Падна хеликоптер во Норвешка, загинаа двајца


 

При пад на хеликоптер во централна Норвешка, загинаа двајца, а едно лице е тешко повредено, пренесе АП.

Норвешките медиуми јавуваат дека хеликоптерот паднал во близина на градот Вердал и дека за несреќата виновна најверојатно е маглата. Пилотот неколкупати се обидел да слета, но без успех.

Истрагата за причините на падот на хеликоптерот е во тек.