Тесна победа на блокот на Нетанјаху, покажуваат излезните анкети во Израел
Излезните анкети на три телевизии покажуваат дека десничарскиот блок на поранешниот премиер нетанјаху е пред победа на денешните избори во израел. Сопоред јавниот дифузер Кан блокот на Нетнјаху, во кој има ултраортодоксни партии треба да освои 61 места во 120-члениот парламент, досегашните владејачки партии 54 и уште четири една од арапските листи. Истото предвидување го има и Канал 13, додека Канал 12 предвидува 61 пратеничко место за десничарскиот блок. Ликуд на нетанјаху треба да добие 30 пратеници додека крајнодесничарската Религиозен ционизам дури 15. Во штабот на Ликуд владее егзалтирана атмосфера со извиците „Биби (прекарот на Нетанјаху) се врати“.
Според досегашните искуства овие излезни анкети може и да не бидат точни кога ќе се пребројат гласовите, и преференциите да отидат во едната или другата насока.
Инаку денешното гласање имаше најголема излезност во последните две децении, од близу 70 отсто.