат да се пробијат. Кирил […]

Османи против ловењето поени со отворање малцински клубови


Очекував дека ваквиот циклус на отворање на клубови заради реакција кон другиот, а не за промовирање на сопствените вредности, нема да ги оствари целите што сакаме да ги постигнеме, а тоа е да ги промовираме на добрососедските односи, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на прашање околу одлуката на бугарски суд […]