Канада ќе прима до околу половина милион доселеници годишно до 2025 година


Канада– Канада го зголеми бројот на доселеници кои планира да ги прими, до околу половина милион годишно до 2025 година, со цел да го надомести големиот недостиг на домашна работна сила, информираше министерот за имиграција Шон Фрејзер. – Канада има потреба од повеќе луѓе, подвлече тој на прес-конференција. Повеќе од 900.000 работни места се испразнети во […]

Изложба на костимографот Благој Мицевски и настап на Скопје танцов театар


Кореографијата „Котел“ на Скопје танцовиот театар и студентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип вечер од 20 часот ќе биде изведена во  Домот на културата во Битола. Претходно, во 19 часот, ќе биде отворена изложба на костимографот Благој Мицевски, насловена „Опера/Драма/Балет“ која ќе ја прикаже неговата соработка со тројца автори: режисерот Диего де […]

Министерот Бектеши и директорот на АД ЕСМ Ковачевски во посета на РЕК Осломеј


Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска ќе престојувааат во работна посета на РЕК Осломеј во Кичево каде што ќе извршат обиколка на термоелектраната и ќе го посетат новото рудно наоѓалиште во рамките на РЕК Осломеј.   На старите рудни наоѓалишта на РЕК Осломеј веќе е изградена фотонапонска […]

Македонско-германски форум: „Европската економија под стрес по руската инвазија во Украина“


Македонско-германски форум на тема „Европската економија под стрес по руската инвазија во Украина“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија. На форумот ќе се обратат претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер во земјава Даниел Браун, германската амбасадорка Анке Холштајн, Дитер Алтхаус потпретседател на „Магна Европа“, Патрик Мартенс директор […]

Државната министерка за Европа на германската покраина Хесен во посета на земјава


Државна министерка за Европа на покраината Хесен, Сојузна Република Германија, Луција Путрих денеска ќе престојува во посета на земјава. Како што соопшти собраниската прес-служба, таа ќе се сретне со членовите на Комисијата за европски прашања. Путрих ќе оствари средба и со членовите на пратеничката група за соработка со германскиот Бундестаг.

ЕСМ доби 61 милион евра за енергетската криза, МЕПСО ја дигитализира мрежата


Со прераспределба на буџетски средства АД ЕСМ вчера доби 61 милион евра за домашното производство на енергија и за надминување на последиците од енергетската криза, а АД МЕПСО почна процес на дигитализација на преносната мрежа, со почетна инвестиција од околу пет милиони евра. Од Владата истакнуваат дека во услови на актуелната енергетска криза е особено […]

Ковачевски ќе ги покани на лидерска средба парламентарните партии, во фокусот европскиот пат на земјава


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, на која ќе се разговара за европската иднина на земјава и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус. Средбата е предвидено да се одржи в понеделник, на 7 ноември, во […]

Светски познатата виолинистка Ирина Мурезану во Скопје со концертниот спектакл „Фузија“


По спектакуларниот настап пред српската публика во легендарната сала „Коларац“ минатата сабота, концертниот спектакл „Фузија“ вечерва во 20 часот ќе биде изведен во Скопје. На големата сцена на Македонската филхармонија ќе настапат два врвни камерни оркестри – „Профундис“ од Северна Македонија и „13 Гудачи“ од Србија, заедно со светски познатата виолинистка Ирина Мурезану, која за […]

Blue Economy Summit денеска и утре во Охрид


Во Охрид денеска и утре ќе биде одржан Blue Economy Summit на кој ќе се дебатира за најдобрите практики за трансформирање на водите и нивната околина со одржливи решенија. Ohrid Blue Economy Summit е фокусиран на сината економија и е прв од ваков вид во регионот кој ќе се осврне на важноста на слатководните корита, фокусирајќи се на специфичните предизвици за одржливост во […]

Изложба на ДЛУМ „Мал формат“ во КИЦ


Изложба „Мал формат“ во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), а под покровителство на Министерство за култура, вечер ќе биде отворена во Културно информативниот центар КИЦ – Скопје, салон Империјал 1. На изложбата учествуваат 40 уметници со 55 дела во техниките сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти, нови медиуми. Изложбата ќе биде […]

Утрото свежо, а потоа сончево и топло до 28 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени. Во Скопје сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 2 ноември 2022 година, 305-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 60 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 7 минути, а ќе зајде во 16 часот и 27 минути. Денов трае 10 часа и 19 минути. Месечината ќе изгрее во 13 часот и 56 минути,

Украина призна дека нема ефикасна одбрана од иранските ракети што ќе ги добие Русија


  Воздухопловните сили на Украина во вторникот соопштија дека моментално немаат ефикасна одбрана од типовите балистички ракети што Иран се подготвува да ѝ ги испорача на Русија за да ги користи во војната против Украина. Јуриј Ихнат, портпарол на командата на украинските воздухопловни сили, рече дека дострелот на иранските балистички ракети што се доставуваат, при […]

Данска ќе добие центристичка влада според излезните анкети од изборите


  Данските социјалдемократи се на пат да останат најголемата партија во земјата по победата на изборите во вторникот, но политичкиот опстанок на актуелната премиерка Мете Фредериксен зависи од новата центристичка партија. Првичната излезна анкета на јавниот радиодифузен сервис ДР сугерира дека социјалдемократите обезбедиле 23,1 отсто од гласовите, што ќе им донесе 42 од 179 места […]

Пуштете нѐ во НАТО, им порача финската премиерка на Турција и Унгарија


  Финската премиерка Сана Марин денеска ги повика Унгарија и Турција да ги одобрат кандидатурите на нејзината земја и соседна Шведска за влез во НАТО. Двете нордиски земји побараа да се приклучат на воениот сојуз во мај, поттикнати од руската инвазија на Украина. Унгарија и Турција се последните две членки на НАТО кои треба да […]

Во еден ден освоила две награди на лотарија


Жената по првата, освоила и втора, уште поголема награда, само затоа што решила да ја прослави првата добивка. Банкарската сметка на една Американка станала драстично побогата откако во еден ден освоила две награди на лотарија. Една 70-годишна жена од Далавер, која сакала да остане анонимна, дознала дека освоила 100.000 долари откако купила две грепки на […]

Тесна победа на блокот на Нетанјаху, покажуваат излезните анкети во Израел


  Излезните анкети на три телевизии покажуваат дека десничарскиот блок на поранешниот премиер нетанјаху е пред победа на денешните избори во израел. Сопоред јавниот дифузер Кан блокот на Нетнјаху, во кој има ултраортодоксни партии треба да освои 61 места во 120-члениот парламент, досегашните владејачки партии 54 и уште четири една од арапските листи. Истото предвидување […]

Во време на астрономски цени на храната, Американците се свртуваат кон Мекдоналдс


Со незапирливата инфлација и постојаното зголемување на цените, посебно на храната, Американците сѐ повеќе се свртуваат кон Мекдоналдс, соопшти Си-ен-ен.  Се соопштува дека светски познатиот ланец на сендвичи, што во САД пред пандемијата беше главно користен од луѓето со ниски примања, сега станува задолжителна локација и за средната класа.  -Посетите на луѓето со ниски примања […]

Мотивирачки стипендии и за студенти од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки


На предлог на Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната 97-ма седница донесе одлука за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2022 година. Со предложените измени, како што информираат од владината прес-служба, се воведуваат нови мотивирачки […]

Ако имате греалки или генератори контактирајте ја украинската амбасада


Украинско официјално лице со барање, луѓето низ целиот свет да донираат греалки или генератори на Украина. Барањето, како што пишуваат локалните агенции, доаѓа во момент кога Украина страда од прекини на електрична енергија и недостиг на вода поради руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура. Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на […]