Првиот Халовин на Бајден во Белата куќа
САД- Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ја славеа во Белата куќа Ноќта на вештерките , што е првпат да бидат домаќини на ваква прослава откако ја презедоа функцијата.

Како што е традиција, Првата дама и Претседателот на САД пречекаа мали гости пред Белата куќа, која беше декорирана со тикви за популарниот празник. Двојката Бајден, на која им се придружија членовите на нивното семејство, како ќерката Наоми, им делеа слатки изненадувања на маскирани дечиња по повод Халовин.За разлика од претходната прва дама Меланија Трамп која носеше висока мода за прославата, Џил Бајден се маскираше и беше непрепознатлива.

Ноќта на вештерките се слави во Белата куќа од средината на 20 век, според Историското здружение на Белата куќа. (Ројтерс)
