Германскиот пензиски систем пред колапс, нема да издржи пет години


 

На Германија ѝ треба голема социјална реформа, како онаа што се случи по обединувањето, изјави претседателот на Конфедерацијата на германските здруженија на работодавачи (BDA), Рајнер Дулгер за неделното издание на „Билд“.

„Начинот на кој функционираат нашите системи за социјално осигурување денес нема да можe да функционираат во следните пет години. Трошоците ќе експлодираат“, рече Дулгер.

„Подолгиот живот не треба да води до подолго пензионирање“

Реорганизацијата на пензискиот систем е особено итна бидејќи неговото финансирање е пред колапс, тврди првиот човек на здружението на работодавачи. Конкретно, Дулгер предлага ново зголемување на старосната граница за пензионирање.

„Не смее да се случи зголемувањето на животниот век да доведе до подолго користење на пензијата“, вели тој.

Далгер гледа опасност и во воведувањето на универзален приход. „Тоа би можело да воведе поделби во нашето општество“, рече тој. „Не може луѓето што одат на работа наутро да имаат само малку повеќе пари од некој што не оди“, вели Даглер.

Повисока социјална помош

Според сегашните планови на владејачката коалиција, на 1 јануари 2023 година основниот приход ќе го замени сегашниот систем Hartz IV, како што се нарекува социјална помош уште од времето на владата на Герхард Шредер.

Hartz IV од Нова година ќе се преименува во „пари за граѓаните“. Оваа помош ќе биде за околу 50 евра повисока од претходните месечни исплати. Тоа значи дека, на пример, самец кој до сега добивал 449 евра ќе има право на околу 500 евра помош. При пресметката треба да се земе предвид очекуваната инфлација.

Сепак, планираниот почеток може да биде одложен бидејќи и CDU го критикуваше предлогот. Како што пренесува Tagesspiegel, CDU сака да го блокира законот за кој е потребно одобрение, доколку владејачката коалиција не направи далекусежни отстапки.

„CDU нема да може да се согласи со тоа“, изјави за весникот генералниот секретар на CDU, Марио Чаја. „Претпоставувам дека ќе треба уште малку да разговараме за тоа“.