Мајмунските сипаници се уште категоризирани како „глобална здравствена криза“
Швајцарија– Епидемијата на мајмунски сипаници продолжува да претставува „глобална здравствена криза“ што е највисоко ниво на предупредување од Светската здравствена организација (СЗО), соопшти денеска Кризниот комитет на агенцијата на ОН.
СЗО во јули објави дека брзото ширење на мајмунските сипаници е глобална здравствена криза.
Мајмунските сипаници обично започнуваат со симптоми слични на грип како треска, силна главоболка и отечени лимфни јазли. По еден до три дена се јавува осип на лицето и телото, што прво се манифестира во вид на рамни лезии, а завршува во вид на гнојни јазли. Симптомите може да траат две до четири недели.
Мајмунските сипаници може да бидат смртоносни, но според СЗО, стапката на смртност варира во голема мера од сој до вид, од речиси нула до дури 11 проценти.