Blue Economy Summit денеска и утре во Охрид


Фото: Б. Грданоски

Во Охрид денеска и утре ќе биде одржан Blue Economy Summit на кој ќе се дебатира за најдобрите практики за трансформирање на водите и нивната околина со одржливи решенија.

Ohrid Blue Economy Summit е фокусиран на сината економија и е прв од ваков вид во регионот кој ќе се осврне на важноста на слатководните корита, фокусирајќи се на специфичните предизвици за одржливост во туризмот, земјоделството, производството и општинските сектори.

Учесници на самитот, како што посочуваат организаторите од Prime Blue Institute, ќе бидат креатори на политики, индустриски експерти, меѓународни развојни институции и банки, кластер организации специфични за секторот и компании кои промовираат иновации во сини и зелени технологии.

Самитот има за цел да ја подигне свеста за сината економија во контекст на слатководните басени во земјава и поширокиот регион на Балканот.